Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Од куќен притвор во Македонија до експлозија во Белград – нови детали за патот на Мартин Сипковски

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryr9f348cno9hlaT17L5I

Мартин Сипковски, момчето за кое српските медиуми јавија дека загинало во Белград, откако според првичните информации, по грешка активирал експлозив, избегал додека бил во куќен притвор, дознава „Скопје1“ од свои извори во скопското Обвинителство. На нему му се суди за обид за убиство, предмет кој го застапува обвинителот Александар Марковски, а бранител му е Владимир Туфегџиќ. „Скопје1“ контактираше со адвокатот, кој потврди дека му е застапник, но тој се уште нема никаква потврда дека Сипковски учествувал во настанот во Белград.

„Како негов бранител известен сум од неговата мајка дека пред неколку дена Мартин под неразјаснети околности не е достапен но немам официјална потврда за неговото учество во настанот. Точно е дека во Кривичниот суд против него се водат неколку кривични постапки и изречена е мерка куќен притвор до правосилно завршување на кривичната постапка, во кои постапки сум негов бранител, и досега  против него не е изречена правосилна  пресуда“, вели Туфегџиќ за „Скопје1“.

— реклама —

Според информации на „Скопје1“ од полициски извори, во евиденцијата стои дека Сипковски секогаш ја почитувал мерката куќен притвор. Постапката за обид за убиство се водела повеќе од година, а исто толку време тој издржувал мерка за обезбедување присуство. На момчето му биле изрекувани и други воспитни мерки, а Туфегџиќ го впери простот во институциите.

„Како и да е надлежните институции не направија доволно за Мартин како исклучително интилигентено и талентирано дете, во насока на навремено превенирање и артикулирање на неговата енергија во вистинска насока, иако му биле изрекувани воспитни мерки како дете во судир со законот. Овој настан нека биде повод нашите институции и воспитно поправните домови навремено да превенираат и да работат со деца во судир со законот во смисла да им ја пренасочат погрешно насочената енергија“, додава Туфегџиќ од „Скопје1“.

— реклама —

Стапивме во контакт и со МНР, од каде велат дека остваруваат контакти со српското МНР. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Како што стои во досегашните откритија на истрагата објавени од српските медиуми, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.

media-librarysj5je9ba0fc89NvXJ1Q

Од ракометар до модел: животот и мистеријата околу Македонецот Мартин Сипковски, кој загина во експлозија која сам ја предизвика

На 1 октомври околу 21:30 часот во стан на улица Косовска во Белград избувна експлозија во која животот го загуби државјанин на Македонија, Мартин Сипковски (21), пишува српски „Телеграф“. Неговата идентификација била потврдена по обдукцијата и размена на ДНК податоци меѓу српската и македонската полиција, пренесуваат белградските медиуми.Според првичните сознанија, Сипковски настрадал при нестручно ракување со експлозивна материја — пентрит (PETN), моќен детонабилен состав кој, како што се наведува, наводно бил наменет за ликвидација на лице поврзано со организиран криминал. Од експлозијата целосно е уништен станот каде што се случил настанот, а оштетени се и два соседни стана.Полицијата приведе лице осомничено дека му предало експлозивБелградските истражни органи соопштија дека го привеле Филип В. (26), кој е осомничен дека на 30 септември незаконски набавил и пренел експлозивна материја — пентрит — и, според сомневањата, му ја предал на Сипковски. По приведувањето тој бил сослушан во Више јавно обвинителство во Белград; против него е поднесено обвинение за недозволена набавка, држење и промет на оружје и експлозивни материјали, а обвинителството побарало да му се определи притвор поради опасност од бегање и ризик од повторување на кривично дело.Истрага за околностите и мотивитеКако што стои во досегашните откритија на истрагата, Сипковски наводно внел експлозивна направa во зграда на улица Дечанска, по што следната вечер, при наводно несоодветно ракување, детонацијата се случила и го усмртила. Случајот се третира како сериозна кривична постапка; истражителите собираат траги, материјални докази и сведочења за целосно разјаснување на околностите.Кој беше Мартин Сипковски?Во јавноста Сипковски беше познат како поранешен младински ракометар на РК Вардар, кој подоцна се насочил кон моделинг и работење во модната индустрија. Неговиот пресврт кон модата и достигнувањето договор со агенција во Истанбул беа широко покриени во медиумите, а соработуваше и со покоен Зоки Фаци; исто така е споменат како студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје. Белградските извештаи, како и некои информации од Македонија, укажуваат дека имал претходни полициски евиденции, но точниот карактер и опсег на евентуалните криминални активности се предмет на истрагата.Што е пентрит?Пентрит (пентаеритритол тетранитрат, PETN) е силен експлозив во форма на бели кристали, користен во детонатори и во производството на одредени видови пластични експлозиви. Заради големата разорна моќ и чувствителност на удар и триење, неговото нелегално поседување и употреба претставува значаен безбедносен ризик.Надлежните српски служби најавија дека ќе продолжат со темелна истрага за да ги утврдат сите факти и мотиви поврзани со трагичната експлозија.

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 15 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 16 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања