Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

Screenshot-2024-04-27-at-13.43.08

(Видео) Новите полицајци запеаја „Бисер Балкански“ на свеченоста за нивна промоција - со патриотски поздрав ја завршија обуката

Новите полициски службеници и публиката која беше присутна во Центарот за обука во Идризово, ја запеаја „Бисер Балкански“ при свеченоста за нивна промоција. Вкупно 508 службеници рапортираа пред министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, па патриотски го поздравија. Во првиот дел од настанот, кога се интонираше македонската химна, Тошковски ги поздрави полициските службеници на кои им рече: „Пред да почнам со официјалниот дел од говорот, сакам да ви се заблагодарам, затоа што чувството да ја чуеш македонската химна од оволкав голем број на патриоти кои си ја сакаат Македонија, морам да признаам дека е фантастично. Ви благодарам многу за тоа“.Едногодишната обука ја завршија 508 нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени.

Македонија | пред 1 година

Volkot-boban-trajkovski-750x430-1

Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

Македонија | пред 1 година

NLB_banka

Лажни објави за наводни заеми, обид за измама и незаконско прибирање на лични податоци и финансиски средства, известуваат од НЛБ Банка

,,На социјалните мрежи се забележани рекламни објави за наводни заеми без кредитна проверка и без доказ за приход, каде неовластено се користи името и логото на НЛБ Банка, а во истата се споменуваат и други банки.Доколку забележите ваква објава, ве молиме не ја отворајте и не ги споделувајте вашите податоците. Се работи за обид за измама, со цел незаконско прибирање на лични податоци и финансиски средства.Лажната страница ќе биде пријавена до Фејсбук како и до надлежните институции во земјата, согласно позитивните законски прописи.", напишаа НЛБ Банка на својот Фејсбук.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Македонија | пред 1 година

soobrakjaj

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради одржување на митинг, денеска во 20.30 часот на плоштадот „Скендер бег“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Дел од Скопје викендов блокирано поради митинзи: овие улици и места ќе се нефункционални

Поради одржување на митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21.04.2024 во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на ул.„Св. Кирил и Методиј“ почнувајќи од 19,00 часот на 20.04.2024 (сабота) до 21.00 часот на 21.04.2024 (недела). Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со бул.„Кочо Рацин“ до крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“.Исто така, на 21.04.2024 во 20.00 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-17-at-11.33.44

(Видео) Граѓанин не сака да прими казна оти е напишана на македонски јазик, се расправа снимајќи полицајци

Полицајци кои се обидуваат да казнат граѓанин поради сторен прекршол биле снимани, а потоа и објавени на социјалните мрежи. Од видеото се гледа како граѓанинот кој зборува албански, не сака да ја прими казната оти истата не е напишана на албански јазик. Засега не е познато каде е снимено видеото, а е објавено на „Тикток“. Во еден момент има и реакција од полицајците да престане на снима, но тој продолжува, па освен што се расправа, тој прави и виде запис.„Тргни го телефонот, повели“, рече полицаецот, а тој зборува на албански јазик.„Ти си македонски граѓанин, треба да знаеш македонски, да си странски државјанин - да“, додава полицаецот.Потоа, лицето му одговара на полицаецот на албански јазик, што укажува дека знаел македонски бидејќи ја разбра забелешката.„Јас сум Албанец... (н.з.)“, вели казнетиот.Детали за случајот побаравме од МВР од каде очекуваме одговори.<blockquote class="tiktok-embed" cite="https://www.tiktok.com/@zullumibdi/video/7358235143619759366" data-video-id="7358235143619759366" style="max-width: 605px;min-width: 325px;" > <section> <a target="_blank" title="@zullumibdi" href="https://www.tiktok.com/@zullumibdi?refer=embed">@zullumibdi</a> <p>Policia e Maqedonisë e përdhos gjuhën shqipe! Ja gënjeshtrat e BDIsë për zyrtarizimin e gjuhës shqipe</p> <a target="_blank" title="♬ original sound - Zullumi pajkën" href="https://www.tiktok.com/music/original-sound-7358235154808900358?refer=embed">♬ original sound - Zullumi pajkën</a> </section> </blockquote> <script async src="https://www.tiktok.com/embed.js"></script>

Македонија | пред 1 година

IMG_3467

Јакнење на соработката меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, предводени од претседателот на ова тело Зоран Илиевски.На средбата беа разгледани можностите за соработка и идна координација меѓу двете институции во постапувањето по несреќите и сериозните инциденти кои можат да ја загрозат безбедноста на воздушниот сообраќај.Во таа насока беше договорено да отпочне постапката за усогласување и потпишување на меморандум меѓу Јавното обвинителство и Комитетот со кој ваквата соработка и начинот на постапување во иднина дополнително ќе се унапредат.

Македонија | пред 1 година

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на одлуката од 8.4.2024 година.Од 16.4.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 88,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 44,302 (денари/килограм)Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 ден/кг и сега ќе изнесува 44,302 ден/кг.Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.4.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Македонија | пред 1 година

goran-grijovski

„Клан“ тврди дека Грујевски (обвинет за прислушувањето) е уапсен во Хрватска, домашните институции немаат таква информација

Во Хрватска бил уапсен Горан Грујевски, ексначалник на Петтата управа кој избега во Грција, објави „Клан“. Информацијата е сепак непотврдена, а домашните институции вакво известување до моментот на објавување на оваа вест немаат добиено. Наводно, апсењето на Грујевски, според Клан, се склучило вчера во Загреб.Повеќе од пет години, Грујевски е бегалец за македонските институции. Познато е дека тој избега во Грција, од каде не беше екстрадиран, туку доби и работа на грчки остров.Грујевски и Бошкоски се главните обвинети во главниот судски процес на Обвинителството, „Тврдина-Таргет“, за масовното незаконско прислушување. Грујевски уште е обвинет и во предметот „Тврдина 2“ за незаконско палење на списи и документи на УБК, докази за масовно прислушување на граѓани, но и во предметот „Трезор“, заедно со Сашо Мијалков и Небојша Стајковиќ, за незаконска набавка на опрема за прислушување од Велика Британија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-14-at-10.00.23

Веќе 12 години го нема Ангел од Велес, киднаперите излегоа од затвор и се преселија во Словенија

Веќе 12 години, Ангел Стојанов од Велес никаде го нема, не се наоѓа ни меѓу живите, ниту меѓу мртвите. Ангел исчезна на 7 март 2012 година, на возраст од 25 години, а зад себе остави две деца. Тој беше претепан и киднапиран, по што се губи секаква трага. Киднаперите беа откриени, но убиство не се докажа бидејќи според законите ако нема тело, не може да се одговара за убиство, пишува „Фокус“.Полицијата ги откри киднаперите, се работи за соседи на Ангел, Перо и Борис Нацеви кои го начекале на пазар, го претепале и го ставиле во багажникот од нивниот автомобил. Тие го оставиле покрај реката Бабуна, на оддалеченост од околу 13 километри. Синот и таткото завршија во затворот „Идризово“ каде отслужија казна од 9 години за киднапирање, по што излегоа на слобода и се преселија во Словенија.Осудените соседи пред неколку години излегоа од затвор, по што се преселиле и заминале да живеат во Словенија. Ангел пак се уште се води за исчезнат бидејќи никогаш не бил најден.-Не проверија ниту на камери, ниту ништо, разочарано вели неговиот татко за ,,Фокус”.Тој уште на почетокот се сомневаше дека Ангел е убиен и закопан, па самиот копал дупки за да го најде.

Македонија | пред 1 година

IMG_3370

Бачовски: Земјоделците навремено ги добиваат заслужените субвенции, обезбедуваме годишна поддршка од близу 150 милиони евра

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше досега најголемата поддршка за тутунопроизводителите, вредна близу 1.5 милијарди денари, кон 14.300 тутунопроизводители за реколта 2023 година, изјави директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.„Вклучувајќи ја оваа исплата, од почетокот на годината до денес, од програмата за финансиска поддршка во земјоделството се исплатени над 4 милијарди денари, што претставува 68%, од вкупниот буџет на програмата за мерките за растително и сточарско производство“, изјави Бачовски.Покрај успешната реализација на авансната исплата кон сите земјоделци АФПЗРР, до сега усешно, кон земјдоелците ја има реализирано поддршката за оддржување на лозови насади и остварено производство на грозје. Потоа поддршката за оддржување на овошни насади и остварено производство на овошје, мерката дополнителни 3 денари за предадена јаболка во откупни центри или преработувачки капацитети. Исплатена кон земјоделците е и финансиската поддршка за засеани и ожнеани површини со полјоделски култури, без и со користен сертифициран семенски материјал како и финансиската поддршка за производство на градинарски култури.Во делот на сточарското производство, реализирани и исплатени се основните и дополнителните субвенции за одгледувачите на овци, основните плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, како и директните плаќања за амортизирани несилки и приплодни грла маторици.„Во перидот што следи, АФПЗРР ќе продолжи со реализација на дополнителните директни плаќања за огледувачите на говеда, кози и пчели, директните плаќања за органско производство, за земјоделците кои имаат производство во подрачја со ограничени можности, како и дополнителните плаќања за регистрираните земјоделци, согласното законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување“, изјави Бачовски.Тој дополни и дека со завршувањето на контролите, на лице место, кај откупните претпријатија, ќе следува и исплатата на дополнителните директни плаќања, за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети.Во овој период АФПЗРР ги подготвува потребните административни процедури и системски подесувања за почеток на новата кампања, за поднесувања на барања за финансиска поддршка на субвенции, по програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.„Државната поддршка во земјоделството, преку субвенционирање на земјоделците е најсилен инструмент за поттикнување и зголемување на производството на храна и обезбедување сигурност и оддржливост на македонското земјоделско производство. Со годишна поддршка од близу 150 милиони евра, преку програмите за директни плаќања, националните и европски програми за рурален развој, целиме кон профитабилни земјоделци и конкуретно производство за домашните потреби и за побарувањата на странските пазари“, изјави Бачовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Обвинителство откри зошто имало претреси во Идризово

Обинителството ја потврди информацијата на “Скопје1” дека утрово имало претреси во затворот “Идризово”.“Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово - Скопје со цел обезбедување доказен материјал”, вели Обвинителство.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-14-at-20.56.58

Големи претреси во затворот „Идризово“, стотина специјалци - познати детали

Стотина полицајци влегоа во Идризово утрово, каде во тек се големи претреси, дознава „Скопје1“. Според нашите извори, се претресува полуотворениот дел на затворот, но и останатите крила, поради добиени информации дека може да ескалира состојбата помеѓу членови на две криминални банди, кои издржуваат казна во истата установа.Инспектори, специјалци со маскирни оделали кои се вооружани бараат недозволени предмети кои биле внесени во затворот. Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало проценки дека состојбата може да ескалира.Повеќе информации за подоцна.

Македонија | пред 1 година

mitko-bojmacaliev-2

Министерот на СДСМ во МВР, Бојмацалиев - нема коментар за апсењето на новиарот Салиу

Дополнителниот заменик-министер во МВР од СДСМ, Митко Бојмацалиев, нема коментар за апсењето на новинарот Фуркан Салиу. На прашањата дали постапувањето на полициските службеници е во рамки на законите, а откако СДСМ обвини дека се постапувало по политички наредби – Бојмацалиев кажа дека не знае никакви детали.„Детали немам, не можам ништо да коментирам“, вели Бојмацалиев.На забелешката како е можно да не знае детали кога јавноста е преплавена со информации, а Министерството со кое раководи има издадено и соопштение – тој не одговори ништо.Истовремено, за СДСМ апсењето на новинарот е недемократски чин.„СДСМ го осудува овој недемократски чин и бара негово ослободување веднаш“, кажа пратеникот Дарко Каевски.Со став излезе и МВР кои го обвинија Салиу дека нападнал полицаец од ЕБР.„Приведени лица за напад на полициски службеници денеска ( 07.04.2024) околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК “БВК Коњаре” и ФК “Куманово”, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи, велат од МВР за 4NEWS”, велат од МВР и додаваат: Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат. За време на интервенцијата, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка. Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило “дачија дастер”, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол“, велат од МВР.Новинарот Фуркан Салиу, бара полицијата да докаже дека тој нападнал полицаец и како е отворено неговото возило, со оглед дека тој не бил присутен, како што тврди. Салиу тврди дека отишол на трибините на натпреварот, оти знаел дека ќе има нереди.„Поради вашата поддршка бев ослободен, но во некоја различна ситуација немаше да бидам. Без никаков доказ. Нека докажат дека сум нападнал полицаец, јас утре ќе се повлечам, не ме гледате на екран. Нека докажат. Информиран сум сега дека мојот пиштол е најден во багажот, расклопен целосно, а најден е без мое присуство, во обид да избришат снимки“, велат Салиу.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-21.06.09

Се огласи Фуркан Салиу: За пиштолот имам дозвола, жал ми е што влијаев со однесувањето ситуацијата да ескалира

Новинарот Фуркан Салиу се огласи на фејсбук страницата од „ПорталиХ“, медиумот кој е во негова сопственост. Го пренесуваме интегрално:„Здраво, Јас сум Фуркан Салиу. Од објективни причини не можам да пишувам во мојот личен профил. Во моментов сум задржан во полициската станица во Автокоманда. Жал ми е што со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира за да завршам со лисици. Жал ми е дури и ако ве разочарав што верувавте во мојата работа. Ве уверувам дека јас не ја нападнав полицијата.Иако се беше снимено, полицијата ги избриша материјалите во полициската станица. Што се однесува до пиштолот што беше пронајден во мојот автомобил... Пиштолот е со дозвола и пронајден во мојот автомобил. За време на моето апсење, телефонот и клучевите ми испаднаа од џебот и ги зеде снимателот.Без судски налог и без јас да бидам присутен како сопственик на автомобилот, тоа беше проверено од специјалната единица.Делото за кое се товарам, напад врз полицаец, не држи вода и никогаш не може да се докаже. Ви благодариме за поддршката и се надевам дека ќе се видиме наскоро“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-13.48.47

(Видео) „Се слушнаа експлозии“ - четири возила изгореа на паркинг кај Водовод, покрај кеј

Четири автомобили горат на полигонот под Амбасадата на САД, веднаш до кејот на Вардар и објектот на „Водовод“. Просторот се користи како паркинг, а особено за викендите е препоплн. Очевидци за „Скопје1“ раскажуваат дека се слушнале и неколку експлозии, а дека пожарот брзо се проширил.Граѓани панично ги ваделе автомобилите од просторот, во страв дека пожарот може да се прошири. На местото пристигнаа и пожарникари со Противпожарни возилаПовеќе информации се очекуваат за подоцна. „Скопје1“ контактираше и со МВР, чии екипи треба да го обезбедат местото.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-10.26.55

(Видео) Момче со електричен тротинет се тркаше со автобус на Партизанска

Момче со електричен тротинет се тркаше со автобус на ЈСП на булеварот „Партизански одреди“ во Карпош 4.Долж булеварот, тој возеше по т.н. „брза лента“ со тротинетот, а автобусот возеше до него, на средната лента.Во истиот момент имаше голема фреквенција на возила.

Скопје | пред 1 година

IMG_3310

Државната секретарка во МВР, Несторовска на Министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Денеска, (03.04.2024) државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национална координаторка за борба против трговија со луѓе, м-р Магдалена Несторовска учествуваше на Министерскиот состанок што се одржа во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа на тема „Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот на ЈИЕ низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето на мигранти и трговија со луѓе и нејзино натамошно унапредување.“Во своето обраќање како Национална координаторка ја претстави работата на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, ги сподели активностите, искуствата и добрите практики во однос на справувањето со ова кривично дело, состојбата во државата и соработката со државите во регионот.„Нашите држави делат исти предизвици во многу области, а оттука нè врзуваат и многу заеднички активности. Воспоставувањето на мрежите за соработка, како што е нашата, дополнително и позитивно допринесе и за јакнење на националните системи во борбата против трговијата со луѓе, преку размена на добри пракси и научени лекции. Склучувањето на билатералните договори со земјите во регионот не смее да застане, и мора да се надгради, со други заеднички форми на соработка во регионот, особено за интензивирање на соработката во превенцијата и спроведување на заеднички кампањи специфични и препознатливи за регионот.Свесни сме дека единствено така, преку градење и имплементација на заеднички регионални иницијативи ќе создадеме цврсти темели и ќе придонесеме кон одлични резултати.„- рече во своето обраќање Несторовска.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-28-at-13.43.14

Лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобил туку таму бил однесен, Обвинителството ги чека МВР да го најдат убиецот

Дополнителниот-заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“ изјави дека лекарот најден мртов во Железара не бил убиен во автомобилот туку таму било донесено телото. Ова пак, не го потврдуваат ниту демантираат од Обвинителството кои посочија да не се изнесуваат чувствителни информации во јавност, а додадоа дека не можат да кажат ништо оти МВР не го нашло убиецот.„Колегите сè уште работат, ги собираат информациите од терен, подигнати се доказите од автомобилот кој е најден, каде што е најдено лицето и според наши сознанија и според тоа што досега е утврдено можам да потврдам дека лицето не е убиено во автомобилот, туку е донесено во автомобилот. Повеќе не би можел да откријам за да не ја нарушиме истрагата“, рече Бојмацалиев.Обвинителството посочува дека сторителот не е откриен.„Откривачката улога во случајот ја има Министерството за внатрешни работи, а Јавното обвинителство ги издава сите потребни наредби и насоки за откривање на сторител и за целосно расчистување на настанот. Со оглед на тоа што МВР се уште не идентификувало сторител на кривично дело, Јавното обвинителство не е во можност да споделува детали кои можат да ја загрозат постапката. Апелираме и до другите институции во оваа фаза на постапката да се воздржуваат од изнесување информации од чувствителен карактер, бидејќи сторителот се уште не е откриен“, вели Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

IMG_3293

Средба на јавниот обвинител на Република Македонија Коцевски и директорит на Управата за финансиска полиција Иванов

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов денеска остварија средба на која се дискутираше за сите можности за интензивирање на соработката меѓу двете институции.Притоа, особен фокус беше ставен на активностите за јакнење на координацијата со Финансиската полиција и со други надлежни органи во постапувањето по конкретни предмети, а со цел зголемување на ефикасноста и ажурноста на постапките кои се водат.

Македонија | пред 1 година

IMG_3281

Врховниот суд го одбележа Денот на правосудството и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки

Врховниот суд на Република Северна Македонија го одбележа 31 март, Денот на македонското правосудство и по повод значајниот датум ја објави и ја промовираше новата Збирка на судски одлуки 2018 – 2023.На свечениот настан кој се одржа во Врховниот суд присуствуваа претставниците на правосудните институции, амбасадорите на САД, Европската Унија и Кралството Холандија, и претставниците на граѓанските организации, академската заедница и судската администрација.Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, честитајќи го Денот на правосудството, истакна дека историските традиции над кои е втемелено современото судство мора да се почитуваат и да се негуваат.„Како претседател на Врховниот суд на овој значаен ден Ве повикувам сите заедно, со заеднички сили, да бидеме солидарни во име на владеењето на правото и иднината на нашата држава. Сите заедно мора да бидеме на браникот на независната судска власт. Тоа треба да биде одраз на нашиот интегритет, но и на нашата судска култура. Да се носи судиската тога е голема одговорност. Таа треба да биде нашата гордост и достоинство. Заклетвата која ја даваме е нашата света обврска, пред Уставот и пред граѓаните. Судството не смее да му служи никому освен на граѓаните, на уставот и на законите. Довербата на граѓаните во правосудството е од суштинско значење за владеење на правото“, истакна Адеми.Претседателката на Судскиот Совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, во своето обраќање нагласи дека принципите на независност на судството мора да се почитуваат и дека квалитетните одлуки се огледало на судството. Дамева подвлече дека Врховниот суд е на нивото на својата задача и го поздрави објавувањето на новата Збирка на судски одлуки на Врховниот суд.Во рамки на свечениот настан, во знак на почит и благодарност за континуираната поддршка на судството и Врховниот суд на Република Северна Македонија во име на владеењето на правото, беа доделени свечени плакети на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир и на амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп.Заблагодарувајќи се за искажаната почит и благодарност, амбасадорите истакнаа дека независноста на судството и интегритетот се клучни за владеењето на правото, дека градењето на јавната доверба е од императивно значење и дека во таа насока мора да се продолжи со реформскиот процес согласно европските стандарди.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Без струја делови од Бутел, Карпош и Шуто Оризари

Денеска од 8:30 до 10:30 без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Александар Урдаревски“ на потегот од напојната Трафостаница – Бутел 6 до Тутунска банка, Општина Бутел.Во временскиот период од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Орце Николов“ згради бр. 155 и бр. 156 во Општина Карпош.Од 11:30 до 13:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Бутелски венец“, „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари.Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-19.00.33

Која е причината за пукањето во Арачиново: застреланиот опериран, изваден куршумот од десното рамо

Возачот на градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, кој беше погоден при обидот за атентатот врз функционерот, е во стабилна состојба. Ова го потврдуваат од болницата каде бил опериран.„Едно лице е донесено со прострелна рана во десното рамо. По приемот, опериран е и изведно е метално парче. Вон животна опасност. Ќе биде задржан поради раната“, вели Љубен Арсенков, директор на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за возачот на градоначалникот на Арачиново.Состојбата на второ повредено лице засега е непозната. Тој е пренесен во Ургентниот центар на Клинички.Се огласија и од Обвинителството.„Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“, велат оттаму.Според неофицијални информации, причината за пукањето е расправија за земјиште кое се наоѓа во Арачиново. Ова не е прв напад бидејќи претходно, мета беа општинските канцеларии кои беа искршени, а настанот беше пријавен во полиција. Наводно, напаѓачот е брат на осуденик за извршено убиство во Липковско во 2010 година.

Македонија | пред 1 година

Grcija-1

Утре и задутре не планирајте патување во Грција, штрајкуваат цариниците

Грчките цариници излегоа со препорака, сите оние кои во следните два дена планирале да патуваат во Грција, најдобро да го одложат патувањето.Сообраќајот на граничните премини за влез во Грција од утре во 06:00 часот ќе биде во прекин поради најава за 48-часовен штрајк на грчките царински службеници. Сообраќајот ќе биде во целосен прекин за автомобилите и за товарните возила.За товарните возила исклучок се пратките кои мора да бидат веднаш пренесени, а за автомобилите само доколку се превезуваат луѓе на итно лекување.Дозволено ќе биде пеш да се помине границата.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања