Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тешки изгреници на главата и вратот, 90 отсто оштетени дишни патишта, откажани бубрези, се само дел од повредите на починатиот Карадаковски во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
karadakovski

Александар Карадаковски, пациентот кој почина во Литванија како последица на пожарот во дискотеката „Пулс“ во

— реклама —

Кочани, имаше 29 години. Тој вториот ден по неговиот прием во болница, бил транспортиран во Литванија. Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“, рече дека тој имал тешки изгореници на главата, вратот, екстремитетите уште пред да биде испратен на лекување во странство.

— реклама —

„Во текот на денот дојде до влошување на состојбата, попладнето беше потребна механичка вентилација односно интубација. Изгорениците не беа мали, вкупната површина беше 36 отсто, претежно на горните екстремитети, главата и вратот. Со длабочина од втор и трет степен. И заради оној дел од пламенот, од чадовите кои ги вдишал, дошло до оштетување на внатрешните дишни органи. Оштетено беше голем дел од дишното стебло, затоа се влошила состојбата. Тоа довело до подлегнување на повредите. Пациентот 24 часа по приемот, со медицински авион беше префрлен во Литванија. Мора да бидеме свесни дека поголемите изгореници и повреди, не секогаш ќе завршат добро“, рече Небојша Настов, директор на болницата „св. Наум Охридски“.

— реклама —

Таравари рече дека раните од втор и трет степен отвориле простор за инфекции.

„Испратен беше на 17 март, втор ден по трагедијата во Кочани. Имаше 29 години. Тој беше најтешкиот пациент. На 1 април му откажаа бубрезите, беше ставен на дијализа. Имаше температура, рани. Раните од втор и трет степен отвора простор за инфекции“, рече Таравари.

Карадаковски беше и осомничен како управител на хартија, на фирмата „ММММ Кафе ДООЕЛ“ под која функционирала дискотеката „Пулс“. Обвинителството ја запре постапката, а тој стана жртва на пожарот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Македонија | пред 2 дена

media-library4eifkdbbqt6f5IfnKpF

Со „фингерпринт“ за работно време ќе добиете само револт, платите ни се помали и од специјалистите во Косово, порача д-р Лазаров до министерот

Коментари | пред 3 дена

1-1-1

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Македонија | пред 1 седмица

media-library02np0jbbum6q7qCfp9T

Министерот Алиу на седум дена пред годишнината од трагедијата во „Пулс“ најави уредување на просторот околу кочанската болница

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања