Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НОВОСТИ

IMG_4872

(Видео) Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во Штип

Уапсен е турскиот државјанин кој вчера извади пиштол и уби друго лице во Штип. За ова извести Обвинителството кои додаваат дека е најден и пиштолот.„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е лишено од слобода. Пронајдено е и оружјето. Во текот на денот ќе следи постапка“, велат од Обвинитлството.Детали тука:Снимки тука:

Македонија | пред 10 месеци

IMG_4872

(Видео) Снимка од пукањето во Штип, но и бркањето на пукачот по автопат

Лицето кое пукало и ранило едно лице во кафуле во Штип, по извршениот напад, се дало во бегство. Во меѓувреме, протекоа снимки од надзорните камери од објектот, каде се гледа како во еден момент, лицето пука од пиштол, а останатите гости панично бегаат. Сѐ се случува во неколку секудни. Потоа, лица кои случајно се нашле на местото, пробале да му дадат прва помош на повредениот кој бил во животна опасност.Брзо по пукањето, неколку полициски екипи, со најмалку десетина полицајци тргнале во потера по лицето кое пукаше, кое според неофицијалните информации, е турски државјанин. Неговиот автомобил бил забележан на патарината кај Миладиновци. Полицајците му дале знак да застане, но наместо тоа, тој, ја пробил патарината.„Стој, стој“ се слуша на снимката, покрај уклучените полициски сирени.Според неофицијалните информации, лицето кое пукало и бегало, возело возило марка „БМВ“.

Македонија | пред 10 месеци

asdfasd

(Видео) Пукање во Штип, едно лице се бори за живот

Доцна вечерва имало пукање во центарот на Штип, а неофицијално едно лице се бори за живот. Според првичните информации, едното лице имало нож со себе, а другото пиштол. Целата драма се случувала пред очевидци, во кафе-бар лоциран на плоштадот.Местото е веќе оградено, има и полиција, а тешко повредениот со Брза помош е префрлен во болница.„Вечерва околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-05-07-at-10.20.25

Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, на 7 мај, Денот на македонската полиција, порача дека задача на Владата е правдата мора да дојде преку професонална, непоткуплива и етичка полиција, која ќе го гони криминалот без разлика дали стои зад позиција или пари. Најави дека ќе се инвестира во опрема, обука и достоинство.„Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси а не за правда. Пораките 'ќе средиме' и 'ќе се јавам' беа погласни од законот. Тоа време заврши. Во оваа држава нема веќе место за врски и непотизам. Законот важи за сите. Силата на државата не се мери со привилигиите на поединците, па и до најмоќните, но и најмаргинализираните. Корупцијата и организираниот криминал нема место во оваа држава“, рече Мицкоски.Тој додаде дека кога правдата премолчува, неправдата станува гласна.„Со вашата пожртвуваност, неправдата останува без можност. Безбедноста не е статистика, таа е чувство. Таа е кога родител без страв пушта дете во училиште. Бог да ве чува вас и Бог да ја чува нашата Македонија“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-28-at-18.15.21

(Видео) Такси возач во Скопје го бранеше автомобилот од пајакот

Денеска на Железничката станица во Скопје се случи несекојдневна сцена кога такси возач, поради непрописно паркирање, се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе автомобилот.Неогвата реакција беше за некого храброст, за некого лудост, но на крајот наместо да плати сума за пајак службата и казна, тој плати само казна од 1.500 денари.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-25-at-21.38.39

Антикорупционерката Димитровска може само да зема плата, но не и да работи, ама не се ни појавила на работното место

Претседателката на Комисијата за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која сега е осомничена за оддавање на службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино и осомничен во предметот „Адитив“, денеска не се појавила на работа. Истовремено таа од судот доби забрана за било каков контакт со предмети во рамки на Антикорупциска.„Осомничената не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на ДКСК, воедно не може да гласа и да распределува предмети“, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кои го водат предметот против неа, што би значело дека таа може само да зема плата, а ништо да не работи. Засега нема ниту постапка за нејзино разрешување од пратениците, кои ја избраа Димитровска за член на Комисијата.Димитровска се сомничи дека издавала информации од предмети, но и одлуки по предмети на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. До сознанијата се дошло откако бил вештачен неговиот телефон, па се најдени пораките на „Ватс'ап“ и „Вибер“, соопшти Обвинителството.Истовремено, Антикорупциската комисија со која претседава Димитровска досега постапувала по предмети кои ги отвориле, а се поврзани со случајот „Адитив“. Пријавите биле отфрлени со потпис на претседателката.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-25-at-07.52.06

Девојката од Скопје по која се трагаше не била пријавена за исчезната во МВР, а таа се огласи на „Фејсбук“: Се кренала лажна тревога

Девојката Симона Стојкова од Скопје по која се трагаше преку објава на страницата „Најдиме.орг.мк“, никогаш не била пријавена за исчезната во полициска станица. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, вчера на полноќ, напишала дека објавата е лажна. Сепак, од организацијата која е издавач на порталот велат дека тие постапиле по пријава, од како што велат, семејството на Стојкова. Апелот бил споделен доброманерно, за да се најде девојката, откако системот им имспратил порака дека таа е пријавена за исчезната. Од организацијата велат дека описот е објавен согласно дадените информации од семејството. „Скопје1“ побара од нив контакт од пријавителите уште вчеравечер, но тие рекоа дека такви информации не споделуваат. Истовремено, во објава на „Фејсбук“, 35-годишната девојка вели сѐ е лажна тревога.„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата, без да објасни што се случило, дали навистина била недостапна или пак станува збор за лажна пријава злоупотребувајќи и ги податоците.„Скопје1“ побара став и од менаџментот на страницата „Најдиме.орг.мк“ уште во текот на вчерашната вечер. Тие укажаа дека кога добиваат пријава за исчезнато лице, а кое е полнолетно, не ја контактираат полицијата туку апелот го објавуваат директно. Посочуваат дека досега имале неколку успешни акции кога се трагало по лица со деменција, што овојпат не беше случај, бидејќи со описот во кој стоеше „Се јавила со врискање на денот на исчезнувањето..“, оставаше впечаток дека таа е киднапирана. Велат дека тие биле контактирани од семејството на девојката,а тие реагирале за лицето да биде брзо лоцирано.„Тој е сајт на кој има можност да се пополни онлајн апликација за исчезнато лице. Доколку стануав збор за исчезнато дете, ние мораме, обврзани сме да контактираме со полиција и да добиеме од полиција или да го насочиме семејството да го пријави лицето, па дури потоа, во согласност со полиција да го вклучиме „Amber alert“ системот, дека е исчезнато дете. Кога станува збор за лице над 18 години, во тој случај ние ги објавуваме за да им помогнеме на семејствата. Во случајот, објавени се името и фотографијата. Ние сме алармирани преку системот дека е пополнета апликација, нѐ контактираа од семејството, аналогно на тоа, имајќи го телефонскиот број кој ни го дадоа, ние ја објавивме информацијата која тие ја доставија. Во истиот момент кога разговараа со нас, кога нѐ контактираа, беа во полцииска станица Водно, од каде што ги препратиле во локалната полициска станица. Гарантирам дека тие однесоа и сѐ информираа, бидејќи нѐ контактираа од таму“, вели претставник на правното лице издавач на платформата „Најдиме.орг.мк“.[caption id="attachment_327529" align="alignnone" width="1272"] Screenshot[/caption]„Скопје1“ уште вчера побара одговори од МВР, дали е пријавено лицето за исчезнато, а оттаму проверија низ сите СВР на ниво на држава, но пријава немаше.„До овој момент во ниту еден сектор за внатрешни работи на територија на цела држава, нема пријава за исчезнато лице со вакво име и презиме“, велат од МВР за „Скопје1“

Македонија | пред 11 месец

snimk2.01_15_17_01.Still006

(Видео) Снимена кражба во манастир во Кривогаштани

Три часа по полноќ, на 23 април, бил ограбен манастриот Свети Успение на Пресвета Богородица во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани. За ова обзнани црковниот одбор на социјалните мрежи.Тие ја обијавија снимката на која се гледа како лице отвора фиока од биро, која ја зема и бега. На него носи качулка за да го пркирие ликот и ракавици за да не остави отпечатоци.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-19-at-10.18.28

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

„Одличната соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи доведе до тоа да нови две услуги се достапни за граѓаните електронски на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk“, велат од Министерството за дигитална трансформација и додаваат:Станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот - Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација.Дополнително, ова претставува пример за успешна меѓуинституционална соработка, каде податоците од Министерството за внатрешни работи се интегрираат преку платформата за интероперабилност со Националниот портал управуван од Министерството за дигитална трансформација. Оваа заедничка работа овозможува унапредување на јавните услуги на начин кој е поедноставен, побрз и потранспарентен за сите граѓани.Соработката со Министерството за внатрешни работи продолжува и во иднина, и за очекување се и нови услуги кои ќе се нудат за граѓаните по електронски пат. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на проширување на вакви примери на соработка со другите институции, со цел да се обезбеди дигитализирана држава која работи ефикасно, отворено и во служба на секој граѓанин.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-15-at-19.12.44

(Видео) Тешка сообраќајка во Аеродром, возило превртено на кров, едно лице повредено

Тешка сообраќајка се случи во Аеродром, близу маркетот „Веро“, на булеварот „Јане Сандански“. Според првичните информации, се судриле два автомобили. Едниот, од силината на ударот, се превртен на кров, а возачот бил изваден од внатре. Засега е познато дека едно лице е повредено, но надвор од животна опасностЗасега, не е позната состојбата на возачите. На лице место може да се види дека е причинета голема материјална штета, а на булеварот се и лични предмети на сопственикот на превртениот автомобил.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 11 месец

snimk2.01_31_24_05.Still005

(Видео) Сѐ почесто, тротинетите се меѓу автомобилите, иако ова е строго казниво

Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, се пропишува во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Но ако излеземе на скопските улици, ќе видиме дека не секогаш е така. Дури, тротинетите не се возат на самиот раб од коловозот, туку по средните линии, меѓу Автомобилите. Инаку за вакво возење, предвидени глоби од 80 до 120 евра.Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, се пропишува во измените,  тие се должни да се движат еден зад друг.Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот.На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, тие се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата.

Скопје | пред 11 месец

soo

(Видео) Сообраќајка на влезот од Влае, гужва на Партизанска

Сообраќајка има има кај надвозникот пред влезот на Влае. Според првичните информации, се судриле три возила. Нема информација за повредени лица. На потегот од Карпош 4 кон Влае има голема гужва.Инаку токму на овој дел од „Партизанска“ често има полиција која мери брзина, токму поради тоа што се вози без да се почитуваат правилата.Повеќе информации се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 11 месец

karadakovski

Тешки изгреници на главата и вратот, 90 отсто оштетени дишни патишта, откажани бубрези, се само дел од повредите на починатиот Карадаковски во „Пулс“

Александар Карадаковски, пациентот кој почина во Литванија како последица на пожарот во дискотеката „Пулс“ воКочани, имаше 29 години. Тој вториот ден по неговиот прием во болница, бил транспортиран во Литванија. Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“, рече дека тој имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите уште пред да биде испратен на лекување во странство.„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.Таравари рече дека раните од втор и трет степен отвориле простор за инфекции.„Испратен беше на 17 март, втор ден по трагедијата во Кочани. Имаше 29 години. Тој беше најтешкиот пациент. На 1 април му откажаа бубрезите, беше ставен на дијализа. Имаше температура, рани. Раните од втор и трет степен отвора простор за инфекции“, рече Таравари.Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката, а тој стана жртва на пожарот.

Македонија | пред 11 месец

porse

(Видео) Газда на „Поршето“ во Дебар маало е ексамбасадорот Срѓан Керим: Нема потреба од никакви коментари, постапено е според прописите

Поршето паркирано во Дебар маало не е на полицаец, туку е во сопственост на Срѓан Керим, ексминистер за надворешни работи, амбасадор на Македонија во Обединетите нации и во Германија, дознава „Скопје1“. Неговите иницијали се најдоа и во информацијата од МВР, од каде може да се заклучи дека тој го управувал возилото бидејќи стои: „на возачот на возилото С.К. издаден му е платен налог“.„Скопје1“ се обрати до Керим. Откако не ни одговори на телефонскиот повик, ни испрати порака „Ве молам пишете порака“. Па му се обративме писмено. Испративме повеќе прашања, меѓу кои и: „Зошто полицаецот требаше да влезе во кафеаната каде седевте и да разговара со вас, за да може да постапи согласно законот?“. Потоа го прашавме: „Бевте министер, амбасадор во ОН и Германија, имате меѓународна кариера. Зар вака се паркира ширум светот и вака се постапува кога полицијата го спроведува законот?“.На ова, тој не одговори конкретно. До „Скопје1“ испрати став во кој стои: „Нема потреба од никакви коментари. Постапено е според позитивните прописи што важат во вакви случаи“.Снимката со неговиот автомобил наиде на бура реакции од јавноста, особено бидејќи полицаецот се симна, па се повлече со екипата од ПОЦ со намера да не го санкционира Керим. По жестока реакција на граѓани, полицаецот влезе до кафеаната, па го крена возилото. Сега, полицаецот е под истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола на МВР за да се утврди дали направил пропусти.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-04-03-at-14.58.25

(Видео) Дете поминува улица во Бутел 2 на необележан премин, го удира мотоцикл кој го остава и заминува

Снимка од надзорна камера, која судејќи според датумот е од 2 април, покажува како возачи на мотоцикл удриле дете и заминале. Ова, според датумот на истата снимка е во 15 часот попладне. Од неа се гледа како мотоциклот удира во детето, тоа станува, тие заминуваат, а детето со трчање бега од улицата. По него, трча лице кое излезе од автомобил за да му помогне. На пешачкиот остров, останува друго дете, кое не помина улица.Според објавувачите на снимката ова е на улица Фадил Бајрам во Бутел 2. Неофицијално, на местото немало пешачки премин, а мотоциклот вози паралелно со автомобилот. Снимката е објавена во контакт на сообраќајната некуктура која ја има низ улиците во Македонија. Не е познато дали случајот е пријавен во полиција и како е постапено.Снимката денеска стана вирална на социјалните мрежи:

Скопје | пред 11 месец

klinika-brza-pomos

Повредениот малолетник е во стабилна состојба, вели д-р Срцева од КАРИЛ по пукањето во Волково

Повредениот малолетник од скопско Волково, е во стабилна состојба, соопшти директорката на КАРИЛ, Марија Срцева Јовановски. И тој е повреден од огнено оружје, во пукањето каде едно лице е убиено, а другото се самоубило веднаш по настанот.„Се прават иследувања, состојбата е релативно стабилна и пациентот потоа ќе продолжи со лекување веројатно на Клиниката за пластична хирургија“, одговори Марија Срцева Јовановски на новинарското прашање.Претходно, МВР соопшти детали.

Македонија | пред 1 година

policija-brza-pomos

Пукање во скопско Волково: Едно лице се бори за живот

Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.Детали за настанот засега не се познати. Повеќе детали се очекуваат за подоцна.

Скопје | пред 1 година

IMG_6897

Престрелка во Скопје, едно лице застрелано - имало и бркотница низ градот

Престрелка во Скопје, во село Моране се случи попладнево, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, едно лице е погодено и е во болница. Повредениот е примен во болницата св. „Наум Охридски“, каде во моментов му се прават испитувања.„Пред пет минути е донесен, со прострелна рана, се прават испитувања“, вели директорот на болницата, д-р Небојша Настов за „Скопје1“, кој засега нема детали за тоа дали лицето е во животна опасност, со оглед дека се прават испитување.Пред или по пукањето, неофицијално, имало бркотница низ Скопје, со две од возилата марка „порше“ и „голф“, додека третото е непознато. Неофицијално, дел од лицата кои се бркале се од Батинци и имале нерасчистени односи од порано.Од МВР со детали:„Денеска во 15.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во с. Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“.

Скопје | пред 1 година

C3442E01-DE5F-4A23-9B17-AF9F1A6AB80A

(Видео) Ужасна несреќа вечерва во Ѓорче: Возач на мотоцикл во тешка состојба, возилото распарчено на пола

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во Ѓорче Петров, кај комплексот „Александрија“. Учествувале три возила, од кои два автомобили и еден мотоцикл. Очевидци за „Скопје1“ дека возачот на моторот бил во тешка состојба по несреќата. Мотоцикл, пак, од силината на ударот е поделен на два дела.На лице место дошла Брза помош, а лицето веднаш било пренесено во болница, откако му била укажана прва помош. Засега не е позната состојбата на другите двајца возачи и евентуални сопатници.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде изелгоа со првични информации.„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од улиците “Скупи” и “Ацо Шопов” се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила и мотоцикл. Две лица со ИМП се пренесени во болница за укажување помош. Во моментов се врши увид на местото на настанот“, велат од МВР за „Скопје1“.Местото го обезбедува полиција, а улицата е затворена за сообраќај.

Скопје | пред 1 година

soobrakajka-partizanska

(Видео) Тешка несреќа на „Партизанска“: амбуланта се преврте, откако се судрија со автомобил

Тешка несреќа се случи ноќеска на булеварот „Партизански одреди“, каде се судриле „Тојота јарис“ и амбулантно возило.Од терен, познато е само дека од силината на ударот, амбулантното возило се превртело, но непознато е дали во него имало пациент и каква е состојбата на возачот, но и другите ко се превезувале.Не е позната ниту состојбата на возачот кој бил во автомобилот, чии делови се распрскале по булеварот.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

instagram-devojcinja

(Фото) Девојчиња исмејувани и наведувани на лажен „Инстаграм“ профил: „Криви заби“, „многу акни“

Девојчиња од Македонија се најдоа на мета на лажен „Инстаграм“ профил. Читатели кои го испратија до нашата редакција, велат дека истиот предизвикал вознемиреност кај родители. Првите објави се пред пет часа, а според нашиот читател, едно од девојчињата кои ги препознал на профилот е од Гостивар. Неофицијална и непотврдена информација која беше споделена со нас е дека едно од девојчињата е и ќерка на судија.Навредите се на лична основа, а најмногу од нив се однесуваат на нивниот изглед. Па така, меѓудругото на профилот (кој нема да го објавиме за да нема двојна виктимизација), на фотографиите од девојките стои: „многу акни, си бара прст во уста“, „криви заби, мора да е центар на внимание, се клешти на секоја слика“, „магарето од Шрек, можеш да пиеш кафе со нејзината неталентирана сестра“, „има што да се фати, дури премногу, татко и е месар па секој ден многу јаде од месото“.На профилот засега има пет фотографии од девојчиња, го следат шест лица, а следи 64 лица. „Скопје1“ ќе упати прашања до МВР дали до нив стигнала пријава од евентуалните жртви на овие навредувачки коментари.

Македонија | пред 1 година

moped-pregazen

Дете-пешак удредно зад „Скопјанка“ од 23-годишник со мопед - однесено е во болница, има повреди

На еднонасочната улица позади трговскиот центар „Скопјанка“, постојано се вози двонасочно алармираат жителите откако дете било удрено од мотор. На улицата, бараат да има и соодветен пешаки премин.„На оваа улица позади т.ц Скопјанка која е еднонасочна, но се вози двонасочно на делот од скаличките до паркингот да се обележи пешачки премин и некој знак за пешаци. Секој дневно од тука идат и се вракаат ученици од О. У Браќа Миладиновци и е опасно за нив денес беше удрено дете од мотор а и претходно имало слични инциденти за среќа без последици како денес“, се вели во апелот на жител кој живее овде.„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде велат дека пешакот има повреди.„На 24.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје мопед „хамачи“ управуван од И.А.(23) од Скопје удрил во дете-пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР за „Скопје1„.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Синот на прегазениот пешак: Возачот избегал, го управувал возилото без дозвола

Синот на повредениот 52-годишен скопјанец во кого удри „волво“, вели дека по несреќата, возачот избегал сосе возило. „Скопје1“ побара детали од МВР, од каде ни посочија дека ќе достават информација кој го управувал возилото и дали има возачка дозвола. Од извори во истрагата дознаваме дека полицијата има траги кои ги следи поврзани со избеганиот возач.„Ова се случи вчера околу 23.30 часот каде што беше прегазен татко ми, пешак, па пренесен во државна болница. Без жал, ниту застанал, ниту ништо. Избегал и го управувал возилото без возачка дозвола. Ова нема крај, ќе изгинеме како ништо во државава“, пишува синот на пешакот под објавата на „Скопје1“.Инфорацијата дека возачот немал возачка дозвола, остана непотврдена од институциите.Пешакот по укажаната помош во болница, изутринава бил пуштен на домашно лекување. Тој, според неговиот син, има набиеници на телото и трауми од вчерашната сообраќајка.Инаку, според информациите од МВР, возачот управувал возило „волво“ со кое удрил во семафор, па во пешакот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-18-at-16.11.52

„Информации собрани еден тон, ние сме на 0“ - 20 дена го нема Миле Тодоров

Александар Најдов, дел навивачката група Винари, вели дека 20 дена, Миле Тодоров го нема ни под дрво ни под камен. Оваа објава на респодели сестрата на исчезнатиот, Марија Атанасиевиќ.Ти се губи човек на пат од 12км кој спојува два града, 20 дена со целосната истрага, пребарување на се живо и диво што би рекле, информации собрани еден тон, ние сме на 0, а Миле Скечо го нема ни под дрво ни под камен...Веќе по портали, вести слабо врте неговата слика, останаме уште ни екипата и неговите блиски да го споделуват да не се забораве ликот негов доколку некој негде го сретне, да знае дека уште очајно се бара...“, пишува Најдов.Тој додава: „Не можиме да се лутиме и хејтаме некој, а да величиме друг во време кога очајно сите го бараме, легнуваме и се будиме и прво нешто шо правиме гледаме во телефонот дали стигнала некоја вест и дали братот се вратил дома жив и здрав...Во ситуација ваква како шо сме сите, во потрага у која е превртен цел крај у тиквешијата, само не ширите дезинформации и не отежнувајте со рекла-казала муабети и измислици, ако имате нешто шо е 100% сигурно споделите може да помогне многу, сите се надеваме и веруваме дека Миле ќе се врате...“, додаде Најдов.Најдов на крајот посочува дека нема да се откажат се додека Тодоров не биде најден.

Коментари | пред 1 година

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Подолг период малолетникот возел со „аудито“ низ Скопје пред да прегази пешаци, се сомнева обвинителот и истражува како дошол до автомобилот

Обвинителството во Скопје ќе собира докази и за полнолетно лице, за кое се сомневаат дека подолг временски период му давал да го вози „аудито“ на малолетникот од Косово, кој е жител на Скопје, а со кое прегази пешаци. О„Бидејќи се утврдени основи на сомнение дека полнолетно лице подолг временски период му овозможувало на малолетникот без дозвола да управува со автомобилот, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и против тоа лице и ќе ги испита и тие околности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Малолетникот нема документи од Македонија, но, тука го завршил и неговото образование. Обвинителството побара, а судот му одреди мерки за обезбедување присуство. Ќе се брани од слобода, но не смее да ја напушта Македонија, задолжително ќе треба да се јавува на суд и не смее да управува возизло. Тој немал возачка дозвола.„Против пријавениот малолетник, кој не е државјанин, но е со постојано престојувалиште во нашата држава, е поведена постапка согласно Законот за правда за децата и се предложени мерки на претпазливост“, додаваат од Обвинителството.Според последните информации, двајцата пешаци кои се негови врсници, се во добра здравствена состојба и немаат посериозни повреди. Тинејџерката на возраст од 17 години е пуштена на домашно лекување и немала никакви скршеници.Несреќата се случи во петокот околу 22 часот на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје. Поточно, станува збор за Шуто Оризари.Обвинителството прибира докази материјали по што ќе одреди и за кое кривично дело ќе го гони малолетникот.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања