Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-library8fs2abhs1kfga65TuOq

Градоначалникот на Бања Лука: „Сакаа да ми забранат влез во Хрватска три години“

Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, тврди дека при неодамнешно задржување на граница со Хрватска му било најавено дека може да добие забрана за влез во земјата во траење од три години.Тој изјави дека претходно бил казнет со 700 евра за наводен говор на омраза, што, како што вели, не го прифаќа како основано.„Во Бања Лука зборувам за обнова на сите верски објекти – катедрали, џамии, светилишта. Присуствувам и на католички и на муслимански празници“, рече Станивуковиќ.Според неговите тврдења, по таа казна, секое негово минување низ Хрватска било проследено со задржувања, претреси и проверки кои траеле со часови.„Во два месеца 14 пати ме задржуваат по два часа. Чекам и куче за проверка, па минуваат и по еден или два часа пред да продолжам“, изјави тој.Во врска со последниот инцидент, Станивуковиќ вели дека бил приведен откако одбил повторно да дозволи детално претресување на личните работи.Тој тврди дека бил задржан од 22 часот до 2 часот по полноќ, а потоа пренесен во полициска станица, каде поминал околу 15 часа во притвор и добил две казни.Засега нема официјална реакција од надлежните институции во Хрватска во врска со овие наводи.

Свет | пред 1 ден

media-librarypv97hgpq5nrseUhckBF

Истражување: САД посиромашни од Европа според ново мерење

И покрај повисоките просечни приходи, САД имаат значително повисоко ниво на „просечно сиромаштво“ во споредба со водечките европски економии, покажува ново истражување на економистот Оливие Стерк од Универзитет Оксфорд.Според анализата, на просечен Американец му се потребни 63 минути за да заработи еден меѓународен долар, што е речиси двојно повеќе од Германија (26 минути), Франција (31 минута) и Обединето Кралство (34 минути).Истражувањето воведува нов концепт – „просечно сиромаштво“, кој не се базира на класични прагови, туку на времето потребно за заработка на одредена вредност. Овој пристап, според авторот, подобро ја отсликува реалната распределба на доходите во општеството.Иако економијата на САД бележи раст, сиромаштијата во оваа мерка се зголемува. Причината, според Стерк, е растечката нееднаквост.„Во САД, нееднаквоста расте побрзо од приходите, што значи дека сè поголем дел од населението има ниски примања“, објаснува тој.За разлика од тоа, во европските земји нееднаквоста останува релативно стабилна, па економскиот раст директно придонесува за намалување на сиромаштијата.Податоците покажуваат дека од 1990 година до денес, времето потребно за заработка на еден долар во САД се зголемило за 47 проценти, додека во Европа се намалило.Истражувањето заклучува дека клучниот фактор не е само растот на економијата, туку начинот на кој се распределува богатството – при што САД остануваат една од најнееднаквите економии меѓу развиените земји.

Свет | пред 1 ден

market-pari

СДСМ со „фрижидер анкета“: Рејтингот се мери со празна трпеза

СДСМ излезе со остра критика за растот на цените. Тие велат дека тоа е вистинската слика за состојбата во државата, која не се гледа во анкетите, туку во фрижидерите на граѓаните.Од партијата велат дека цените на основните прехранбени производи континуирано растат, посочувајќи дека пиперките достигнале 300 денари за килограм, доматите над 200 денари, зејтинот 118 денари, а јајцата над 110 денари.„Цените до плафон – рејтингот до плафон. Во маркетите шок, а во фрижидерите – празнина“, наведуваат од СДСМ.Тие порачуваат дека со приближувањето на Велигден, секое семејство ќе ја почувствува реалната економска состојба.„Нема поголема анкета од фрижидерот. Нема поголема вистина за рејтингот од празната трпеза“, се додава во реакцијата.Од СДСМ обвинуваат дека граѓаните се соочуваат со сè поголем притисок врз домашниот буџет, додека, како што велат, власта се обидува да ја прикаже ситуацијата како стабилна.„Нема леб, но затоа има игри“, порачуваат од партијата, оценувајќи дека реалноста за граѓаните е далеку од официјалните наративи.

Македонија | пред 1 ден

fiskalni333

Сива економија под удар, УЈП со засилени контроли: Над 6.400 фирми работат без фискални апарати

Управа за јавни приходи започнува засилени контроли во борбата против сивата економија, насочени кон субјекти кои вршат дејност без регистриран фискален систем.Според службените податоци, дури 6.451 даночен обврзник, кои се активни и имаат вработени, работат без фискални апарати, иако вршат промет со готовина. Од нив, 3.115 се и ДДВ-обврзници, што дополнително укажува на редовна деловна активност.Контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски.Дополнително, УЈП идентификувала уште 13.966 субјекти без регистрирани фискални уреди, за кои ќе се вршат теренски проверки и вкрстување на податоци. Доколку се утврди дека вршат дејност без пријавување на промет и плаќање даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и кривични постапки.Согласно закон, секој што врши промет со готовина е должен да користи фискален апарат, да го регистрира во УЈП и да издава фискална сметка за секоја трансакција.Од институцијата предупредуваат дека непочитувањето на овие обврски носи парични казни и можност за запечатување на објектите.УЈП ги повика сите даночни обврзници кои не се усогласени со законските прописи итно да воведат и регистрираат фискален систем, нагласувајќи дека борбата против сивата економија останува еден од клучните приоритети, со цел создавање фер услови на пазарот и заштита на легалниот бизнис.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryls5mmn9nu0vm6Vrgw6R

(Видео) Драма во Германија: ноќен клуб изгоре до темел, спасени 750 лица

Голем пожар целосно ја уништи дискотеката „Kiss-Club“ во Кел, но благодарение на брзата реакција, сите околу 750 посетители успеале навреме да се евакуираат.Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 3:45 часот, кога огнот бил забележан на покривот на објектот во индустриската зона на градот.Кога пристигнале првите противпожарни екипи, дискотеката веќе била целосно зафатена од пламен.„Сите лица успеале самостојно да излезат од објектот“, изјави командирот на интервенцијата, додавајќи дека на дел од посетителите им била укажана медицинска помош на лице место.Поради сериозноста на пожарот, областа околу клубот била обезбедена, а гаснењето траело со часови.Причината за пожарот засега не е позната, а криминалистичката полиција веќе започнала истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот.

Свет | пред 1 ден

media-librarykh14r29pgftf0jWN4VJ

Венс прв, Рубио веднаш зад него – борба за наследник на Доналд Трамп

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, повторно води во анкетата спроведена на CPAC, но значителен раст бележи и Марко Рубио, што отвора нова динамика во Републиканската партија во пресрет на изборите во 2028 година.Според резултатите, Венс освоил 53 отсто од гласовите, што е пад во однос на минатогодишните 61 отсто, додека Рубио скокнал на 35 отсто поддршка, откако претходно бил речиси незабележлив во истата анкета.Иако истражувањето не е репрезентативно за целото гласачко тело, туку се однесува на учесниците на конференцијата, резултатите се сметаат за индикатор за расположението во базата на конзервативците.Подемот на Рубио се поврзува со неговата активна улога во администрацијата на Доналд Трамп, особено во контекст на надворешната политика и воените и дипломатските активности поврзани со Иран, Венецуела и Куба.Од друга страна, Венс во последниот период е помалку експониран, а неговите претходни ставови против нови воени конфликти отворија прашања кај дел од поддржувачите за неговата позиција во однос на актуелните случувања.Меѓу дел од помладите конзервативци се појавува и желба за нови лица, наместо повторување на истите политички комбинации, но сепак Венс задржува силна поддршка, особено поради неговата лична приказна и блискоста со гласачката база.Во исто време, отсуството на Трамп од конференцијата – првпат по една деценија – дополнително ја засили дебатата за тоа кој ќе биде негов политички наследник. Иако тој јавно не поддржал никого, неговото мислење се смета за клучно во идната трка.Покрај Венс и Рубио, останатите потенцијални кандидати, меѓу кои Тед Круз, Рон Десантис и Ренд Пол, имаат минимална поддршка во оваа анкета.Резултатите упатуваат на можно формирање на ново ривалство во рамки на партијата, но и на сценарио во кое Венс и Рубио би можеле да се најдат на иста изборна листа, како потенцијален победнички тандем за 2028 година.

Свет | пред 1 ден

media-libraryuanpn87or3e42w4BfIi

Северна Кореја тестира мотор за ракети што можат да стигнат до САД

Северна Кореја направи нов чекор во развојот на својата ракетна програма, откако лидерот Ким Џонг-ун надгледуваше тестирање на мотор на цврсто гориво со висок потисок, соопшти државната агенција КЦНА.Според експертите, тестирањето претставува значаен напредок во развојот на интерконтинентални балистички ракети (ICBM), кои би можеле да достигнат цели на територијата на САД.Новата генерација мотори на цврсто гориво овозможува побрзо лансирање и минимални подготовки, што значително ја зголемува оперативната подготвеност на ракетните системи. Последниот тест, според достапните информации, достигнал потисок од над 2.500 килонјутони, што е значително зголемување во однос на претходните тестирања.Аналитичарите оценуваат дека Пјонгјанг веќе ја поседува технологијата за ракети со глобален дострел, а фокусот сега се префрла на развој на системи што можат да носат повеќе боеви глави. Таквите ракети би можеле истовремено да погодат повеќе цели и да ги надминат противракетните системи.„Прашањето повеќе не е дали можат да стигнат до Америка, туку дали можат да носат повеќе боеви глави“, оценуваат експерти за одбрана.Овој потег доаѓа во контекст на зголемени тензии и засилена трка во вооружување, при што Северна Кореја продолжува да го модернизира својот воен арсенал како дел од долгорочната стратегија за национална одбрана.

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Нафтата и кризата со Иран ги туркаат берзите надолу петта недела

Цените на акциите на светските берзи бележат пад веќе петта недела по ред, под притисок на кризата на Блискиот Исток и растечките цени на нафтата, кои ги зголемуваат стравувањата од инфлација и забавување на глобалната економија.На Вол Стрит, Dow Jones падна за 0,9 отсто, додека S&P 500 загуби 2,1 отсто, а Nasdaq дури 3,2 отсто. Индексите влегоа во зона на корекција, повеќе од 10 проценти под нивните рекордни вредности.Главна причина за нестабилноста е геополитичката неизвесност, особено по ескалацијата меѓу САД, Израел и Иран. Цените на нафтата остануваат високи, делумно и поради ограничувањата во поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарите.Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран мора да прифати договор или ќе следат уште поинтензивни напади, додека Техеран го оцени американскиот предлог како „едностран и неправеден“.Аналитичарите предупредуваат дека пазарите се движат во спротивни насоки од ден на ден, поради контрадикторните сигнали од политичката сцена.„Не се знае со кого Трамп преговара, што создава дополнителна несигурност“, вели стратегот Даг Бит од инвестицискиот институт „Велс Фарго“.Инвеститорите стравуваат дека високите цени на енергенсите ќе ја поттикнат инфлацијата, што веќе ги намали очекувањата дека Федерални резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки оваа година.На европските берзи, пак, тргувањето беше нестабилно, но со благи добивки. Лондонскиот FTSE порасна за 0,5 отсто, парискиот CAC за 0,4, додека германскиот DAX забележа благ пад од 0,4 проценти.Пазарите остануваат под силно влијание на геополитиката, со ризик дека продолжената криза може да предизвика подлабоки економски последици на глобално ниво.

Свет | пред 1 ден

media-library73mb43plnjnedbO1FnU

(Видео) Апокалиптично црвено небо над Западна Австралија

Небото над Западна Австралија вчера доби интензивна црвена боја, создавајќи сцени кои многумина ги опишаа како нереални и апокалиптични. Сепак, зад овој впечатлив феномен стојат добро познати научни објаснувања.Сончевата светлина, иако изгледа бела, е составена од сите бои на спектарот. Кога Сонцето е ниско на хоризонтот – како при изгрејсонце или зајдисонце – светлината минува низ подебел слој од атмосферата. Во тој процес, пократките бранови, како сината светлина, се расејуваат, додека подолгите – црвените и портокаловите – доминираат во видливиот спектар.Ефектот бил дополнително засилен поради зголемено присуство на прашина и честички во воздухот. Се смета дека ветровите од циклонот Нарел донеле големи количини пустински песок во атмосферата, што довело до т.н. Мие-расејување – процес кој ги интензивира црвените тонови.Овој феномен често се поврзува и со временски промени. Познатата изрека „црвено небо наутро – предупредување за морнарите“ има научна основа, бидејќи може да укажува на доаѓање на облаци и врнежи.Иако ваквите сцени можат да делуваат вознемирувачки, тие се природен резултат на физичките закони во атмосферата и интеракцијата меѓу светлината и честичките во воздухот.

Свет | пред 1 ден

media-library2lufctii90kp2bFVJ21

(Видео) Детски настап со симболи од „голема Албанија“ на МРТВ2

Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија. Емитувањето на ваков настап на јавен сервис ја отвори дилемата за границата меѓу културен израз и политичка симболика, особено кога станува збор за програма во која учествуваат деца.

Настани | пред 1 ден

media-librarysak710hclcfs5PIhc22

(Видео) Сомнежи за купување гласови во Србија, граѓаните бараат реакција

Сомнежи за купување гласови се појавија во Црвенка, Србија, каде што денес се одржуваат локални избори, откако граѓани објавија видео и побараа итна реакција од надлежните институции.Според нивните тврдења, во еден објект се одвиваат сомнителни активности поврзани со нелегална купопродажба на гласови, при што, како што наведуваат, сè се случува зад затворени врати и без контрола.Очевидци апелираат до полицијата да интервенира и да изврши проверка на локацијата.„Секое одложување отвора простор за манипулации и злоупотреби“, посочуваат граѓаните, кои тврдат дека досега нема видлива реакција на терен.Овие наводи доаѓаат во чувствителен момент за изборниот процес, кој веќе е под зголемен јавен притисок поради сомнежи за нерегуларности.Граѓаните предупредуваат дека ваквите случаи не се изолирани, туку дел од поширок проблем што со години се повторува без јасен институционален одговор.Засега нема официјална потврда од надлежните институции за наводите, ниту информации дали е отворена истрага.

Свет | пред 1 ден

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Илјадници жртви во војната на Блискиот Исток – објавени најнови бројки: меѓу другите загинале и 236 деца

Илјадници луѓе загинале во актуелната војна на Блискиот Исток, која започна на 28 февруари со напади врз Иран од страна на САД и Израел, по што следуваа одмазднички напади и отворање на нови фронтови во регионот.Според податоците објавени од Ројтерс, кои не се независно потврдени, најголем број жртви има во Иран. Организацијата за човекови права ХРАНА наведува дека загинале 3.461 лице, од кои 1.551 цивили, вклучително најмалку 236 деца. Од друга страна, Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина проценува дека најмалку 1.900 луѓе се убиени, а 20.000 се повредени.Во Либан, од почетокот на март, во израелските напади загинале 1.189 лица, меѓу кои најмалку 124 деца. Дополнително, над 400 борци на Хезболах се убиени во судирите со Израел.Во Ирак, најмалку 100 лица ги загубиле животите, вклучувајќи цивили и припадници на различни вооружени структури.Во Израел, ракетните напади од Иран и Либан однеле 19 животи, додека четворица израелски војници загинале во борбите во јужен Либан.САД пријавуваат 13 загинати војници, дел во пад на воен авион во Ирак, а дел во директни операции поврзани со конфликтот. Дополнително, 12 американски војници се ранети во напад на база во Саудиска Арабија.Во земјите од Заливот и пошироко, бројот на жртви продолжува да расте. Во Обединети Арапски Емирати загинале 10 лица, во Кувајт шест, во Бахреин две, а во Оман најмалку три лица.Жртви се регистрирани и на Западниот Брег, каде во ракетен напад загинале четири жени, како и во Сирија, каде четири лица биле убиени при удар врз зграда.Конфликтот продолжува да се шири и продлабочува, со сериозни последици за цивилното население, инфраструктурата и регионалната стабилност, додека дипломатските напори за негово запирање засега не даваат резултати.

Свет | пред 1 ден

jajca

АХВ спречи нелегален увоз: уништени над 40 тони нелегални јајца од Србија

Над 40 тони необележени јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла, откако инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со Царинската управа, спречија обид за нивен нелегален увоз во земјава.Акцијата била спроведена на граничниот премин Табановце, каде по детална контрола биле откриени вкупно 572.400 свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка биле пронајдени 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца.„Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин  Табановце беше спроведена акција во која при детална контрола откриени се над 572 илјади необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока.Во едната пратка пронајдени се 270 илјади, а во другата 302.400 необележани јајца. Според сознанијата на АХВ, овие производи требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, со што директно се загрозува и угледот и конкурентноста на домашното производство.Благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција на АХВ, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите. Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла.АХВ уште еднаш ја потврдува својата клучна улога во заштитата на безбедноста на храната и интересите на граѓаните и домашните производители и останува посветена на бескомпромисна борба против измамите со храна, продолжувајќи со засилени контроли и активности на терен. За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење“, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrpvvpp1kb1dc2xe7C0d

(Видео) Се известува за насилство на изборниот ден во Србија: Претепан студент, објавена снимка од инцидентот

Насилни инциденти го одбележуваат изборниот ден во Бор, каде утрово, според информации од студентите во Србија, бил претепан друг студент, пред избирачко место.Според нивните наводи, нападот се случил околу 8 часот, еден час по отворањето на гласачките места, пред избирачко место број 40. Во истиот инцидент, како што тврдат, биле нападнати и членови на мобилни тимови.На социјалните мрежи беше објавена видео-снимка од настанот, на која се слушаат повици до полицијата и обиди на присутните да го спречат насилството.Дополнително, студентите информираат дека инцидент имало и на избирачко место број 2, каде дошло до физичка пресметка.И покрај зголемената излезност и присуството на домашни и меѓународни набљудувачи, овие случувања отвораат сериозни прашања за безбедноста и регуларноста на изборниот процес.Засега нема официјална потврда или детали од надлежните институции за пријавените инциденти.

Свет | пред 1 ден

pozarna-london-britanija

Автомобил прегази пешаци во центарот на англискиот град Дерби – повеќе повредени

Повеќе лица се повредени, дел од нив потешко, откако автомобил влетал меѓу пешаци во центарот на англискиот град Дерби, соопшти полицијата.Инцидентот се случил во саботата околу 21:30 часот на улицата Фрајар Гејт, каде што возило удрило во повеќе луѓе.Повредените биле згрижени на лице место од медицински екипи, а потоа пренесени во болница.Полицијата брзо го пронашла и запрела возилото за кое се сомнева дека учествувало во инцидентот, по што бил уапсен возачот – маж во триесеттите години, кој се наоѓа во притвор.Сведоци опишуваат драматични сцени.„Луѓе лежеле на подот. Беше многу застрашувачко. Кога дојдовме зад аголот, имаше луѓе насекаде“, изјавил очевидец за локалните медиуми.Од полицијата наведуваат дека истрагата е во рана фаза и апелираат до граѓаните да достават информации, особено доколку го забележале црниот „Сузуки Свифт“ во времето на инцидентот.Областа околу местото на настанот е затворена за сообраќај, а улицата Фрајар Гејт останува блокирана додека трае увидот.Надлежните уверуваат дека, и покрај сериозноста на настанот, во моментов нема индиции за дополнителна закана за јавноста.

Свет | пред 1 ден

media-librarygvogudadguku5RFvRyH

Иран со закани: оддалечете се од американски универзитети во регионот

Иран упати ново остро предупредување во контекст на ескалирачкиот конфликт на Блискиот Исток, најавувајќи можни напади врз американски и израелски универзитети во регионот.Според новинската агенција Фарс, поврзана со ИРГЦ, елитните сили порачаа дека американската влада треба да ги осуди нападите врз ирански универзитети, во спротивно тие би можеле да станат цел на одмазда.Во пораката се наведува дека на сите вработени, професори и студенти на американски универзитети во регионот, како и на жителите во нивна близина, им се препорачува да се оддалечат најмалку еден километар од кампусите.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, обвини дека во изминатите недели биле погодени повеќе научни и образовни институции.„Технолошкиот универзитет во Исфахан и Универзитетот за наука и технологија во Техеран се само дел од институциите кои беа намерно таргетирани“, изјави тој, додавајќи дека нападите имаат за цел да ги ослабат научните и културните капацитети на земјата.Тој ги отфрли тврдењата дека нападите се поврзани со нуклеарната програма, оценувајќи ги како „изговор“.Во меѓувреме, конфликтот меѓу Иран, САД и Израел продолжува да се интензивира, откако на 28 февруари започнаа координирани напади врз иранска територија.Ситуацијата дополнително се усложнува со пошироките последици врз регионот, вклучително и нарушувањата во поморскиот сообраќај и нападите врз цели во Израел и земјите од Персискиот Залив, што отвора ризик од понатамошна ескалација со сериозни безбедносни и економски последици.

Свет | пред 1 ден

IMG_6877

Хутите повторно се закана за светската економија

Јеменското движење Хути повторно се појавува како фактор на ризик за глобалната економија, откако по неколкунеделна воздржаност започна со нови напади кон Израел и најави проширување на активностите.Иако нивните ракетни напади врз израелска територија имаат ограничен воен ефект, аналитичарите предупредуваат дека вистинската закана лежи во нивната способност да ја нарушат една од најважните светски поморски рути – Црвеното Море.Движењето, кое контролира голем дел од Јемен, вклучително и главниот град Сана, претходно изведуваше напади врз трговски бродови во теснецот Баб ел-Мандеб – стратешка точка низ која минува значителен дел од светската трговија и енергетски транспорт.Доколку ваквите акции продолжат, последиците би можеле да бидат глобални – зголемени трошоци за транспорт, нарушување на синџирите на снабдување и раст на цените на енергенсите.Ризикот дополнително се зголемува со потенцијалното затворање на Ормускиот теснец од страна на Иран, што би значело блокада на два од најважните светски коридори за трговија и снабдување со нафта.Покрај тоа, Хутите имаат капацитет да таргетираат и инфраструктура во земјите од Заливот, како Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати, што дополнително ја зголемува геополитичката неизвесност.Во минатото, ваквите напади предизвикаа силни воени одговори од Соединетите Американски Држави и Израел, насочени кон позициите и раководството на групата.Сепак, актуелниот развој покажува дека движењето останува оперативно и подготвено за нова ескалација, што отвора прашање колку далеку е подготвено да оди во конфликтот кој веќе се проширува низ регионот.Поголемо вклучување на Хутите во судирот меѓу САД, Израел и Иран би можело да доведе не само до нова регионална ескалација, туку и до обновување на внатрешните конфликти во Јемен, со потенцијално сериозни последици за глобалната стабилност.

Свет | пред 1 ден

vucic-4124

Локални избори во Србија: тест за власта на Александар Вучиќ

Во 10 општини во Србија денеска се одржуваат локални избори, кои се сметаат за важен политички тест за власта предводена од Александар Вучиќ.Граѓаните гласаат за состав на локалните парламенти во Аранѓеловац, Бор, Бајина Башта, Књажевац, Кладово, Смедеревска Паланка, Севојно, Кула, Мајданпек и Лучани, каде ќе се избираат советници за четиригодишен мандат.Во сите општини, на власт досега е Српската напредна странка (СНС), која заедно со Социјалистичката партија на Србија (СПС) настапува во коалиција. Заедничките листи го носат името на Вучиќ и се рангирани под број еден во сите изборни единици.Бројот на изборни листи варира од три до седум, во зависност од општината, при што најголема конкуренција има во Бор со седум листи, додека во Кладово има само три.Опозицијата настапува неединствено. На дел од местата, како Бајина Башта и Бор, опозициските партии и студентските движења настапуваат заедно, додека во други општини излегуваат одделно или само со поддршка без директно учество. Во одредени средини, како Смедеревска Паланка, беа забележани и меѓусебни несогласувања при составувањето на листите.Изборниот процес го следи делегација на Советот на Европа, која спроведува набљудувачка мисија од 26 до 30 март, заедно со домашни набљудувачи.Резултатите од овие избори ќе се сметаат за индикатор за расположението на гласачите и потенцијален сигнал за политичките текови во Србија во наредниот период.

Свет | пред 1 ден

media-libraryjc3bsvsqpnai3K2G1Fn

Дронови од Ирак целеле американска база

Американска воена база во Сирија била цел на напад со дронови лансирани од територија на Ирак, но нападот бил успешно одбиен без жртви, соопштија сириските власти.Помошникот на сирискиот министер за одбрана, Сипан Хамо, информираше дека базата во Касрак била нападната со четири дрона.„Претходно денес, американската база во Касрак, лоцирана на наша територија, беше нападната со четири дрона лансирани од ирачка територија“, изјави Хамо, додавајќи дека „дроновите се соборени без жртви“.Тој посочи дека одговорноста за нападот ја гледаат кај Ирак.„Го сметаме Ирак за одговорен и го повикуваме да спречи повторување на вакви напади кои ја загрозуваат нашата стабилност“, изјави Хамо.Инцидентот следува само еден ден по сличен напад, кога сириската војска соопшти дека одбила уште еден напад со дронови од Ирак, насочен кон базата Ал-Танф во југоисточниот дел од земјата.Нападите се случуваат во контекст на зголемени тензии и засилени напади врз американски позиции во регионот.

Македонија | пред 1 ден

media-librarym5f239j3rm2r48hRBgD

Студено утро, потопол ден – температури до 18 степени

Минусни температури на планините и во дел од повисоките места, а преку ден пораст на температурите до 18 степени – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи.Најниска температура утринава е измерена на Попова Шапка со -7 степени, по што следуваат Маврови Анови со -3 и Крушево со -2 степени. Под нулата се и Крива Паланка и Претор со -1 степен, додека нула степени се измерени во Охрид, Штип и Струмица. Во Тетово, Берово и Виница се измерени 1 степен, во Битола, Прилеп и Демир Капија 2 степени, Куманово 3, а во Скопје-Петровец, Зајчев Рид, Велес и Кавадарци 4 степени. Најтопло утринава е во Гевгелија со 6 степени.Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се измерени во Охрид – 6 литри на метар квадратен, во Прилеп 5, во Крушево и Тополчани 4, во Битола 2, а во Маврови Анови и на Попова Шапка 1 литар на метар квадратен.Снежната покривка е највисока на Попова Шапка со 61 сантиметар, додека во Крушево се измерени 3 сантиметри.Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Максималната температура ќе се движи од 11 до 18 степени.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе се засилува. Дневната температура ќе достигне до 16 степени.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryjrdvm76dpg894skEoh6

ВМРО-ДПМНЕ: СДС под 5%, програмата на Филипче не поминува, ниту еден ПР трик не ги брише скандалите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ се наоѓа во длабока политичка криза и дека новата програма на лидерот Венко Филипче не може да ја врати довербата кај граѓаните.Од партијата оценуваат дека, и покрај обидите да се прикаже како нов почеток, програмата не нуди суштински промени.„Колку и Венко да се обидува да ја продава својата ‘нова програма’ како некоја голема промена, вистината е дека ништо ново не постои и дека позади секоја негова изјава и секоја негова ‘иницијатива’ стои агенда која ја носи СДС во пропаст“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението, Филипче се критикува и за неговиот мандат како министер за здравство.„Филипче како поранешен министер за здравство се обидуваше да профитира од буквално се што можеше, и му се случија најголемите скандали и го креираше системот кој ја урна довербата кај граѓаните, па затоа сега не може да се претставува како реформатор без тоа да звучи како навреда за интелигенцијата на граѓаните“, стои во реакцијата.Според ВМРО-ДПМНЕ, влијанието на Зоран Заев и понатаму е присутно во партијата.„Заев и понатаму ја има реалната тежина и влијание врз СДС, а тоа се потврдува со лицата кои сега се дел од највисокото раководство на партијата, а се блиски до него“, наведуваат од партијата.Дополнително, се посочува дека комуникациските стратегии не можат да ја променат сликата во јавноста.„Ниту еден пиар трик, ниту најдобро осмислена кампања предводена од Башановиќ не можат да ги избришат скандалите на Филипче за секоја неуспешна политика и секој обид за профит, додека Заев ја води и ја контролира партијата од позадина и гарантира дека истиот модел на лоши практики ќе продолжи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата оценува дека СДС има сериозен пад на довербата кај граѓаните.„Според најновите анкети, СДС е трета партија во државата и нема ни цели 5% доверба од граѓаните, а Филипче како лидер е петти и далеку од тие 5% кои ги ужива партијата. И ова е сурова, непопустлива реалност која не може да се избрише“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во заклучокот, од партијата порачуваат дека ниту една кампања не може да ја прикрие, како што велат, изгубената доверба.„Со лидер рангиран уште пониско од самата партија и со пад на довербата кај граѓаните јасно дека ниту една кампања не може да ја прикрие длабоката криза и изгубениот кредибилитет“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 1 ден

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Повеќе од 10 пријави, трагичен крај: Стартува судењето за Стојанче, по трагедијата во која починаа Ивана и Катја

Утре започнува судењето против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса.Судењето ќе го води судијата Ивица Стефановски, познат по постапувањето во предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според Обвинителството, Јовановски подолг период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа била тепана, навредувана и понижувана, како во домот така и на јавни места и пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението наведува дека насилството кулминирало на критичниот ден, по што Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и чувство на безизлезност, поради што таа не можела разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според информациите од МВР, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се водела истрага и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерството за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи.Податоците на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство.

Македонија | пред 1 ден

ukraina-kiev-1

Смртоносни напади меѓу Русија и Украина: загинати цивили од двете страни

Најмалку четири лица загинаа во руските ноќни воздушни напади врз Украина, додека во украински напад на руска територија е убиено дете, соопштија локалните власти од двете земји, во нов бран ескалација на конфликтот.Во јужниот украински град Одеса, според локалните власти, загинале две лица, а најмалку 13 се повредени, откако бил погоден и објект на родилиште.„Немаше апсолутно никаква воена цел таму. Станува збор едноставно за чист тероризам против цивилни животи“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.Нападите предизвикале значителна материјална штета, вклучително и на пристанишната инфраструктура во регионот на Одеса, каде биле регистрирани повеќе удари.Според украинските воздухопловни сили, во текот на ноќта Русија лансирала 273 дрона, од кои 252 биле соборени.Во друг напад, во Криви Рог, бил убиен еден маж откако била погодена индустриска постројка, при што избувнале пожари.Во централна Украина, во Полтавската област, едно лице загинало откако дронови погодиле станбена зграда и индустриски објекти.„Секој ваков напад е доказ дека Русија нема намера да ја заврши оваа војна. Затоа, секое попуштање на притисокот врз неа е опасно“, изјави Зеленски.Истовремено, руските власти соопштија дека во украински напад со дрон врз Јарослављ, северно од Москва, загинало дете.Според руските информации, во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 155 украински дронови во рускиот воздушен простор.Нападите доаѓаат во контекст на континуирани воздушни операции од двете страни, при што конфликтот, кој трае од февруари 2022 година, продолжува да носи жртви и уништување на цивилна и стратешка инфраструктура.

Свет | пред 2 дена

media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе на чекор до вечниот рекорд на Франција: уште еден гол го дели од Жиру

Килијан Мбапе се доближи на само еден погодок до врвот на вечната листа на стрелци на француската репрезентација и најавува дека прашање на време е кога ќе го надмине Оливие Жиру.Напаѓачот на Реал Мадрид моментално има 56 голови во 94 настапи за „триколорите“, додека Жиру е прв со 57 погодоци во 137 натпревари. Со тоа, Мбапе не само што е блиску до рекордот по вкупен број голови, туку веќе се издвојува и по ефикасност – со просек од 0,59 гола по меч, најдобар меѓу најистакнатите француски репрезентативни голгетери.Новиот погодок за националниот тим го постигна во пријателскиот дуел со Бразил (2:1) во Масачусетс, каде со прецизен лоб-удар ја затресе мрежата на „селесао“. Мбапе дебитираше за Франција во 2017 година, а неговиот континуитет и учинок во клучни натпревари го поставуваат во позиција да ја преземе титулата „најдобар стрелец на сите времиња“ на репрезентацијата.На врвот на историјата на францускиот национален тим, зад првите двајца, се редат имиња со силна тежина во европскиот фудбал:Оливие Жиру – 57 гола / 137 натпревариКилијан Мбапе – 56 / 94Тјери Анри – 51 / 123Антоан Гризман – 44 / 137Мишел Платини – 41 / 72Карим Бензема – 37 / 97Давид Трезеге – 34 / 71Зинедин Зидан – 31 / 106Со оглед на темпото со кое погодува, се очекува Мбапе наскоро да го помести рекордот и да ја отвори новата страница во голгетерската историја на Франција.

Спорт | пред 2 дена

media-library8vug2a8qjaga2H0LvjZ

(Видео) Напад во јужен Либан: загинаа тројца, меѓу нив двајца новинари

Тројца луѓе, меѓу кои и двајца новинари, загинаа во израелски напад врз нивно возило во јужен Либан, во инцидент што предизвика остри реакции и дополнително ја заостри ситуацијата во регионот.Меѓу загинатите се идентификувани Фатима Фатуни, репортерка на Ал Мајадин, и Али Шајеб, дописник на Ал-Манар.Израелските власти тврдат дека тие биле поврзани со Хезболах.Либанскиот претседател Жозеф Аун го осуди нападот и повика на меѓународна реакција.„Ги повикуваме сите меѓународни организации да преземат мерки за да се запре она што се случува на нашата земја, и уште еднаш изразуваме сочувство до семејствата на мачениците и новинарската и медиумската заедница во Либан“, изјави Аун.Израелски воен претставник, пак, го опиша Али Шајеб како дел од структурата на Хезболах.„Ал Шајеб беше ‘секундарна оска’ во пропагандниот апарат на Хезболах. Тој одржуваше контакти со познати оперативци на Хезболах“, изјави израелскиот претставник.Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили најавија дека ќе продолжат со „силни дејствија“ против Хезболах, што дополнително ја зголемува неизвесноста и ризикот од нова ескалација во јужен Либан.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања