Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нафтата и кризата со Иран ги туркаат берзите надолу петта недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx
unsplash

Светските берзи паѓаат петта недела по ред поради кризата на Блискиот Исток и високите цени на нафтата, што ги засилува стравувањата од инфлација и забавување на глобалната економија. На Вол Стрит Dow Jones падна 0,9%, S&P 500 2,1%, а Nasdaq 3,2%, при што индексите влегоа во зона на корекција. Нестабилноста ја поттикнува ескалацијата меѓу САД, Израел и Иран и ограничувањата низ Ормускиот теснец. Инвеститорите стравуваат дека скапата енергија ќе ја одржи инфлацијата и ќе ги намали шансите ФЕД да ги намали каматите. Во Европа имаше мешани, благи промени.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Цените на акциите на светските берзи бележат пад веќе петта недела по ред, под притисок на кризата на Блискиот Исток и растечките цени на нафтата, кои ги зголемуваат стравувањата од инфлација и забавување на глобалната економија.

На Вол Стрит, Dow Jones падна за 0,9 отсто, додека S&P 500 загуби 2,1 отсто, а Nasdaq дури 3,2 отсто. Индексите влегоа во зона на корекција, повеќе од 10 проценти под нивните рекордни вредности.

— реклама —

Главна причина за нестабилноста е геополитичката неизвесност, особено по ескалацијата меѓу САД, Израел и Иран. Цените на нафтата остануваат високи, делумно и поради ограничувањата во поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, што дополнително ја зголемува неизвесноста на пазарите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран мора да прифати договор или ќе следат уште поинтензивни напади, додека Техеран го оцени американскиот предлог како „едностран и неправеден“.

— реклама —

Аналитичарите предупредуваат дека пазарите се движат во спротивни насоки од ден на ден, поради контрадикторните сигнали од политичката сцена.

„Не се знае со кого Трамп преговара, што создава дополнителна несигурност“, вели стратегот Даг Бит од инвестицискиот институт „Велс Фарго“.

Инвеститорите стравуваат дека високите цени на енергенсите ќе ја поттикнат инфлацијата, што веќе ги намали очекувањата дека Федерални резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки оваа година.

На европските берзи, пак, тргувањето беше нестабилно, но со благи добивки. Лондонскиот FTSE порасна за 0,5 отсто, парискиот CAC за 0,4, додека германскиот DAX забележа благ пад од 0,4 проценти.

Пазарите остануваат под силно влијание на геополитиката, со ризик дека продолжената криза може да предизвика подлабоки економски последици на глобално ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања