Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

afrim-gasi

Гаши да не се вознемирува, останува претседател на Собрание и нема вина за насоките кон обезбедувачот да ја спасува Османи

Африм Гаши да си остане претседател на Собранието, смета пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, не е лоцирана одговорност кај него иако тој дал насоки на обезбедувањето при инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи. Истовремено, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека кривично-правна последица од давањето на насоките не е лоцирана кај Гаши, па МВР нема да поднесе ниту поднесок до Обвинителството. Со ова, Гаши е слободен човек, иако дал насоки на обезбедувачот да ја „спасува“ Османи.„Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи“, кажа Тошковски за 5ТВ.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи, како што наведува партијата во соопштение, одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава.„Институциите како никогаш до сега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријави, а во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не нè изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.Левица, веќе поднесе интерпелација за Гаши и од таму рекоа дека причината е „воведување непринципиелни политики во Собранието“.„Причината е и поради повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 1 година

vjosa-gasi

Кабинет на Османи: „За жалење“ е начинот на кој е разрешен инцидентот на скопскиот аеродром

Кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи се огласи по вчерашната прес-конференцијата во Скопје, на премиерите на Република Северна Македонија и Република Косово Мицковски и Курти.Од кабинетот повторно реагираа за инцидентот на скопскиот аеродром. Оттаму велат дека претседателката на Република Косово никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет.Според соопштението, претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата, значи и државата како потенцијален ризик од тероризам, стои во соопштението.Прес-конференција на двајцата премиери, Мицковски и Курти, според Кабинетот на Османи била за жалење.„Начинот на кој беше претставен инцидентот во Скопје на вчерашната прес-конференција е за жалење бидејќи уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово. Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот, па затоа Претседателството очекува да биде известено за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што беше истакнато во протестната нота упатена од Република Косово“, се вели во соопштението на кабинетот на Вјоса Османи.Од кабинетот на косовската претседателка велат дека го поздравуваат изразувањето жалење од страна на премиерот Христијан Мицкоски.„Иако го цениме изразувањето жалење од страна на премиерот на Северна Македонија, за жал, досега институциите на Северна Македонија во ниту еден момент не се осврнаа на прашањата покренати во протестната нота поврзани со кршењето на меѓународното право во однос на Републиката Косово. Напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Северна Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право“, стои во соопштението на кабинетот на Османи и посочуваат дека претседателката Османи во текот на својата политичка кариера, а особено во текот на мандатот како претседател на државата, придонела за развој и продлабочување на позитивните односи со Северна Македонија, но таа не може никако да го прифати потценувањето на Република Косово.Од кабинетот на Османи додаваат дека оваа ситуација лесно може да се надмине доколку се има политичка волја од официјално Скопје.

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Дали некој проверува што ќе каже Кузевска, или чита што ќе и дојде под рака?

ВМРО – ДПМНЕ преку соопштение предупреди, Кузеска и СДСM да внимаваат што зборуваат, да не треба пак да се извинуваат.Ова доаѓа по прес-конференцијата на СДСМ и барањата Мицкоски да ги објави наводите за дестабилизација на државата.,,Кузеска и СДС да внимаваат што зборуваат на прес конференции, да не треба после пак да се извинуваат, кој ќе им го гледа срамот. Дали некој во СДС проверува што ќе каже Кузеска или чита што и дојде под рака? За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ја разбираме нервозата во СДС затоа што слични инциденти имало и во минатото кога тие биле власт, но тогаш се заташкувале и се молчело, за разлика од сега, кога им акција и одговорност за секого. Има разлика. Државата е управувана од луѓе кои работат за подобра иднина на народот, за разлика од СДС и ДУИ кои работеа за себе”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Pres-Bogdanka-Kuzeska

СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши

СДСМ бара итна смена на собранискиот спикер Африм Гаши.СДСМ ќе даде поддршка на премиерот Мицкоски за итна смена на претседателот на Собранието, Африм Гаши, по инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи, во кој учествуваше неговиот шеф на обезбедување кој доби кривична пријава и отстранување од работното место.,,Тошковски удира по самарот и го штити својот коалициски партнер Африм Гаши на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони”, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Портпаролката на СДСМ, Кузеска посочи дека како партија го повикуваат обвинителството да покрене постапка и го повика премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.„Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започнат постапки. На Мицкоски му порачуваме наместо да се нуди да биде ексорт на ВИП личности на скопскиот аеродром, да обезбеди почитување на правото кое не го вади од уста. Нека го доведе Гаши до одговоност за случајот“, изјави Кузеска.Според извештајот на МВР стои дека „Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание“ и дека „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“, рече Кузеска.

Македонија | пред 1 година

347424231_10231008205608041_3654637411719901467_n

Митровски:Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши?

Се заоструваат реакциите околу инцидентот со претседателкатата на Косово Вјоса Османи на скопскиот аеродром.Со свој став се огласи и адвокатот Јанаки Митровски. Еве што напиша на ФБ:„Африм Гаши чија Алтернатива пред да стане дел од ВРЕДИ беше на ниво на статистичка грешка, го крши Законот и праќа вооружени битанги да претат на овластени службени лица. Одлично е што Панче го суспендирал и гони каубоецот на Гаши, но кој ќе го суспендира Гаши?Алтернатива не тежи повеќе од 10.000 гласови, сега е време Мицковски и Меџити да му ја покажат излезната врата на Гаши и да бе убедат дека над Законот навистина никој не е”, напиша Митровски.

Македонија | пред 1 година

272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Големата кашлица се враќа, регистрирани 25 нови случаи

Повторно демне опасноста од голема кашлица. Институтот за јавно здравје соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август 2024 година биле пријавени 25 нови случаи на голема кашлица.Најголем број се пријавени во Скопје-13, 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.Тројца од заболените се хоспитализирани.Возраста на заболените се движи од 2 месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 0 до 4 години.Од ИЈЗ додаваат дека 17 од заболените се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.

Македонија | пред 1 година

Capture-18

Левица бара Гаши да виде сменет, поднесоа интерпелација за работата на собранискиот спикер

Пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши.– Пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на спикерот Африм Гаши. Споре Левица, тој воведува непринципиелни политики во Собранието.Во интерпелацијата се наведени седум точки, образложени на десет страници.Претседателот на Левица Димитар Апасиев на прес-конференција рече дека очекува претседателот на Собранието, Гаши, да ја стави на дневен ред на седница по летниот одмор, односно на почетокот на септември, на првата наредна седница по истекот на 10 работни дена.Првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.Во однос на групната молитва Апасиев рече дека е „нешто без преседан во историјата на македонското Собрание“.Втората основа е повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече Апасиев.Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња, знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.Повредено е, рече, и начелото на инкомпатибилност на функциите, односно го повикуваат на политичка одговорност Гаши затоа што не констатирал престанок на мандатот на новоизбраниот пратеник Талат Џафери „кој илегално ги извршуваше функциите премиер и пратеник“.Шестиот основ е повреда на законските и етичките одредби за антинепотизам, со тоа што сопругата на Гаши патуваше со него во Вашингтон повреден е Законот за спречување на корупција и е направена тешка дисциплинска повреда на етичкиот кодекс за пратениците.И последниот основ е повреда на низа деловнички одредби за нормална работа на пратениците поради тоа што не се почитуваат императивните рокови за закажување седници, поради тоа што продолжува лошата пракса на шверцување закони по скратена постапка и поради тоа што не се обезбедени низа деловнички гаранции за нормално функционирање на пратениците, соопшти Апасиев.

Македонија | пред 1 година

454351802_891946249636135_5755913769194404711_n

„За две минути изгоре, пожарна дојде по час и пол, шок“, се огласи семејството чиј автомобил изгоре кај Гевгелија

Семејството чие возило денеска изгоре кај Гевгелија сака да изрази голема благодарност до сите луѓе кои застанаа и помогнаа, односно се обидоа да го изгаснат пожарот.„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди и не вреди. И луѓето застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок, останатото е помалку или повеќе. Само полицијата и пожарникарите кои дојдоа по час и пол,” велат од семејството, додавајќи со шега: „Да, маж ми, шегата на страна… Полека излегувам од шок…“Откако почнале да чувствуваат чад од вентилацијата, тие го запреле автомобилот и скокнале, што им ги спасило животите во оваа ситуација.Им посакуваме брзо закрепнување од шокот и изразуваме огромна благодарност до сите кои застанаа да помогнат.

Македонија | пред 1 година

monstrum-kosovo-makedonija

„Дискутиравме, сѐ ќе биде во правец на законите“ - Екстрадицијата на осудените од Монструм и припадниот на УЧК на маса пред Курти и Мицкоски

Екстрадицијата Блерим Рамадани (припадник на УЧК) од Македонија и екстрадиција на Алил Демири и Африм Ислаилови од Косово (осудени за петкратното убиство што се случи пред 12 години на Смилковското езеро) биле тема на разговор меѓу премиерите на Албин Курти и Христијан Мицкоски.„За овие две прашања дискутиравме. Нашите соодветни министри за правда ќе бидат во постојан и директен контакт. Се ќе биде во правец на општата вредност заснована на Уставот и законите, но и во рамки на добрососедските односи кои се евроспки и сакаме да ги негуваме. И за Рамадани случајот е разгледан и се надеваме што побрзо ќе бидат затворени двата случаи, за законите да бидат спроведени, но и нашите добрососедски односи да бидат запазени и да се негуваат“, рече Курти.Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека минситрите за правда ќе соработуваат како за случајот за Блерим Рамадани, така и за двајцата бегалци од случајот „Монструм“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-04-at-19.02.07

(Видео) Гужви кон Скопје: критично кај Гостивар, километарски колони

Со завршувањето на продолжениот викенд, а по празникот Илинден, Охрид почна да се празни. За тоа сведочат и гужвите, кои традиционално, како и секоја година, ги има на пат до Скопје.Стандардно, и оваа година најголеми гужви се создаваат од Стража кон Гостивар, каде има километарски колони. Проблемот е во семафорот, кој иако исклучен, сепак прави застој, а возилата стојат и во место.Традиционално, почетокот на август се намалуваат и гужвите низ главниот туристички центар.

Македонија | пред 1 година

images-1

Несреќа во близина на Стража го блокираше сообраќајот, во прекин и возењето на патот Штип-Кочани поради сообраќајка

Поради несреќа на патот Гостивар-Стража, сообраќајот е во прекин, а исто така прекин има и на патот Штип-Кочани.Нема информации дали во близина на Стажа има повредени лица. Несреќата се случи утрово (09:30), се судрија три возила, поради што, лентите се непроодни. Несреќата е кај раскрсницата за исклучување кон Маврово.Од 07:40 ч. сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е исто така во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-03-at-09.35.47

Мртов е пронајден скопјанецот Томе, по кого се трагаше скоро цела недела

Скопјанецот Томе Божиновски, лице со деменција по кое се трагаше скоро цела недела, е пронајден мртов. Веста ја објави неговата ќерка Мерима Божиновска, која се прости од татко и. Нема детали што точно се случило и каде е пронајден.„Драги соседи,пријатели,познаници огромна благодарност што изминатите 5дена бевте овде со нас, не бевме сами сите кој го баравме неуморно. Денес на 02.08.24 Нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски беше пронајдено неговото безживотно тело“, објави Божиновска вчеравечер.Сега починатиот е лице со деменција кој на 29.07 излезе од дома и не се врати.

Скопје | пред 1 година

dfasd

(Снимки) Што се случувало пред и во ноќниот клуб во Охрид: забавата завршила на полноќ, поради пијанства имало Брза помош, немало тепачки ниту убиства

Ниту починати, ниту избодени, ниту истепани во охридскиот клуб каде беше српскиот рапер. Ништо од ова не е регистрирано како пријава во охридската полиција, ниту пак, Брзата помош реагирала по пријави за вакви случаи. Забавата траела до полноќ, кога клубот бил испразнет по претходни безбедносни проценки. „Скопје1“ се информираше од повеќе извори за тоа што се случувало вчера во охридскиот клуб каде настапуваше Војаж. Наспроти информациите дека имало хаос, институциите се децидни дека се поминало во мирна атмосфера.Интервенција на полицијата имало точно на полноќ, но не за тепачки и убиства, туку за да се испразни клубот. Ваква одлука била донесена бидејќи надлежните органи направиле проценка и констатирале дека има преголема посетеност, но и многу малолетници. Затоа, не дозволиле забавата да продолжи до раните утрински часови. Затоа, покрај сцената во клубот, имало полициски службеници.Брзата помош реагирала само во два случаи. Но не при тепачки пред или во клубот, туку при пијанство на две лица. Истите, биле дехидрирани, па биле повикани доктори за да ги пренесат во охридската болница, што и се случило. Полиција се движела пред возилата за Брза помош, бидејќи пред клубот имало стотици лица кои претходно излегле, но и кои сакале да влезат на забавата.И МВР, официјално, соопшти дека немало нарушување на јавниот ред и мир. Посочија дека се шекулации и дезинформации објавите во кои се тврди дека имало починати, масовни тепачки, повредени. За ова сведочат и снимките. На ниту една која ја доби „Скопје1“ од различни извори не се гледа тепачка и неред.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-14.15.48

„Нема ни прободени, ни мртви, ниту инциденти“, вели охридската полиција по тврдењата за инциденти на настап во Охрид

Охридската полиција не интервенирала на никаков начин во охридскиот клуб каде настапи српскиот рапер Војаж, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид за „Скопје1“. Според него, немало ниту пријави, ниту било какви инциденти од било каков карактер. Посочува дека објавите за наводни прободени со ножеви се лажни вести.„Имало интервенција само на медицинска екипа, еден два случаи на алкохолизираност. Полицијата нема никаква интервенција во тој објект. Нема ниту пријавено нарушување на јавен ред и мир“, вели Димоски за „Скопје1“.На социјалните мрежи од утринава се споделуваат објави за наводо прободени лица, како и голем број починати. Ова направи вознемиреност кај јавноста.Дополнително, српскиот рапер објави и дека му бил прекинат настапот.

Охрид | пред 1 година

IMG_0602-1

(Фото) „Интервентна полиција прекина забава во Охрид“, српскиот рапер се пожали дека го симнале од сцена

Познатиот рапер Војаж кој наполни охридски клуб до последно место, морал да го прекине настапот. За ова соопшти самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека причината е интервенција на полицијата. Неточни се шпекулациите за било какви инциденти со убиства.„Поради претераната посетеност и безбедносната проценка на државните органи, Интервентната едниница реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцена“, објави тој.Војаж и се заблагодари на публиката.„Охрид, бевте прекрасни, навистина ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна. Но не можеме против одлуките на државните органи. Јас се надевам дека наскоро ќе можеме да го надохнадиме ова, и да направиме поголем спектакл“, додаде тој.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-13.00.30

Драма во затворот во Шутка: Затворски полицаец кој обезбедувал притвореници заврши во притвор, фатен е со дрога

Затворски полицаец од затворот „Скопје“ во Шутка заврши во притвор, откако кај него била најдена дрога, дознава „Скопје1“. Според информации до кои дојдовме, завчера вечерта, командир на смена во јакна на полицаецот нашол материја за која констатирал дека е дрога. Сѐ се случувало во дежурната просторија во притворскиот дел.Тој ги известил надлежните органи, по што дошла и полиција, а полицаецот бил приведен. „Скопје1“ дознава дека обвинител од одделение за униформирани лица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побарал притвор, кој бил одобрен од судија на претходна постапка во Кривичниот суд.Детали за случајот се очекуваат од полицијата.БОНУС ВИДЕО:

Македонија | пред 1 година

pozar-Blis-trgovski-Bitola

Пожар во Битола во новиот трговски комплекс „Блис“

Пожар избувна попладнево во новиот трговски центар „Блис“ во Битола, додека објектот се подготвуваше за големото отворање на 5 август. Пожарот зафати североисточниот дел од објектот, а противпожарната единица од Битола веќе интервенира.Трговскиот комплекс е приватна инвестиција и се наоѓа во непосредна близина на маркетот „Лидл“, кој е во фаза на изградба. Денеска се асфалтираше новата улица за потребите на двата трговски објекти.Во објектот веќе се поставува стоката на трговските брендови, но засега не е познато што сè зафатил огнот и колкава е материјалната штета.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-torta-feat-768x978-1

Ахмети добил мејл дека ќе го бесат: Спремете се!

Пратениците од ДУИ вчера пријавиле дека добиле смртни закани од е-маил адреса чиј корисник е непознат. Во неа стоело „Спремете се за бесилка“. Според Алијсанта на Албанците кои и јавно се пожалија и го осудија потегот, пораката е испратена до Али Ахемти, Блерим Беџети, Рина Ајдари, Садула Дураку, Арбана Пашоли, Дијана Тоска, Илир Хасани и Исмаил Јахоски.Во неа, меѓу другото стои: „Кучиња од ДУИ, спремете се да ви ја сечеме главата и телото на парчиња, да ве сечеме. Бесилка за вас е спремна, со се фамилијата што ви мрда. Исто бесилка и куршуми за вас“.Вчера, полицијата извести дека работи на пронаоѓање на испраќачот на мејлот.

Македонија | пред 1 година

51345134

Пораки од телефонот на Наќе Георгиев доведoa до претрес во Академијата за судии: земени досиеја на кандидати

Телефонот на врховниот судија Наќе Георгиев кој беше уапсен поради земање 10.000 евра со цел да намести случај во полза на обвинет, откри и други можни кривични дела. Од него, обвинителката утврдила дека имало и ургенции во Академијата за судии и обвинители, со цел, кандидати кои треба да судат и обвинуваат положат испити.„Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата.Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапија по Наредбата на судијата и ги обезбедија бараните предмети. За сите дополнителни активности и детали кои нема да влијаат на постапката обвинителството ќе ја информира јавноста навремено“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 1 година

zena-vardar-udavi

Пријавена за исчезната, па најдена удавена во канал

Денеска (25.07.2024) во Полициската станица Кочани, К.Ј.(64) пријавил дека во канал за наводнување во близина на с.Оризари, кочанско, ја пронашол удавена неговата мајка М.Ј.(89) од с.Оризари, за која еден час претходно пријавил дека се оддалечила од домот.Телото на починатата било извлечено од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт без видливи траги на насилство.По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Убиство во Гостивар, тројца уапсени

Убиство се случи во Гостивар, пред еден час. Според првичните информации, чинот бил планиран, а полицијата со навремено постапување уапси 3 лица инволвирани во настанот.Засега ова убиство не се поврзува со претходните кои се случија изминатиот период.Познати имињата на поврзаните со убиството:

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Изброени десет, пријавен еден избеган од затворот во Шутка: Клинч меѓу Андов и Пандов

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов вчера извршил контрола во затворот „Скопје“ во Шутка, каде констатирал дека 10 лица не биле во собите, а едно било во бегство. Пандов не сака да коментира за „Скопје1“ и посочува дека во понеделник ќе одржи и прва прес-конференција. Според информации на „Скопје1“, сите десет лица за кратко време се појавиле, но и иако првично не биле најдени, денеска не им се одземени привилегиите кои ги уживаат и се со истиот третман.Директорот на затворот, Филип Андов посочува дека е на одмор и дека за состојбата бил запознаен од командирот. Тој посочува дека има забелешка зошто ако немало 10 лица, само еден е пријавен во полиција за по него да се трага.„Имам забелешка. Како недостасуваат 10 лица, а само еден е пријавен во полиција? Известен сум од командирот дека од Управата биле на проверка, каде по завршувањето, директорот не успеал да ги забележи во собите овие десет лица и се појавиле отпосле. Моето прашање е, ако десет лица биле во бегство или 11, зошто не се пријавени или нема постапка? И зошто нема постапка за сите останати 10 лица, за да се префрлат во приемно одделение, да им се одземат сите права? Дотолку повеќе, што, по сознанија, денеска пак можат да ја напуштат институцијата. Ако има за сите службени белешки, ова е тежок престап и треба да се обезбедат луѓето во приемно одделение додека не се заврши постапката за сите лица, ако како што тврди тој, затворениците не се најдени во своите соби“, вели Андов.Пандов не сака да коментира за „Скопје1“, но за други медиуми посочил дека затворениците биле повикани да се вратат по телефон.

Македонија | пред 1 година

650418

Во Македонија уапсен екс припадникот на ОВК–косовското МНР бара негово ослободување

На влез во државава, на граничкиот премин со Косово „Јажинце“ синоќа во 16 часот македонската полиција го уапсила Блерим Рамадани, поранешен припадник на УЧК, кој се бара со потерница од Интерпол Србија.Како што информираа од МВР тој бил уапсен при пасошката контрола откако системот јавил дека лицето се евидентира со мерката „АПСИ“, по што бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово.Во меѓувреме, Србија бара Рамадани да им биде испорачан, додека од Косово порачуваат да не се екстрадира во Србија каде што е баран за извршени воени злосторства за време на војната 1999 година.-Многу често се случува земјите да уапсат некого, а потоа да не го екстрадираат. Ако некој навистина сака да се бори против воените злосторства, ако има документирани обвиненија, тогаш секако очекуваме да биде екстрадиран за да одговара за злосторствата,- Ивица Дачиќ - Вицепремиер на Србија и МВР.

Македонија | пред 1 година

ubistvo

Почина бизнисменот Чедомир Радимировиќ, пронајден со раскрварен глава и пиштол до него во скопски Орман

Доцна вечерва е убиен познат бизнисмен, основач на фирмата „Техноком“ и основач на „Радо банка“.Тој е пронајден доцна вечерва со тешки повреди покрај возило кај скопското село Орман.Според информации на Скопје 1, бизнисменот Чедомир Радомировиќ бил пронајден со раскрвавена глава а до него имало пиштол и чаура.Радомировиќ, тешко повреден бил пренесен со Итна помош на скопските клиники, но им подлегнал на повредите.Повеќе детали МВР ќе соопшти утре.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-18-at-15.40.23

Биле надрогирани, имаат повреди во пределот на главите: Се освестиле четворицата малолетници на Токсикологија

Малолетниците кои вчера завршија на Клиниката за токсикологија не биле пијани, туку надрогирани. Станува збор за четири лица на возраст од 14 до 17 години, кои имале пореметена свест, но и низа повреди по телото кои не се посериозни.Според последните информации од Клиниката, малолетниците ќе бидат задржани неколку денови на лекување. Сите се контактибилни иако повредите им се и во пределот на главата. Станува збор за две момчиња и две девојчиња.Сите четири лица биле пронајдени откако во МВР било пријавено нарушување на јавен ред и мир. Тие се наоѓале во куќа на 40-годишен скопјанец.Детали од МВР засега нема.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања