Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-library8m8vj6i7h0g79BnvYip

Техеран со предупредување до соседите: „Не дозволувајте да ве вовлечат во војна“

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати остро предупредување до земјите во регионот да не дозволат „непријателите“ да водат војна од нивна територија, оценувајќи дека тоа директно ја загрозува нивната безбедност и сопствениот развој.Пораката ја објави на социјалната мрежа Икс, каде повтори дека Иран, според официјалниот став на Техеран, не спроведува превентивни напади, но дека ќе одговори решително доколку бидат погодени клучни објекти.„Многу пати рековме дека Иран не изведува превентивни напади, но ќе возвратиме силно доколку нашата инфраструктура или економските центри бидат цел“, напиша Пезешкијан.Во обраќањето до државите од Блискиот Исток, тој беше експлицитен дека нивниот избор на позиционирање во кризата ќе има долгорочни последици.„Ако сакате развој и безбедност, не дозволувајте нашите непријатели да ја водат војната од вашите земји“, порача иранскиот претседател.Изјавата доаѓа во момент на нагласени тензии и растечки ризик од поширока регионална ескалација, при што Техеран сигнализира дека секој напад врз витални економски и инфраструктурни точки би добил „силен“ одговор. Во вакви услови, предупредувањето до соседните држави се чита како обид да се спречи отворање нови фронтови преку нивни територии и да се намали просторот за операции на противничките сили во непосредното окружување на Иран.

Свет | пред 2 дена

brza-pomos-soobrakajka

Седум без дозвола, четворица пијани - 12 возачи се приведени

Дванаесет возачи се лишени од слобода во изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, при што еден бил повикан на службен разговор во Свети Николе, додека останатите биле приведени во Тетово, Куманово, Делчево, Битола и Кичево.Дополнително, четворица возачи во Тетово, Куманово, Берово и Ресен биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол.Во два случаи, во Скопје и Струга, возачите управувале возило и покрај изречена забрана за управување со патничко возило од Б категорија.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, соопштуваат од МВР.

Македонија | пред 2 дена

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Далтон: САД и Иран сакаат договор, но бараат премногу

И покрај постоењето волја за договор, САД и Иран поставуваат преголеми барања едни кон други, што ја намалува можноста за смирување на кризата, предупреди поранешниот британски амбасадор во Иран, Ричард Далтон.Тој оцени дека и двете страни покажуваат интерес за постигнување договор, но клучниот проблем остануваат нивните позиции.„Како агресори, Израел и Соединетите Американски Држави мора да го повлечат првиот потег и да ги намалат своите барања до ниво на кое може да се земат предвид интересите на остатокот од светот и иранскиот народ“, изјави Далтон.Според него, без поголем реализам, преговорите нема да дадат резултат.„Ако нема повеќе реализам во единствениот можен пат за решавање на проблемот во Ормускиот теснец, а тоа се преговорите, наместо смирување на тензиите ќе сведочиме на нивна понатамошна ескалација“, предупреди Далтон.Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, каде дипломатските напори се соочуваат со сериозни пречки поради тврдите позиции на вклучените страни.

Свет | пред 2 дена

media-library0903l869hcha3GFar25

(Видео) Иран тврди дека погодил американски брод кај оманското пристаниште Салала

Иранската војска соопшти дека извршила напад врз американски логистички брод во близина на пристаништето Салала во Оман, во нов бран на ескалација на тензиите во регионот.Според изјавата на портпаролот на централното воено заповедништво, пловилото било погодено „на значително растојание“ од самото пристаниште.Паралелно со тоа, претходно било објавено дека во текот на ноќта дронови ја нападнале луката Салала, при што, според оманската новинска агенција, бил повреден еден странски работник.Инцидентот доаѓа во контекст на зголемени воени активности и напади во регионот, при што се бележи проширување на целите кон поморската инфраструктура и логистичките капацитети.

Свет | пред 2 дена

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Напад врз полиција пред дискотека, приведени две лица; Серија инциденти во Скопје, има насилства, грабеж, дрога

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.Полициски службеници од СВР Скопје привеле две лица пред дискотека на подрачјето на Карпош, откако биле пријавени за нарушување на јавниот ред и мир и напад врз полиција.„На 28.03.2026 пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.А.(30) од с.Горна Бела Црква, ресенско и Х.Д.Е.(34) од Турција, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир и дека физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.Во друг случај, 26-годишник пријавил дека бил нападнат со остар предмет по расправија за паркинг.„На 27.03.2026 во 16:05 часот во СВР Скопје, В.Т.(26) од с.Волково, скопско, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од едно лице кое употребило и остар предмет и му нанело повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.Пријавен е и грабеж на автобуска постојка во Гази Баба.„На 27.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, А.А.А.(20) од Куманово пријави дека на 26.03.2026 околу 13:40 часот на автобуска постојка на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од полицијата.Покрај тоа, полицијата привела и две лица кај кои била пронајдена дрога.„На 27/28.03.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(48) и Р.Д.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци“, соопшти МВР.Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 2 дена

rfgferge-184092

Мајка пријавила во полиција дека 14-годишната ќерка и останала бремена, потоа дознала дека била во врска и имала полови односи

Четиринаесетгодишно девојче од Скопје е во поодмината бременост, откако мајката го пријавила случајот во полиција по извршен лекарски преглед.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата била поднесена на 28 март во раните утрински часови.„На 28.03.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека, откако се посомневала, ја однела нејзината 14-годишна ќерка на преглед на ГАК при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје, каде што ѝ било потврдено дека малолетничката била во поодмината бременост“, информираат од МВР.Според пријавеното, по лекарскиот преглед, девојчето признало дека во текот на летото 2025 година доброволно имало полови односи со малолетник со кој било во врска.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 дена

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Скопјанец измамен за 3.500 евра – лажен полицаец му ветил враќање на 40.000

Скопјанец пријавил дека бил измамен за 3.500 евра од лице кое лажно се претставило како вработен во полиција и му ветило помош за враќање на претходно изгубени пари.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 24 март.„На 24.03.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 45-годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.500 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како вработен во полиција и му понудил да му помогне да ги врати парите – 40.000 евра кои ги инвестирал во странска фирма во која бил вработен, а која претходно престанала да работи“, информираат од МВР.Како што е наведено, откако не му била завршена ветената работа, оштетениот се посомневал дека станува збор за измама и случајот го пријавил во полиција.Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 2 дена

sportska-oblozuvalnica-640x428

Разбојништво во обложувалница во Карпош – со закана одземени пари

Лице со закана ограбило спортска обложувалница во скопската населба Карпош, при што од вработена биле одземени пари од дневниот промет.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен утринава.„На 28.03.2026 во 07:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош во Скопје, едно лице со закана кон вработена одзело пари од дневниот промет“, информираат од МВР.Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 2 дена

media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

Продолжува драмата во Крива Паланка со кравите: поднесена кривична пријава против две лица, едното е малолетник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против две лица, меѓу кои и малолетник, поради сомнение дека со сила и закани спречувале службени лица при извршување на службени дејствија.Пријавата е поднесена против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.Според информациите од МВР, на 4 март 2026 година, во два одвоени наврати – во населбата Баглак и во селото Кошари – пријавените со употреба на физичка сила и упатување закани ги спречувале службените лица од Агенцијата за храна и ветеринарство – Скопје.Станува збор за акција за заловување, товарење и транспорт на крупен добиток, при што осомничените се обиделе да ја попречат интервенцијата на надлежните служби.Против нив е поднесена соодветна кривична пријава, а случајот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 дена

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Пакистан посредува: Шариф разговараше со Пезешкијан за крај на конфликтот

Додека Пакистан се подготвува за разговори со уште три држави за војната на Блискиот Исток, премиерот Шехбаз Шариф оствари телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, при што во фокусот биле дипломатските напори за намалување на тензиите.Според информациите, разговорот траел повеќе од еден час, а Пезешкијан нагласил дека довербата е клучна за успешни преговори и посредување.Во текот на разговорот, иранскиот претседател ги пофалил дипломатските активности на Пакистан, додека двајцата лидери разговарале за состојбата во регионот и можностите за завршување на конфликтот.Шариф го информирал Пезешкијан за тековните контакти што Пакистан ги одржува со САД и со земјите од Персискиот Залив, со цел да се поттикне дијалог и да се намалат тензиите.„Имав деталeн телефонски разговор со иранскиот претседател, кој траеше повеќе од еден час“, соопшти Шариф, додавајќи дека го информирал за „тековните дипломатски активности на Пакистан“, вклучително и контактите со САД и земјите од Заливот.Пакистан претходно понуди да биде домаќин на преговори меѓу САД и Иран, позиционирајќи се како потенцијален посредник во кризата.Во разговорот, Шариф ги осуди израелските напади врз Иран и изрази „солидарност со храбриот народ на Иран“, во услови на засилени регионални тензии.

Свет | пред 2 дена

media-library7eu3qlol61n1aaUNNU7

Мицкоски: Анкетите се мотивација, не гаранција – ќе работиме повеќе

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека резултатите од анкетите, кои покажуваат водство на неговата партија, не се причина за опуштање, туку дополнителна мотивација за работа и испорачување резултати.Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски нагласи дека Владата работи во тешки услови, поради, како што рече, состојбата што ја наследила.„Како ВМРО-ДПМНЕ и како Влада правиме се што е во наша моќ да испорачаме, и јас лично што е можно повеќе за граѓаните. За жал, состојбата коа што ја наследивме од претходната влада ужасна, катаклизмична. Грешките кои што се таложеле со децении и погрешните политики кои што имале негативен ефект врз државата се големи. Ресурсите се за жал како резултат на тие погрешни политики многу мали. И ние работиме врз основа на приоритети“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека позитивните резултати од анкетите значат и поголема одговорност за Владата.„Овие бројки само треба да не мотивираат дополнително да работиме. Ова се само поголема одговорност и за мене како претседател на Владата, но и како ВМРО-ДПМНЕ како носечка партија во рамките на владината коалиција“, рече Мицкоски.Во изјавата, тој ја критикуваше и опозицијата, обвинувајќи ја за ширење на неточни информации.„Во јавноста знаете, од страна на опозицијата се испраќаат погрешни пораки, би рекол, пораки невистинити. Пораки навредувачки, пораки кои што имаат намера да растурат пердуви и по теркот на оние пиар стратегии колку фати фати, колку не фати тоа е тоа“, изјави Мицкоски.Тој порача дека Владата нема да ветува невозможни работи, туку ќе се фокусира на реални политики.„Ние сме сериозна државотворна партија, така и се однесуваме во Владата. Јас како човек, ќе сторам се што е во моја моќ да испорачаме што е можно повеќе за граѓаните. Чуда никогаш не сме ветувале. Ако ги игнорираме оние лажни изјави, за наводни наши ветувања кои што никогаш не сме ги кажале од страна на опозицијата. Ние водевме кампања и во 2024, и во 2021, и во 2025 дека чуда не ветуваме, чуда се невозможни, оној кој што ветува чуда не ја говори вистината, ги манипулира граѓаните. Ветуваме многу работа, напорна работа, работа како никогаш до сега и што е можно повеќе политики, реформи за подобра иднина на граѓаните“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 дена

media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – закани преку социјални мрежи.Според договорот, Гроздановски требало да се грижи за охриѓанецот Митрески, кој бил на возраст од 76 години. По смртта, требало да го наследи неговиот имот. Според истрагата и досегашните докази, Гроздановски го убил Митрески со цел веднаш да го наследи имотот.Гроздановски во минатото, во јавноста беше познат како „лидер“ на организација наречена „Христијанско братство“. Тој беше апсен и во 2019 година кога преку „Фејсбук“ му се закануваше на тогашниот премиер Зоран Заев кому му порачуваше: „Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“.„Скопје1“ побара информации од МВР за криминалното досие на Гроздановски, од каде велат дека освен кривичното дело за загрозување на сигурност со заканите, нема друго дело.„Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“, велат од МВР за „Скопје1“.Гроздановски е семеен човек, татко на три деца. Тој е магистер на медицински науки, дипломиран дефектолог.Од друга страна, Митрески при гостување во „Јади Бурек“ во 2018 година, себеси се опишува како „Климе удбашот“ и „Климентов конак“. Посочува дека се занимавал со многу работи тука и во Австралија, а се претставува и како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.Засега нема дополнителни информации од охридското Обвинителство, кои најавија детали за подоцна.

Охрид | пред 2 дена

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

(Видео) Можно поевтинување на бензините, дизелот може да поскапи или да остане со иста цена од понеделник, вели Мицкоски

Можно е ново намалување на цената на бензините, додека дизелот би можел да поскапи или да остане со иста цена, најави премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на одлуката од Регулаторна, посочувајќи дека одлуките ќе зависат од двонеделниот тренд на пазарот.„Очекуваме во понеделник да имаме околу 2 денари намалување на цената за бензините со 85 и 98 октани, имајќи го в предвид просекот од понеделник до петокот. А иста цена или зголемување за 1,5 денари на дизелот. Ќе ја следиме следнава недела, па по завршување на двете недели, ќе видиме дали ќе продолжи мерката со намалено ДДВ или ќе има промени со акцизата“, изјави Мицкоски.Тој нагласи дека состојбата на пазарот на горива останува стабилна, без намалување на побарувачката.„Немаме намалување на продажбата. Не можам да кажам дали македонските граѓани ја намалија употребата на возилата, бидејќи голем број на граѓани од соседството точат горива кај нас. Стабилни сме, нема потреба од рестрикции, забрани“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 2 дена

media-library50uvovt6rf4mcXwdjZ6

Нема предвремени избори оваа година, целта се редовни во 2028, рече Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема намера да организира предвремени парламентарни избори оваа година и дека целта останува редовниот изборен циклус во 2028 година.Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со анкетите и политичките односи, Мицкоски нагласи дека и покрај тоа што политички би било исплатливо, не смета дека тоа е исправен потег.„Јас кажав дека оваа година немаме намера да имаме предвремени парламентарни избори, нашата цел се редовни избори 2028 година. Иако политички опортуно е по убедлива победа на локалните да има и предвремени парламентарни избори. Но не мислам дека тоа е државнички потег. Треба да се посветиме на реформите“, изјави Мицкоски.Тој посочи дека Владата е фокусирана на реформските процеси и на меѓународната агенда.„Јас се вратив со добри вести од Брисел, но би сакал да ги соопшти Европската комисија. Ние сме сега на крајот од првата половина на нашиот мандат“, додаде Мицкоски.

Настани | пред 2 дена

Screenshot-2023-11-30-at-08.57.22

Ако Зеленски дојде до нуклеарно оружје, Европа ќе биде првата жртва на уцена, вели Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Западна Европа би била „првата жртва на уцена“ доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде до нуклеарно оружје. Пораката ја поврза со барањата на Киев безбедносните гаранции за Украина да опфатат и прашања поврзани со нуклеарното вооружување.Според Захарова, во вакво сценарио Зеленски, покрај финансиска и воена поддршка, би поставувал услови пред западните земји во насока на, како што таа го опиша, „одржување на својот режим“. Таа оцени дека притисокот би се пренел врз европските држави и дека токму тие би се нашле меѓу првите изложени на ризик.Захарова повтори дека Москва инсистира Украина да има ненуклеарен статус, нагласувајќи дека тоа, според руската позиција, е „принципиелен став“ поврзан со причините за украинската криза.Изјавата доаѓа во контекст на продолжените тензии меѓу Русија и Западот околу моделот на безбедносни гаранции за Украина и долгорочната архитектура на европската безбедност.

Свет | пред 2 дена

media-librarypkqinl1pfe508aSuJ0v

Обезбедувач на сопругата на Бајден се самоповредил со сопственото оружје

Агент на американската Тајна служба, кој бил дел од обезбедувањето на поранешната прва дама Џил Бајден, случајно се прострелал во ногата на меѓународниот аеродром во Филаделфија.Инцидентот се случил во петокот наутро, нешто по 8:30 часот, додека агентот ракувал со службеното оружје во рамки на безбедносна задача.„Во петокот наутро, нешто по 8:30 часот, агент на американската Тајна служба на должност се здоби со повреда која не е опасна по живот, поради ненамерно испукување додека ракувал со службено оружје на аеродромот во Филаделфија за време на заштитна задача“, изјави портпаролот на Тајната служба, Ентони Гулиелми.Агентот веднаш добил медицинска помош на местото на настанот, по што бил пренесен во болница, каде се наоѓа во стабилна состојба и под лекарски надзор.Случајот ќе биде предмет на истрага од страна на Канцеларијата за професионална одговорност во рамки на агенцијата.Во моментот на инцидентот, Џил Бајден се наоѓала на аеродромот, но не била во непосредна близина на местото каде што се случило прострелувањето.

Свет | пред 2 дена

media-libraryadqbegk2vukq8HSjaoF

(Видео) Среде булевар во Аеродром, наместо по патека - нов опасен тренд со електричните тротинети

Електричните тротинети сè почесто се движат по главните булевари наместо по обележани патеки, создавајќи сериозен ризик за безбедноста во сообраќајот и предизвикувајќи реакции кај возачите.Овој тренд, според сведоштвата на учесници во сообраќајот, е особено изразен кај тинејџерите, но сè почесто и кај возрасни лица, кои управуваат тротинети директно на коловозите, во мешан сообраќај со автомобили, автобуси, мотори.Возачите предупредуваат дека ваквото однесување го загрозува нормалното одвивање на сообраќајот и ја зголемува можноста за несреќи, особено на фреквентни булевари каде брзината на возилата е повисока.Иако во Македонија постојат законски регулативи што ја уредуваат употребата на електрични тротинети и предвидуваат санкции за нивно неправилно користење, практиката покажува дека прекршувањата се сè почести.

Скопје | пред 2 дена

media-library3d618c6e52p27Acvs7F

Иран се закани со „разорен одговор“ на САД и Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати директна закана дека Техеран ќе возврати со „одлучен и разорен одговор“ доколку САД и Израел извршат напади врз клучната инфраструктура и економските центри на земјата.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан нагласи дека Иран не иницира напади, но ќе реагира жестоко доколку биде нападнат.„Повеќе пати нагласивме дека Иран не спроведува превентивни напади, но во случај на напад врз инфраструктурата и економските центри ќе возвратиме одлучно и разорно против агресорскиот непријател“, напиша Пезешкијан.Тој испрати порака и до земјите во регионот, повикувајќи ги да не дозволат нивната територија да биде искористена за воени операции.„На земјите во регионот им порачувам: ако барате развој и безбедност, не дозволувајте нашите заеднички непријатели да оркестрираат војна од вашите територии“, додаде иранскиот претседател.Изјавата доаѓа во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и ризик од понатамошна ескалација на конфликтот.

Свет | пред 2 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски пристигна во Доха – нова дипломатска офанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Доха на работна посета, продолжувајќи ја својата дипломатска турнеја на Блискиот Исток.Според информациите на Катарската новинска агенција, Зеленски бил пречекан на Меѓународниот аеродром во Доха од државниот министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулазиз ал-Кулаифи, како и од украинскиот амбасадор во Катар, Андриј Кузменко.„Неговата екселенција, претседателот на Украина Володимир Зеленски, пристигна утринава во Доха на работна посета“, се наведува во соопштението.Посетата следува по неодамнешната посета на Обединетите Арапски Емирати, каде Зеленски разговараше за безбедносна и одбранбена соработка.Се очекува во наредниот период да бидат објавени повеќе детали за агендата и средбите во рамки на посетата.

Свет | пред 2 дена

media-librarya1ofte1r7n8saOVTORf

ChatGPT влегува подлабоко во купувањето: OpenAI најавува попаметни препораки, споредби и визуелен приказ на производи

OpenAI најави дека ќе го унапреди искуството на купување во рамки на ChatGPT, со акцент на поголема прегледност и подобар визуелен приказ на производите, за корисниците полесно да дојдат до избор кога бараат што да купат.Новите функционалности се насочени кон побрзо стеснување на изборот, особено во ситуациите кога корисникот знае каков тип уред или производ му треба, но сè уште не е одлучен за конкретен модел. Наместо едноставен список од врски, системот треба да помогне со споредување на повеќе опции, поставување параметри како буџет и конкретни карактеристики, како и добивање попрецизни препораки врз основа на дополнителни насоки од корисникот.Како дел од ова унапредување, корисниците ќе можат и да прикачуваат фотографии за да добијат посоодветни препораки – на пример, кога сакаат производ да се вклопи со постојна опрема или стил, или кога бараат замена за нешто што веќе го поседуваат. OpenAI наведува дека се подобрени и брзината, релевантноста и покриеноста на производите, со цел предлозите да бидат поажурни и поразновидни.Во меѓувреме, компанијата го намалува фокусот на идејата за „инстант“ завршување на купувањето директно во рамки на четботот. Наместо тоа, ChatGPT сè повеќе се позиционира како почетна точка за истражување: место каде што корисникот ја дефинира потребата, ги споредува опциите и ја расчистува дилемата, а потоа се насочува кон продавачите за финалната трансакција.Партнерствата со трговци и понатаму остануваат важен дел од стратегијата. Се истакнува соработката со големи компании преку можности како поврзување сметки, програми за лојалност и интеграција на плаќања. Во позадина, клучна улога има и протоколот за „агентска“ трговија (Agentic Commerce Protocol – ACP), кој треба да им овозможи на продавачите подиректно да ги поврзат своите бази на производи со ChatGPT, со што се подобрува квалитетот на резултатите и препораките.

Магазин | пред 2 дена

media-librarye98lnrsdt2fgfjEZoyd

(Видео) Влора, Радхима и Орикум во трансформација - Албанија се справува со дивоградби на плажи

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е завршено ослободувањето на јавните површини, што отвора пат за целосна реализација на проектот „Лунгомаре 3“, кој треба значително да ја трансформира крајбрежната линија во делот Влора – Радхима – Орикум.„Завршува ослободувањето на јавните површини, што го отвора патот за целосна реализација на проектот ‘Лунгомаре 3 – Влора•Радхима•Орикум’, кој ја трансформира крајбрежната линија во таа зона“, соопшти Рама.Проектот „Лунгомаре 3“ е дел од пошироките напори за уредување и модернизација на албанското крајбрежје, со цел подобрување на инфраструктурата и зголемување на туристичката атрактивност на регионот.Со оваа фаза се очекува забрзување на градежните активности и дополнително унапредување на просторот долж јадранското крајбрежје во јужниот дел на Албанија.

Свет | пред 2 дена

media-libraryiega8e5hdb7ubfrDd7u

(Видео) Трамп: Не мислев дека ризикот со војната во Иран е голем, но војната носи изненадувања

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекувал голем ризик од конфликтот со Иран, но предупреди дека секоја војна носи непредвидливи последици и сериозни опасности.Говорејќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Трамп нагласи дека и покрај првичните проценки, војната секогаш може да се развие во неочекуван правец.„Не мислев дека постои голем ризик, но во војна секогаш има изненадувања. Можат да се случат многу лоши изненадувања. Мислам, војните се губат и тогаш кога треба да се добијат. Многу војни се изгубени… Мислите дека некоја држава ќе уништи друга, а на крај самата биде уништена, така што тоа секогаш е ризично“, изјави Трамп.Со оваа изјава, тој индиректно укажа на комплексноста на конфликтот и на можноста од непредвидливи разврски, во услови на зголемени геополитички тензии во регионот.

Свет | пред 2 дена

media-library5rju4un1ggs518nE3sj

„Пиперка 300 денари – расте рејтингот“: СДСМ со ироничен напад на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ со саркастична реакција ја коментираше наводната анкета на ВМРО-ДПМНЕ, прикажувајќи нереални проценти и апсурдни заклучоци за да укаже на, како што велат, состојбите со цените и политиките.Во објавата, од СДСМ тврдат дека дошле до „вистинските резултати“ од анкетата, според кои, како што наведуваат, граѓаните изразуваат огромно задоволство.„Дојдовме до вистинските резултати од анкетата што ја правела ВМРО-ОКГ. Во анкетата, најголема доверба кај граѓаните има Христијан Мицкоски поради целосно исполнување на сите предизборни ветувања, како што е враќањето на името!“, се наведува во реакцијата.Понатаму, преку иронични примери, СДСМ ги поврзува растечките цени со раст на рејтингот.„Кога ПИПЕРКАТА во маркетите се покачила на 300 денари – на Христијан Мицкоски му се покачил рејтингот на 25,2%. Кога ЈАЈЦА се покачиле на 300 денари – ВМРО-ОКГ веднаш им пораснал рејтингот за 24%“, наведуваат од партијата.СДСМ продолжува со сарказам и за цените на горивата и струјата.„Кога ДИЗЕЛОТ трет пат порасна на 95,5 денари – ЗНАМ пораснал за 100%. На прашањето дали сметките за струја треба повторно да се зголемат, над 80% од граѓаните рекле ‘ДА, и тоа веднаш’!“, се наведува во објавата.Во реакцијата се додаваат и нереални проценти за поддршка и економски показатели.„Огромно задоволство на граѓаните има и во однос на покачувањето на платите – 120%! 99,9% од граѓаните се изјасниле дека нема потреба да се покачи минималната плата на 600 евра“, наведуваат од СДСМ.Во ист стил се наведуваат и ставови за довербата кон премиерот.„Дали му верувате на Христијан Мицкоски – 1000% велат граѓаните“, стои во реакцијата.СДСМ ја проширува ироничната порака и кон други јавни личности и теми, наведувајќи проценти кои надминуваат реални граници.„Дали државата оди во правец на ЕУ – 1.000.000% велат ‘ДА’!“, се додава во објавата.Со ваквиот настап, СДСМ се обидува да ја критикува економската состојба и политиките на власта, користејќи сарказам како главно средство за политичка порака.

Македонија | пред 2 дена

media-library50qruqs53fanamSloh7

Манасиевски: Филипче нуди мерки како да не бил на власт

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека новата програма на СДС е изработена по насока на ПР тимот на партијата и дека нуди мерки како да не биле на власт во изминатите години.Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека програмата е без суштина и кредибилитет.„Да не беше смешно, ќе беше трагично. Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години на власт“, изјави Манасиевски.Тој потсети дека СДС седум години бил на власт, а Филипче пет години бил министер.„Башановиќ очигледно не знае дека СДС до пред околу 2 години, 7 години беа на власт. Од тие 7 години власт, Филипче беше 5 години министер. По што остана запаметен сите знаеме“, рече Манасиевски.Според него, програмата е резултат на ПР стратегија без реална содржина.„ПР стратезите Башановиќ и Шчекиќ му смислиле празен концепт за програма на Филипче, а тој без никаков срам, легитимитет и кредибилитет ја презентира новата програма на СДС“, изјави Манасиевски.Како пример ја посочи мерката за скратена работна недела.„Една од мерките во програмата без суштина во СДС се вика – скратена работна недела“, рече тој.Манасиевски ја коментираше мерката и во политички контекст.„Башановиќ, Шчекиќ и Филипче, веројатно по насока на Заев ја спремиле мерката за скратена работна недела, по принципот на Зоран Заев, бидејќи тој како премиер во недела не работеше. И сабота не работеше. И петок. Додуша тој цела недела не работеше како премиер“, изјави Манасиевски.Тој додаде дека ваквиот пристап не е нов.„Впрочем, ова и не е нова мерка на Филипче и СДС, затоа што тие така работеа кога беа на власт“, рече тој.Во пораката до СДС, Манасиевски оцени дека државата има потреба од конкретни политики.„На Македонија после вашето уништување на државата и треба работа, труд и посветеност. И треба тоа што се случува денес. Реформи, проекти и мерки за граѓаните. А не празни флоскули и демагогии од ваша страна. Затоа сите почнаа да бегаат од вас, а останаа само лојалистите на Заев“, изјави Манасиевски.

Македонија | пред 2 дена

media-librarygvjkn3rgmo1q7gRNdgY

Димитријевиќ: Мандатот на Савески почна со скандал и „тевтерче“

СДСМ обвини дека мандатот на новиот јавен обвинител Ненад Савески започнал со сериозен скандал, откако за шеф на Вишото јавно обвинителство била предложена обвинителка чие име, според нив, се поврзува со случаите од „бомбите“.Генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, од пред Јавното обвинителство порача дека ова претставува аларм за состојбите во правосудството.„Тука сме пред Јавното обвинителство, затоа што скандалот на почетокот на мандатот на новиот јавен обвинител е сериозен аларм за она што се случува. Јавниот обвинител требаше да биде независен. Требаше да биде гарант на правдата“, изјави Димитријевиќ.Тој посочи дека уште пред почетокот на работата, веќе се појавиле контроверзии.„Како што рековме, не сме сигурни кога станува збор за изборот на Мицкоски, без оглед на биографијата. Еве, не ни почна со работа, а веќе имаме скандал“, рече тој.Според СДСМ, проблематичен е предлогот за Јасмина Костеска-Здравеска.„Мандатот на Ненад Савески започна со одлука да ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за шеф на Вишото јавно обвинителство. Името на Костеска-Здравеска не е непознато. Таа се споменуваше во разговорите од ‘бомбите’, во комуникација меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде се договара нејзиниот избор“, изјави Димитријевиќ.Тој ги цитираше и наводните разговори.„‘Таа што сме ја договарале’, ‘Ја квалификувавме како наша’, ‘Наша е, кога ќе го видиш ќе ти текне човекот’“, наведе тој.Димитријевиќ додаде дека и сопругот на предложената обвинителка бил дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски.Според него, ова е доказ за враќање на старите практики.„Еве вака почнува мандатот на новиот обвинител. По теркот на Никола Груевски – со договорени судии и обвинители од ‘тевтерчето’, кое граѓаните многу добро го паметат“, изјави Димитријевиќ.Тој постави и директно прашање.„Дали оваа одлука е самостојна на обвинителот Савески или е уште една задача дадена од Христијан Мицкоски?“, праша Димитријевиќ.Во продолжение, наброја низа наводи за политичко влијание врз институциите.„Мицкоски од собраниска говорница му дели задачи на јавниот обвинител. Советници на власта и сопруги на функционери на ВМРО се избираат за судии. Се води кампања против СЈО за рушење на пресудите и враќање на Никола Груевски. Се подготвуваат нови кампањи преку Боки 13 и Катица Јанева, со веќе видени сценарија. Се спроведуваат црни кампањи и јавен линч против опозицијата“, изјави тој.На крајот, Димитријевиќ порача дека, според нив, државата се враќа назад.„Се враќаме во 2016 година. Духот на Сашо Мијалков и Никола Груевски не само што е присутен – тој повторно живее во институциите. Но граѓаните веќе еднаш го победија тој систем. Ќе го победат повторно“, изјави Димитријевиќ.

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања