Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Кристијан Ландов

media-libraryv99820f27oh9b8CSgkI

(🔴ВО ЖИВО) Претрес на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Од професорката Мирјана Најчевска вечерва во „Претрес“ ќе бараме одговори за навредите кои често ги има во нејзините статуси како „глупи“, „недоквакани“, „трулеж“, како и дали истите се замена за аргументите во една дебата.Прашуваме зошто не и успеа да стане ниту градоначалник во 2009 година, а потоа ниту пратеник во 2024 година кога доби 1.223 гласови...а нема пофалено никого на кого тоа му успеа.Скопје го нарече „болна фантазија на психопати“, кои се тие? Ќе се потсетиме на времињата кога носеше маица „хулиганка“ и беше дел од Шарена револуција. Што се смени тогаш, чувствува ли грижа на совест за доаѓањето на Заев?Нејзиниот сопруг беше именуван за амбасадор од Бујар Османи во 2021 година. По две години во Прага, ја изгуби функцијата - како? Што велат документите, а што Најчевска? Нејзината ќерка живее во Велика Британија, се кае ли што не се преселила и таа?За нападите кон верниците и религијата, за ставовите за уличните кучиња... и други теми..Следете во живо:

Студио | пред 8 часа

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Граѓаните кои ги платиле сообраќајните казни од системот „Безбеден град“ немаат обврска да доставуваат потврди во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.Од МВР појаснуваат дека нивниот систем е автоматски поврзан со системот на Министерството за финансии, со што уплатите се евидентираат без дополнителна постапка од страна на граѓаните.Сепак, од таму потенцираат дека при уплатата мора точно да се пополнат податоците во уплатницата, особено единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“, согласно правната поука.„Апелираме до граѓаните да не ги носат потврдите од платените санкции во полициска станица, со цел да се заштеди време и да се избегнат непотребни гужви“, велат од МВР.

Настани | пред 13 часа

media-libraryjimerv9r0tsg7YCYuYB

Грција најавува олеснување на ЕЕС контролите за српските туристи во шпицот на сезоната

Српските туристи кои летово ќе патуваат кон Грција би можеле да поминат со значително полесни гранични процедури, без целосна примена на биометрискиот систем ЕЕС (Entry/Exit System) во најоптоварените месеци. Таквото очекување го изнесе директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА), Александар Сениќиќ, посочувајќи дека целта е да се избегнат долги редици и застои на граничните премини и аеродромите.Според најавата, моделот би бил сличен на оној што веќе е применет за британските државјани, кои во летната сезона би биле изземени од биометриските проверки поради страв од метеж. Во контекст на високата бројка на посетители од Велика Британија, мерката е насочена кон намалување на времето за чекање и полесен проток на патници во најфреквентните термини.Сениќиќ оценува дека и српските граѓани, кои традиционално се меѓу најбројните гости во Грција, не треба да се грижат дека ќе бидат погодени од километарски колони поради новиот режим на контрола. Тој смета дека е реално во јули и август, кога притисокот на граничните точки е најголем, грчките власти практично да ја ублажат или привремено да ја запрат биометриската постапка и да се вратат на проверка „само со пасош“, како и во претходните години.Во најавите се потенцира дека државите имаат можност флексибилно да ја приспособат примената на ЕЕС зависно од состојбата на терен. Во ситуации со големи гужви, службениците би можеле привремено да прескокнат фотографирање и земање отпечатоци, а контролата да ја завршат со стандардна проверка на документите.Посебно важен дел за оние што патуваат со автомобил е проценката дека сличен пристап може да се применува и на копнените гранични премини, токму во часовите и деновите кога метежот е најголем. Пораката до туристите е дека не треба да се откажуваат од патувањето, бидејќи се очекува практични олеснувања да бидат активирани кога ќе се појави ризик од блокади на премините.

Свет | пред 18 часа

zena-srekjna

По 25 април, парите „се појавуваат од никаде“: Овие 5 хороскопски знаци влегуваат во најплодниот финансиски период

По 25 април започнува период што, според астролошките толкувања, носи нагласена промена во енергијата и отвора врати за финансиски раст, пробиви во кариерата и шанси што доаѓаат ненадејно. Наместо бавен и постепен напредок, акцентот е на брзи можности што можат да се претворат во конкретни резултати речиси веднаш, особено ако се препознаат во вистинскиот момент.Се посочува дека крајот на април носи ретка комбинација на стабилност и силен поттик за напредок, што може да се одрази како: неочекувани финансиски добивки, забрзано професионално признание, нови извори на приход и попаметни одлуки што водат кон долгорочна сигурност.Во фокус се пет хороскопски знаци за кои се најавува „полн паричник“ и појасни резултати по 25 април.Бикот влегува во исклучително поволен циклус за пари, удобност и стабилност. Се нагласува дека трудот од минатото конечно почнува да дава видливи плодови, со можни подобрувања во приходите, раст на заштедите или подобри услови за инвестиции. На работа се очекува поголема стабилност и шанси што носат корист на подолг рок.Кај Близнаците доминира динамика и брзина – период во кој контакти, комуникација и умешно донесени одлуки можат да донесат „брза добивка“. Се потенцира можноста за нови извори на приход, дополнителни ангажмани или идеи што брзо стануваат исплатливи, особено преку вмрежување и соработка.Лавот е во фаза на зголемена видливост и професионални признанија. Според толкувањето, ова е време кога вложениот напор се забележува и се наградува, со потенцијал за унапредување, нова позиција, лидерска улога или значаен чекор напред во кариерата.Шкорпијата, по период на внатрешна трансформација, влегува во фаза на „награда“ и надворешни резултати. Се најавуваат поприметни финансиски подобрувања и посилно чувство на контрола во одлуките поврзани со пари и работа, како и ефект од претходно вложената истрајност.Водолијата, пак, добива силен поттик преку иновации, креативност и неконвенционални патишта. Се спомнуваат ненадејни можности – од нови проекти до профитабилни соработки – при што поддршката од заедници, мрежи и тимови може да биде клучна за успехот во овој циклус.За сите знаци пораката е слична: шансите може да дојдат ненадејно, но најголем ефект ќе имаат кај оние што се подготвени да реагираат брзо, да преговараат паметно и да ги претворат моменталните можности во стабилна основа за понатамошен раст.

Магазин | пред 18 часа

media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Трамп најави дека САД разгледуваат валутна размена со ОАЕ и можен „финансиски потпор“ поради регионалната криза

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон разгледува можност за валутна размена со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), како и потенцијална форма на финансиска поддршка за земјата во услови на засилена нестабилност на Блискиот Исток.На прашање дали постои план за воспоставување валутна размена со ОАЕ, Трамп кусо одговори дека „се разгледува“, притоа оценувајќи ги Емиратите како „добар сојузник“. Во ист контекст, тој посочи дека САД би биле подготвени да помогнат доколку партнерот се соочи со потешкотии, додавајќи дека американската политика и ангажманот во регионот веќе имаат значајни финансиски и безбедносни импликации.Според наводите во извештајот, идејата за линија на валутна размена била отворена на средби во Вашингтон минатата недела, каде што гувернерот на централната банка на ОАЕ разговарал со американскиот министер за финансии Скот Бесент и со претставници на Федералните резерви. Таквата алатка обично служи како „безбедносна мрежа“ за обезбедување ликвидност, особено во периоди на шокови на финансиските пазари или зголемени геополитички ризици.Во меѓувреме, амбасадорот на ОАЕ во САД, Јусеф Ал Отаиба, реагираше со порака дека економијата на Емиратите останува отпорна и дека секоја претпоставка оти земјата бара надворешна финансиска поддршка претставува погрешно толкување. Тој нагласи дека партнерството меѓу ОАЕ и САД е долгорочно и се темели на взаемни придобивки, а не на зависност од едностран „спасувачки“ пакет.Изјавата на Трамп доаѓа во момент кога регионалните тензии и ризиците за енергетските текови и финансиската стабилност повторно се во фокусот на глобалните пазари, што го поттикнува интересот за механизми што би ја зајакнале ликвидноста и довербата во критични периоди.

Свет | пред 19 часа

media-librarysmnmrhnlilti7uJK1gF

Воени планери од 30 држави во Лондон: Се крои план за отворање на Ормутскиот теснец

Во Лондон започна дводневен состанок на воени планери од повеќе од 30 земји, на кој се разработува меѓународна мисија за повторно отворање на Ормутскиот теснец и обезбедување на слободна пловидба.Состанокот доаѓа една недела откако повеќе од десет држави, предводени од Велика Британија и Франција, се обврзаа да учествуваат во заедничка одбранбена мисија, чија цел е заштита на клучниот поморски коридор веднаш штом се создадат услови за тоа.Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека целта на состанокот е да се преточи постигнатиот дипломатски консензус во конкретен оперативен план.„Нашата задача денес и утре е да го претвориме дипломатскиот консензус во заеднички план со кој ќе обезбедиме слободна пловидба во теснецот и ќе поддржиме траен прекин на огнот“, изјави Хили, додавајќи дека очекува напредок во наредните два дена.Според британските власти, разговорите ќе се фокусираат на дефинирање на воените капацитети, командната структура и распоредувањето на силите во регионот.Мисијата, како што е најавено, би започнала по воспоставување одржлив прекин на огнот, со цел да се гарантира безбедноста на трговските бродови низ Ормутскиот теснец, низ кој минува значаен дел од светската нафта и гас.

Свет | пред 19 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Соединетите Американски Држави потрошиле повеќе од половина од своите залихи на клучни ракети за противвоздушна одбрана за помалку од два месеца војна со Иран, покажува анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии.Според податоците, од вкупно околу 2.330 ракети за системот „Патриот“, досега се испукани меѓу 1.060 и 1.430. Слична е состојбата и со системот ТХААД, каде од 360 ракети се потрошени меѓу 190 и 290.Овие бројки предизвикуваат сериозна загриженост во Украина, која веќе користи системи „Патриот“ и бара дополнителни капацитети за одбрана од руските напади.Украинските власти со месеци предупредуваат дека користењето скапи ракети за уништување евтини беспилотни летала создава нерамнотежа и го празни арсеналот. Во услови кога во една ноќ се појавуваат стотици дронови, ваквата стратегија се покажува како неодржлива.Иако Украина развива поевтини алтернативи за одбрана од беспилотни летала, како што се специјализирани дронови-пресретнувачи, за заштита од балистички ракети и понатаму е целосно зависна од западната поддршка.Дополнителен проблем е бавниот процес на производство. Според анализата, за ракетите од типот ПАЦ-3 потребни се речиси две и пол години само за договор, пред да започне нивното производство.Во меѓувреме, производителите работат на зголемување на капацитетите, но експертите предупредуваат дека постои реален ризик побарувачката да ја надмине понудата, што би можело да има директни последици врз одбранбените способности на Украина.

Свет | пред 19 часа

si-dziping2

Кина нуди помош за Африка поради последиците од војната со Иран

Кинескиот претседател Си Џинпинг најави дека Кина е подготвена да им помогне на африканските држави во справувањето со економските последици од војната меѓу САД и Израел со Иран.Изјавата ја даде за време на средбата во Пекинг со претседателот на Мозамбик, Даниел Чапе, што претставува прва посета на африкански лидер во Кина од почетокот на конфликтот.Си оцени дека последиците од војната веќе се чувствуваат во Африка, особено поради зависноста на многу земји од увоз на гориво, храна и ѓубрива, како и поради нарушувањата во трговијата преку Ормутскиот теснец.„Глобалниот југ, со Кина и Африка како негови претставници, отсекогаш бил сила на правдата во светот кој се соочува со немири. Подготвени сме заедно да се справиме со предизвиците, да го промовираме мирот и да работиме на развојот“, изјави Си.Средбата доаѓа во период на засилени дипломатски активности на Пекинг, пред очекуваната посета на американскиот претседател Доналд Трамп во мај.Во меѓувреме, Кина дополнително ги проширува економските врски со африканските држави преку воведување режим на нулта царина за увоз од 53 земји, мерка што стапува на сила од 1 мај.Во сенка на овие активности, се продлабочуваат и тензиите околу Тајван. Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те беше принуден да откаже патување во Африка, откако неколку земји повлекле дозволи за прелет на неговиот авион, што од Тајпеј го оценија како резултат на притисок од Кина.Од Пекинг, пак, им се заблагодарија на овие држави за, како што наведоа, почитувањето на принципот „една Кина“.

Свет | пред 19 часа

nafta-696x465-1

Кина ги намали цените на горивата по падот на нафтата

Кина ги намали максималните малопродажни цени на бензинот и дизелот, првпат оваа година, по падот на глобалните цени на нафтата по ескалацијата на конфликтот со Иран.Кинеската Национална комисија за развој и реформи соопшти дека цената на бензинот се намалува за 555 јуани по тон, односно околу 72 евра, додека дизелот поевтинува за 530 јуани, или приближно 69 евра. Новите цени стапуваат на сила од 22 април 2026 година.По намалувањето, просечната цена на бензинот во Кина изнесува околу 9,56 јуани за литар, односно околу 1,24 евра, додека дизелот се продава за околу 8,59 јуани за литар, или приближно 1,11 евра. За возачите тоа значи заштеда од околу три евра при полнење резервоар од 50 литри.Претходно, цените на горивата во Кина бележеа раст во три наврати од март, како последица на порастот на цените на нафтата поради воените случувања на Блискиот Исток. Во одреден период, бензинот се доближи до психолошката граница од 10 јуани за литар, но државните мерки го ублажија дополнителниот раст.Падот на цените доаѓа и поради намалената побарувачка и зголемените залихи во рафинериите. Високите цени доведоа до помала потрошувачка, додека истовремено се создаде вишок гориво, што дополнително ги притисна цените надолу.Кинеските власти ги коригираат цените на горивата на секои десет работни дена, следејќи ги движењата на светските пазари.И покрај намалувањето, неизвесноста останува висока поради состојбите околу Ормутскиот теснец, клучна рута низ која поминува значаен дел од светската нафта. Аналитичарите предупредуваат дека нови тензии во регионот може повторно да предизвикаат раст на цените во текот на годинава.

Свет | пред 19 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека води, како што наведуваат, „болна и лажна кампања“, реагирајќи на тврдењата дека генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, се сретнал со српскиот политичар Бранко Ружиќ.Од СДСМ тврдат дека таква средба не постои и дека Димитријевиќ во тој период бил на погреб на свој близок член од семејството.„Единствената вистина е дека Саша Димитријевиќ беше на погребот на својот дедо. Никаков состанок не постои. Димитријевиќ јасно го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту се видел, ниту ги познава Ружиќ и Башановиќ“, велат од СДСМ.Партијата оценува дека се работи за обид од, како што наведуваат, „пропагандни медиуми и политички структури“ да создадат афера од приватен и семеен момент.„Од човечка тага и семеен момент тие прават нова ‘афера’. Ова е класичен пример на болна и безобразна кампања“, се додава во реакцијата.Во соопштението СДСМ изнесува и сериозни обвинувања дека ваквите наративи се дел од поширока операција за дискредитација на опозицијата.„Ова е дел од операцијата со приватни структури за следење и фабрикување афери. Кога ВМРО-ДПМНЕ останува без аргументи, единственото што им останува е да измислуваат лажни скандали, дури и од погреби“, наведуваат од партијата.Од СДСМ порачуваат дека, и покрај ваквите напади, ќе продолжат со политичкото дејствување.„СДСМ продолжува да работи за граѓаните. Вистината секогаш излегува на површина“, стои во соопштението.

Македонија | пред 20 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднела Предлог-закон за измена на Законот за пратеници, со кој во иднина кандидатите за пратеници ќе мора да имаат исклучиво македонско државјанство.Таа посочи дека предлогот веќе е поднесен во Собранието и ќе се разгледува по скратена постапка, нагласувајќи дека со оваа измена ќе се стави крај на, како што рече, „обвинувањата и шпекулациите за двојни државјанства кај функционери“.„Во Собранието веќе е поднесен Предлог на закон за измена на Законот за пратеници. И тука повторно ќе се руши уште еден меур од сапуница, оние списоци кои ги објавуваа, па сега многу актуелни ги направија повторно со парламентарниве избори во Бугарија, дека добар дел од наши пратеници, функционери, се со двојни државјанства“, изјави Стојаноска во гостување на телевизија Алфа.Таа потенцираше дека меѓу потписниците на законските измени се и актуелни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, чии имиња, како што рече, биле споменувани во објавените списоци.„Потписници на оваа измена се токму пратеници кои СДС ги обвинува дека имаат бугарско државјанство. Ако тоа беше точно, тогаш би било апсурд тие да го потпишат овој предлог“, рече Стојаноска.Според предложените измени, условот за кандидирање за пратеник ќе биде поседување само македонско државјанство, што значи дека лицата со двојно државјанство нема да можат да се кандидираат на идните избори.Стојаноска повика на јавно изјаснување од сите пратеници.„Да видиме како ќе се изјаснат колегите од СДС. Денес ќе се види кој е навистина за ова решение, а кој блефира“, изјави таа, додавајќи дека предлогот ќе биде ставен на дневен ред на седница.

Македонија | пред 20 часа

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

СДСМ преку соопштение му се обрати на градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, кој доаѓа од нивните редови, да распише референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали сакаат отворање рудник за антимон во нивниот регион.Цело соопштение:„Народот на Крива Паланка треба да се праша преку референдум за рудникот за антимон.Градоначалникот Сашко Митовски, не може да одлучува сам или да се договара со Мицкоски.Граѓаните на Крива Паланка, а не експертите поврзани со ВМРО-ОКГ и бизнис интересите на Мицкоски, треба да одлучат дали сакаат рудник за антимон во нивниот крај.СДСМ не е против инвестиции, туку против рудник што загрозува здравје и тивко убива.Копањето антимон е една од најтоксичните рударски дејности во светот.Тоа носи сериозни здравствени ризици – респираторни заболувања, оштетување на срцето, проблеми со црниот дроб и бубрезите, дерматитис, анемија, репродуктивни нарушувања и зголемен ризик од рак на белите дробови.Антимон триоксид е класифициран како веројатно канцероген за луѓето.Имаме горчливо искуство токму со рудникот Лојане. Таму отпадот од старите рудници и денес загадува почва, вода и воздух.Луѓето сè уште страдаат од хронични заболувања, а отпадот продолжува да го труе регионот со децении.Истото се случува и со проектите за литиум.Се ветуваат работни места, а на крајот остануваат загадена вода, почва и сериозни здравствени проблеми.Македонија веќе е на црната листа по квалитетот на воздухот. Уште еден рудник за токсичен метал значи уште еден проект за убивање на граѓаните.Градоначалникот мора првенствено да ги слуша своите граѓани, а не човекот кој ја гледа државата како свој тендер.Мора да знае градоначалникот Митовски кога се слуша со Мицкоски, човекот кој се занимава исклучиво со својот приватен бизнис, носи часовници од 65.000 евра додека народот гладува, купува приватни авиони и прави струја преку почесни конзули како неговиот пријател Душан Адамовиќ.Градоначалниче – референдум!Нека граѓаните на Крива Паланка сами одлучат.СДСМ е и секогаш ќе биде на страната на народот, а не на страната на Мицкоски и неговата тендер-коалиција“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 20 часа

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Хаос во Техеран го кочи договорот – Трамп постави ултиматум

Американскиот претседател Доналд Трамп им дал краток рок од три до пет дена на иранските власти да се усогласат и да излезат со конкретен одговор за мировен договор, во спротивно, продолженото примирје ќе биде прекинато, пренесуваат американски медиуми повикувајќи се на извори од администрацијата.Според истите извори, во Вашингтон владее уверување дека внатрешните поделби во Техеран се главната пречка за договор. Воените структури, предводени од Револуционерната гарда, се во судир со цивилните преговарачи, додека врховниот лидер речиси воопшто не комуницира со јавноста.Тензиите дополнително ескалирале по првата рунда разговори во Исламабад, кога военото раководство отфрлило дел од договореното од дипломатите, особено околу отворањето на Ормутскиот теснец.Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс чекал со часови на писта за лет кон Пакистан, но патувањето било откажано поради отсуство на согласност од иранска страна за нова рунда разговори.Иако во Белата куќа се разгледувале и опции за нови напади врз иранската инфраструктура, Трамп на крајот одлучил да ѝ даде уште шанса на дипломатијата. Според негови соработници, тој смета дека воено веќе го постигнал максимумот и сака да го заврши конфликтот.„Претседателот донесе цврста одлука да ја заврши војната, но нема да се откаже од притисокот“, велат извори блиски до администрацијата.Како клучен адут останува поморската блокада, за која Трамп тврди дека го довела Иран во сериозна финансиска криза. Според него, Техеран губи стотици милиони долари дневно и е под силен притисок да постигне договор.Сепак, во Вашингтон предупредуваат дека доколку во наредните денови не се постигне напредок, воената опција повторно ќе се врати на маса.

Свет | пред 20 часа

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Сообраќаен хаос, блокирани ленти и зголемен ризик за безбедноста – ваква е секојдневната состојба на улицата „Франјо Клуз“ во скопската населба Аеродром, реагираат жители преку социјалните мрежи односно групата „Аеродромци“.Според нив, една од сообраќајните ленти речиси постојано е зафатена од непрописно паркирани возила, најчесто од посетители на локалите во околните згради, кои ја користат коловозната лента како паркинг.„Со часови не може да се помине. Две возила не можат да се разминат, а при поголем метеж настанува целосен застој“, велат револтирани жители.Проблемот е дополнително сериозен поради близината на основното училиште „Блаже Конески“, каде во периодите кога учениците доаѓаат и си заминуваат од настава, метежот е најизразен.Жителите предупредуваат дека ваквата состојба претставува и безбедносен ризик, особено во случај на итни интервенции. „Доколку дојде возило на брза помош или пожарна, тешко дека ќе може да помине“, посочуваат тие.И покрај бројните поплаки, засега нема конкретна реакција од надлежните. Граѓаните бараат засилени контроли, санкции за несовесните возачи и трајно решение за нормализирање на сообраќајот.

Скопје | пред 20 часа

media-libraryajt7hsoh6jk4dxK9h6y

Дронови и ракети над нуклеарни зони: Киев алармира за ризик од нова катастрофа

Русија повторно лансира дронови и ракети кои минуваат во непосредна близина на нуклеарни постројки во Украина, вклучително и околу поранешната електрана во Чернобил, предупреди главниот украински државен обвинител Руслан Кравченко.Според него, регистрирани се најмалку 35 хиперсонични ракети „Кинжал“ кои летале на растојание помало од 20 километри од Чернобил или нуклеарната електрана Хмељницки, при што 18 од нив поминале близу до двете локации во ист лет.„За вакви лансирања нема воено оправдување. Очигледно е дека се користат исклучиво за застрашување и терор“, наведува Кравченко.Дополнително, украинските власти тврдат дека од средината на 2024 година се регистрирани најмалку 92 дронови кои летале во радиус од пет километри од заштитниот саркофаг во Чернобил, кој го спречува ширењето на радијацијата од уништениот реактор.Во три случаи, ракети паднале во близина на електраната Хмељницки, на оддалеченост од околу десет километри, без јасни причини за падот.Меѓународната агенција за атомска енергија изрази сериозна загриженост за воените активности во близина на нуклеарните објекти, повикувајќи на максимална воздржаност за да се избегне нуклеарна несреќа.Украинските власти сметаат дека ваквите летови се дел од стратегија за избегнување на противвоздушната одбрана, но и средство за психолошки притисок, со потенцијално сериозни последици за безбедноста не само во Украина, туку и во Европа.

Свет | пред 20 часа

IMG_5459

Грција тргна по гас под морето: сондажи во Јонското Море, милијарди на маса и силен отпор од екологистите

Грција ја засилува трката за енергетска независност и за поголема геостратегиска тежина во Источното Средоземно море, отворајќи нов фронт во потрагата по јаглеводороди во морските подрачја. По потпишувањето договор за истражни сондажи во Јонското Море, Атина ја претставува иницијативата како „историски момент“ за зајакнување на енергетската безбедност, но паралелно расте и притисокот од еколошките организации кои предупредуваат на ризици за морските екосистеми и за климатските цели.Според планот, конзорциум составен од ExxonMobil и грчките компании Energean и HelleniQ Energy треба да започне истражувања во февруари 2027 година. Пред тоа, проектот мора да ја помине проценката на влијанието врз животната средина, со рок до 15 јуни, што е клучен услов за почеток на активностите.Енергетскиот влог е значителен. Проценките на Energean сугерираат дека потенцијалните резерви би можеле да достигнат и до 270 милијарди кубни метри природен гас — количина што, доколку се потврди, би можела да покрива национална потрошувачка со децении. Во случај на уверливо откритие, ќе следуваат дополнителни вложувања до 5 милијарди евра, а дел од анализите наведуваат дека проектот може да донесе повеќемилијардни приходи за грчката држава.Владата во Атина смета дека ваквите проекти не се само прашање на пазар и енергија, туку и на позиционирање: Грција сака да се профилира како стратешки енергетски јазол за Европската унија во период на зголемени геополитички тензии во регионот.Но амбициите доаѓаат со сериозни неизвесности. Успехот на првиот сондаж се проценува на релативно ниско ниво, меѓу другото поради длабочината на наоѓалиштата. Дополнително, во март грчкиот парламент ратификуваше уште четири енергетски договори со Chevron за истражување на јаглеводороди во морски зони во Јонското Море, јужно од Пелопонез и кај островот Крит, што ја проширува сликата за поагресивен истражувачки бран.Еколошките организации предупредуваат дека дел од подрачјата за истражување се наоѓаат во близина на едни од најбогатите и најранливи морски екосистеми во Средоземното море. Јонското море е дом на заштитени видови, меѓу кои делфини, кашалоти, средоземноморска фока и морската желка карета, чиишто клучни места за размножување се поврзуваат со делови од грчкото крајбрежје.Посебно се истакнуваат ризиците од сеизмички истражувања и длабоководно дупчење, кои создаваат силни акустични бранови и можат да го нарушат животот на морските цицачи што се потпираат на звук за ориентација и комуникација. „Гринпис“ започна национална кампања со барање да се стопираат сондажите, оценувајќи дека политиката е во остар судир со реалноста на климатската криза.Организациите наведуваат три групи ризици: директна закана за биодиверзитетот, можни економски последици врз туризмот и рибарството, како и климатски ефект во период кога ЕУ е насочена кон декарбонизација. WWF оди чекор понатаму, тврдејќи дека економските добивки би биле ограничени, додека потенцијалната штета за природата би можела да биде огромна, особено во случај на инцидент како излевање на нафта, со ризик за работни места во туризмот – еден од столбовите на грчката економија.Од владината страна пораката е дека ќе се почитуваат строгите еколошки стандарди и дека процедурите ќе обезбедат контролирано и безбедно спроведување. Компанијата Energean, пак, го посочува долгогодишното работење на локацијата „Принос“ како пример за експлоатација без големи инциденти и со еколошки сертификат. Во меѓувреме, судирот меѓу енергетските планови и зелениот отпор станува сè поостар, а прашањето дали Грција ќе стане регионален енергетски играч – или ќе влезе во нов циклус на зависност од фосилни горива – останува отворено.

Свет | пред 20 часа

media-libraryhmd5s32dgl639WoaqjK

Акција на Комунална хигиена: Отплата на долгови без камата за сметките за отпад во Скопје

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје објави акција со која на граѓаните им се овозможува отплата на заостанати долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање.Акцијата се однесува на корисниците кои имаат долг евидентиран преку заедничката сметка со ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, по основ на неплатени услуги за собирање и транспортирање на комунален отпад, како за редовни, така и за веќе тужени побарувања.Од претпријатието информираат дека можноста за плаќање без камата е временски ограничена и ќе трае од 20 април до 5 јуни 2026 година.Со оваа мерка, од „Комунална хигиена“ ги повикуваат граѓаните да ја искористат поволноста и да ги подмират обврските без дополнителни трошоци.

Скопје | пред 20 часа

migranti-grcija-1

Никогаш немало повеќе имигранти во ЕУ - бројката порасна за 2,1 милион за една година

Бројот на имигранти кои живеат во Европската Унија достигна рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што е зголемување за околу 2,1 милион во однос на претходната година, покажува ново истражување на Центарот за истражување и анализа на миграции при РФ Берлин.Во извештајот, кој се повикува на податоци од Евростат и Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, се наведува дека во 2010 година во ЕУ имало околу 40 милиони имигранти, што значи дека за 15 години бројката значително пораснала.Германија и натаму е земјата со најголем број жители родени во странство – речиси 18 милиони, од кои 72 проценти се во работоспособна возраст. Најбрз раст бележи Шпанија, каде бројот на лица родени во странство се зголемил за околу 700.000 и достигнал 9,5 милиони.Истражувањето покажува дека миграциските текови не се рамномерно распределени низ Унијата. Во однос на големината на населението, најголем удел на имигранти имаат Луксембург, Малта и Кипар.Барањата за азил, пак, се концентрирани во неколку земји – Шпанија, Италија, Франција и Германија, кои заедно сочинуваат речиси три четвртини од сите поднесени барања. Германија има и најголем број бегалци – околу 2,7 милиони.

Свет | пред 20 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Социјалдемократскиот сојуз, предводен од Венко Филипче, сѐ повеќе се оддалечува од интересите на граѓаните и членството, ставајќи се, како што велат, во функција на странски политички агенди.Од партијата тврдат дека генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со српскиот опозициски политичар Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој, според нив, дошол во Скопје со цел да воспостави соработка и евентуален заеднички опозициски фронт.„Оваа средба отвора сериозни прашања за насоката и приоритетите на СДС. Наместо фокус на домашните предизвици, се прават обиди за вклучување во политички процеси надвор од државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата поставува повеќе прашања до Димитријевиќ, меѓу кои дали на средбата присуствувале и други високи политички функционери, како и детали околу пристигнувањето на Ружиќ во Скопје.Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДС да ја информира јавноста за целите и мотивите на ваквите контакти, прашувајќи зошто, како што наведуваат, опозициската партија се ангажира во активности поврзани со друга држава, наместо да се фокусира на политичките состојби во Македонија.

Македонија | пред 20 часа

media-library9qthgcncaec9dpSeE2x

Еуфоријата за Заев потврди – СДС не се менува, смета владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Еуфоричниот пречек на поранешниот лидер Зоран Заев на роденденот на СДСМ е доказ дека партијата нема намера да се реформира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Според нив, аплаузите и, како што велат, восхитот кон Заев го засениле самиот настан, но и актуелното раководство предводено од Венко Филипче.„Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев покажува дека нема намера за расчистување со криминалот и корупцијата, туку напротив – нивно оправдување и заштита“, наведуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека, додека дел од членството бара реформи и стабилизација, партиското раководство и, како што велат, „заевите лојалисти“, продолжуваат со политики кои ја уништуваат СДСМ.Тие оценуваат дека евентуалните реформи во опозициската партија треба да започнат со, како што наведуваат, „чистење на криминалците како Заев и Филипче“.

Македонија | пред 20 часа

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран постави услов: Прво укинете ја блокадата, па ќе преговараме

Иран е подготвен да ги продолжи преговорите со САД, но само доколку Вашингтон ја укине блокадата и престане со, како што тврдат, кршење на примирјето, изјави иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир-Саид Иравани.Тој посочи дека веднаш по укинувањето на блокадата, новата рунда разговори може да се одржи во Исламабад, нагласувајќи дека Техеран е подготвен за сите сценарија.„Ако бараат политичко решение – подготвени сме. Ако бараат војна – подготвени сме и за тоа“, изјави Иравани.Сепак, перспективата за нови преговори станува сѐ понеизвесна. Иако во пакистанската престолнина се преземени засилени безбедносни мерки, оптимизмот опаѓа и сѐ помалку е веројатно дека разговорите ќе се одржат во најавениот рок.Во меѓувреме, тензиите на теренот дополнително растат. Иран повторно се закани со напади врз американски и израелски цели доколку продолжи, како што велат, „агресијата“, а висок воен претставник предупреди дека и соседните земји би можеле да останат без нафта ако дозволат нивна територија да се користи за напади.Од другата страна, САД не попуштаат. Американската администрација потврди дека блокадата на иранските пристаништа и извозот на нафта останува во сила, а дополнително се засилува притисокот и преку финансиски мерки, вклучително и ограничување на исплати кон Ирак.Кризата веќе има глобални последици. Европската унија разгледува мерки за ублажување на енергетскиот удар, додека растот на цените на горивата ја принуди авиоиндустријата на кратење – германската „Луфтханза“ најави укинување на 20.000 летови.Дополнителна загриженост предизвика и инцидентот во близина на Оман, каде ирански сили нападнале контејнерски брод, при што е оштетен командниот мост, но без жртви.Со вакви развои, дипломатскиот процес останува блокиран, а ризикот од поширока ескалација расте од ден на ден.

Свет | пред 20 часа

media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Раст на штедењето и кредитирањето: Банкарскиот сектор со двоцифрен раст

Вкупните депозити во банкарскиот систем во март бележат годишен раст од 11,3 проценти, додека кредитната поддршка е зголемена за 13,1 процент, покажуваат најновите податоци на Народната банка.Според централната банка, растот на депозитите доаѓа од зголемувањето кај двата клучни сектора – домаќинствата и компаниите, при што поголем придонес имаат граѓаните.Во исто време, кредитната активност продолжува да се засилува, при што зголемувањето е резултат на повисокото кредитирање и на фирмите и на домаќинствата, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.Само во март, депозитите пораснале за 1,8 проценти на месечно ниво, главно поради зголеменото штедење на компаниите, додека кај домаќинствата е забележан благ пад.Кредитите, пак, на месечно ниво се зголемени за 1,4 проценти, што дополнително укажува на континуирано зголемување на кредитната поддршка во економијата.Податоците покажуваат дека корпоративниот сектор има клучна улога во овој раст, со годишно зголемување на кредитите од 15 проценти, додека кредитите кај домаќинствата растат со нешто побавно, но стабилно темпо од 11,5 проценти.Овие движења укажуваат на засилена финансиска активност во економијата, со истовремено зголемување на штедењето и задолжувањето, што вообичаено се поврзува со раст на потрошувачката и инвестициите.

Македонија | пред 20 часа

Screenshot-2025-06-24-at-09.15.54

„Телеграф“: Администрацијата на Трамп и натаму без јасен план за Иран

Администрацијата на Доналд Трамп се соочува со сериозни критики дека нема јасна стратегија за Иран, додека примирјето меѓу двете страни истекува, објавува британски „Телеграф“, повикувајќи се на извори блиски до американската власт.Според нив, последните денови биле обележани со целосна конфузија во врвот на власта, при што самиот Трамп во рок од 48 часа давал спротивставени изјави – од тврдења дека договорот е „близу“, до оценка дека е недостижен, за на крај да го продолжи примирјето.„Се чини дека никој во администрацијата не знае што се случува. Кој е планот и која е целта. Сè изгледа како хаос“, изјавил извор за весникот.Дополнителна неизвесност внеле и спротивставените информации околу улогата на потпретседателот Џеј Ди Венс, кој според дел од изјавите требало да патува во Пакистан на преговори, додека според други – воопшто немало да замине.Поранешни функционери оценуваат дека Трамп сè повеќе се потпира на личен инстинкт и на тесен круг лојални советници, наместо на институционалните механизми за донесување одлуки во време на воена криза.„Тој не сака формални состаноци и структуриран процес. Смета дека може сам да носи одлуки“, изјавил поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон.Во текстот се наведува и загриженост дека на претседателот му се презентира „разубавена слика“ за текот на војната, додека негативните информации, вклучително и за цивилни жртви, не стигнуваат до него во целост.Контрадикторните пораки од Вашингтон и Техеран дополнително го усложнуваат дипломатскиот процес, а според дипломатски извори од регионот на Персискиот Залив, токму јавните објави на Трамп придонесуваат за нестабилност и ја поткопуваат довербата во преговорите.Иако американскиот претседател претходно тврдеше дека воените цели се речиси постигнати и дека крајот на конфликтот е близу, повеќе од 50 дена од почетокот на нападите, клучните несогласувања остануваат нерешени.

Свет | пред 20 часа

zemjodelci

Опозицијата предупредува на прехранбена криза: Земјоделците на удар

Додека глобалните институции предупредуваат на можна прехранбена криза и раст на цените, СДСМ обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски „живее во паралелна реалност“, зборувајќи за економски успеси наместо да реагира на, како што велат, сериозните ризици за граѓаните и земјоделците.Од партијата посочуваат дека војната на Блискиот Исток и нарушениот проток низ Ормутскиот теснец веќе имаат директни последици врз глобалниот пазар, со раст на цените на ѓубривата за 26,2 проценти и на енергијата за 41,6 проценти. Дополнително, Светската банка и Организацијата за храна и земјоделство предупредуваат на нов раст на цените на ѓубривата до 20 проценти во првата половина од годинава.Според СДСМ, ваквите движења директно ги погодуваат македонските земјоделци, кои се зависни од увозни ѓубрива, што ќе доведе до намалени приноси и зголемена зависност од увоз на храна.„Храната веќе поскапува, а тоа е резултат на растот на цените на енергијата и ѓубривата. Владата реагира доцна и со недоволни мерки“, велат од СДСМ.Како пример ја посочуваат одлуката за ограничување на маржата на ѓубривата до крајот на мај, оценувајќи дека таа нема суштински ефект, бидејќи најголем дел од земјоделците веќе ги направиле трошоците по повисоки цени.Од опозицијата потсетуваат дека предложиле сет економски мерки уште на почетокот на кризата, меѓу кои намалување на данокот на додадена вредност за храна на нула проценти, намалување на данокот за горива на пет проценти и намалување на акцизите, како и директна финансиска помош за ранливите категории.„Сега е предоцна. Граѓаните и земјоделците ќе ја платат цената на доцнењето“, наведуваат од СДСМ.Оттаму додаваат дека ќе продолжат да бараат итни економски мерки, оценувајќи дека економијата и земјоделството не се статистика, туку прашање на секојдневна егзистенција.

Македонија | пред 21 час

media-librarysh812f4nb3u1dgMFSRR

Трагедија на границата Бугарија-Турција: две лица загинаа, 16 повредени откако автобус тргнал наназад и прегазил патници

Ужасен инцидент со автобус се случил во непосредна близина на граничниот пункт кај Малко Трново меѓу Бугарија и Турција, при што загинаа две лица, а 16 се повредени. Во првичниот биланс се наведува дека станува збор за украински автобус со патници кои биле украински државјани.Според првичните информации, возилото застанало на патот откако останало без гориво. Патниците биле изведени надвор, но автобусот потоа ненадејно тргнал наназад и прегазил дел од луѓето кои се наоѓале зад него.По список, во автобусот имало 37 патници и двајца возачи, односно вкупно 39 лица. По инцидентот автобусот завршил во ров, а од местото се извлечени сите патници и возачите.Шестмина од повредените биле транспортирани во здравствени установи во Бургас, додека десет лица се однесени во центарот на итната медицинска помош во Малко Трново. Останатите од групата привремено се сместени во дневен центар во пограничниот град.Надлежните служби продолжуваат со утврдување на околностите и причините за несреќата.

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања