Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Израелското Министерство за одбрана нарача артилериски гранати во вредност од 48 милиони долари од компанијата Elbit Systems.Станува збор за „десетици илјади“ гранати, но од министерството не соопштија кога точно ќе биде извршена испораката на муницијата.Нарачката доаѓа во период на зголемени воени активности и потреба од дополнително вооружување, во контекст на ескалацијата на конфликтите во регионот.Во август 2024 година, активисти од групата Palestine Action упаднаа во еден од погоните на оваа одбранбена компанија во Бристол.Шест лица претходно беа ослободени од обвиненија за тешка провала, но ќе им се суди повторно поради обвиненија за оштетување на имот.

Свет | пред 10 часа

media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Голем пожар избувна по израелски напад врз центар за итна медицинска помош во јужен Либан, во местото Ханавеј, југоисточно од Тир, јави дописничка на Sky News од Бејрут.Според извештаите, нападот предизвикал сериозни оштетувања на објектот, при што на терен биле забележани пламен и густ чад.Израелската војска соопшти дека цел на нападот била „ќелија на Хезболах“, тврдејќи дека припадници на групата се маскирале како медицински персонал и дејствувале во близина на возила за итна помош.Во соопштението се наведува дека, според нивни информации, тие возила биле користени за транспорт на оружје од север кон југ на Либан.Либанските власти остро ги отфрлија ваквите обвинувања, оценувајќи ги како неосновани.Нападот е дел од пошироката ескалација на конфликтот во регионот, во кој последните недели се бележи зголемен број напади врз различни цели, вклучително и инфраструктура поврзана со цивилни услуги.

Свет | пред 10 часа

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека по реакциите на граѓаните се задржува старото правило за паркирање во Општина Аеродром, според кое сите резиденти – физички и правни лица – ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без да плаќаат надоместок.„Како човек кој ја добил најголемата доверба од граѓаните и кој секогаш се води од нивниот глас, чувствувам обврска јасно и транспарентно да ве информирам за одлуките што ги носиме, заедно. Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром! Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право! Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче“, напиша Ѓорѓиевски.Тој додава: Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова, ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем. Истовремено, правиме чекор напред и во дигитализацијата. Од 01.04.2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ - зонско паркирање, паркиралишта со рампа и катни гаражи. Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите. Почитувани, за разлика од минатото, денес вашиот глас е слушнат и уважен. Одлуките ги носиме заедно, за подобро секојдневие, повеќе ред и достоинствено, уредено Скопје“, додаде тој.

Скопје | пред 11 час

media-librarys55a7kho7rg39FX3mD9

Филипче: Со Мицкоски нема ЕУ – следуваат децении сиромаштија и иселување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека ги предал македонските национални интереси и ја турка земјата кон изолација.Филипче оцени дека изјавите на Мицкоски за можноста Македонија да чека со децении за членство во Европската Унија се доказ за, како што рече, погрешна и штетна политика.„Со Мицкоски и неговата организирана криминална група нема членство во ЕУ. Тоа значи децении сиромаштија, засилено иселување на младите и загубени генерации“, изјави Филипче.Тој обвини дека власта работи во интерес на странски центри, наведувајќи дека, според него, државата се оттурнува од европскиот пат.„Мицкоски ја турка земјата во изолација и работи за странски интереси – од српски, унгарски, па сè до руски“, рече Филипче, додавајќи дека власта создава услови за, како што наведе, криминал и корупција без контрола.Во обраќањето, лидерот на СДСМ потенцираше дека членството во Европската Унија значи економски напредок, повисок животен стандард и пристап до значајни финансиски средства.„Немаме децении за губење. Тоа се нашите животи и иднината на нашите деца. Македонија е создадена да оди напред, а не да чека и да тоне во неизвесност“, изјави тој.Филипче најави дека СДСМ и коалициските партнери ќе се спротивстават на, како што рече, ваквите политики и ќе ја водат борбата за европска Македонија.„Ќе ја вратиме државата на европскиот колосек. Како што ја внесовме во НАТО, така ќе ја внесеме и во Европската Унија“, порача Филипче.

Македонија | пред 11 час

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од него, тврдејќи дека успеал да запре повеќе големи војни ширум светот.„Без разлика дали им се допаѓа на луѓето или не, јас решив осум војни. Големи. Некои траеја 36, 32, 31, 28, 25 години. Некои допрва требаше да започнат, како Индија и Пакистан. Веќе беа соборени осум авиони. И јас тоа го решив многу брзо, без нуклеарно оружје“, рече Трамп.Тој додаде дека не може да се сети на историска личност која повеќе заслужува Нобелова награда за мир.„Не сакам да се фалам, но никој друг не запирал војни како мене“, изјави американскиот претседател.Во своето обраќање, Трамп го критикуваше и поранешниот претседател Барак Обама, кој ја доби Нобеловата награда за мир во 2009 година.„Обама доби Нобелова награда. Немаше поим зошто. И денес нема поим. Ја доби веднаш откако стапи на функција. Не направи ништо и беше лош претседател“, рече Трамп.Тој оцени дека наградата би требало да се доделува за секоја запрена војна.„Во теорија, треба да добиете Нобелова награда за секоја војна што сте ја запреле. Секоја беше голема, никој не веруваше дека може да се запре“, додаде Трамп, наведувајќи дека и рускиот претседател му признал дека не успеал да реши одредени конфликти.И покрај ваквите тврдења, Трамп нагласи дека наградата не му е приоритет.„Не ме интересира тоа. Ме интересира спасувањето животи. Спасив десетици милиони луѓе“, изјави тој.Изјавата доаѓа во време на ескалација на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, кој во изминатиот месец прерасна во поширок регионален судир без јасно дипломатско решение на повидок.

Свет | пред 11 час

media-library16chrub8um97fcje6V5

По неколку голтки енертгетски пијалак, на девојка ѝ се јавиле изгореници во грлото - инцидент во Пула

Дваесет и двегодишна девојка од Пула заврши во болница откако испила енергетски пијалак во една теретана, по што почувствувала силно печење во грлото.Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во четврток околу 18:40 часот, кога девојката побарала медицинска помош.Таа претходно купила пијалак во објектот, а по неколку голтки почувствувала нагло влошување на состојбата, по што веднаш се упатила на преглед во локалната болница.По укажаната помош, лекарите констатирале полесни повреди, по што девојката била пуштена на домашно лекување.Според неофицијални информации, станува збор за енергетски пијалак со вкус на рибизла.Надлежните ја одзеле амбалажата од пијалакот, а истрагата е во тек за утврдување на точните околности под кои дошло до инцидентот.

Свет | пред 11 час

media-libraryr1elf3dkt0f9fPiMMT5

Мајката на Ивана сведочеше: Стојанче ја тепаше додека беше со дете во раце, Катја кажуваше „бабо, тато ја шутираше мама и ѝ викаше д*ољо“

Во Кривичен суд со изведување на докази продолжи судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон. Прва сведочеше Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана, баба на Катја.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Во какви односи беа брачните односи?“Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: „Во почетокот беа под кирија, јас секогаш се наоѓав да им помагам како мајка. Тој работеше достава на храна, а ќерка ми работеше во Масимо дути. Ќерка ми сакаше да имаат свој стан, секогаш имаше позитивен став за својот сопруг, многу кратко се знаеја пред да стапат во брак. Остана бремена и како родител не знаевме ништо, тогаш она ни кажа дека имал некои судења за него, за некое дело. И јас како родител што сака да помогне и го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работа да добие условна. Потоа успеаја уплатија стан, убав беше почетокот, јас многу ретко го кажував по име, секогаш со ‘сине, синко’. Се радувавме, средуваа стан, имале проблеми, но никогаш мојата Ивана не го кажуваше тоа. Некогаш ќе ја видев со модро око па рече дела паднала од тротинет. Малата Катја беше две години, кога ми се јави зетот, во еден ноќе, извинете за изразот, ‘тетка ти Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана ку*ва’. Ноќе некој така да ти каже, јас за 10 минути стасав до нивниот стан. Беше топло време, беше многу нервозен и јас дојдов и викам ‘кажи синко што е работава’, Ивана седеше во дневна и ја гушкаше малата. Стојанче беше многу лут шеташе нервозен и зборот што ми го кажа не можам да го преболам и прв пат го кажав на обвинителката и адвокатката“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Може ли да ни кажете на што се однесуваа тие зборови?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Ми кажа дека мојата Ивана, искрено ќе ви кажам, „барала поволен да ја задоволи, а ја вика до сега никаде не сум го ставил кај друга жена“. Кога дојде полиција го извадија надвор во ходник да разговараат, еден полицаец беше со нас во соба, Ивана беше многу исплашена, он тргна да ја удри, но јас застанав меѓу нив да ми кажат што е работата пред да дојде полицијата. Ја удираше со боксови, Катја беше во раце на Ивана, тој ја удираше... Ивана беше исплашена и само викаше „нека земе и стан и сѐ само ќерка ми да ми ја остави“.Обвинителката Адела Бојчевиќ: Ова се случуваше 2021, што се случуваше понатаму?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Она се плашеше да не ѝ ја земе Катја, а благодарение на мене го вработив во Пожарна. Живее со моето дете и сакав да има стабилна работа, нејзе секогаш на прво место и беше Катја. Кога се земаше станот, она го плаќаше станот, потоа беше на пола-пола, потоа по некое време на барање на негова страна Ивана ги плаќаше сметките, телефоните…Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали Ивана ви кажуваше дека има проблеми со Стојанче?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Забележував модринки и секогаш ми викаше ‘се удрив мамо, знаеш дека лесно ми излегуваат’, беше под стрес, под контрола секогаш ќе кажеше ‘еве сум кај моите’.. на два пати окото и беше модро..Обвинителката Адела Бојчевиќ: Дали се сомневате дела Ивана е тепана?Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Се сомневав ама не ми признаваше, велеше ‘ќе биде во ред’. јас во ниту еден момент не го прашав зет ми, рачунав дека они сами ќе си го решат, нејќев да се мешам.Љубица Стојановска, мајка на починатата Ивана: Дали од Катја дознавате какво е однесувањето на нејзиниот татко кон мајка и?Обвинителката Адела Бојчевиќ: Катја ми рече ‘Бабо јас ќе ти кажам ама не ѝ кажувај на мама, мамa знаеше да чучне доле, со рацете собрани и тато да ја шутира и удира’. Дури мојата Катја, 6 години, ги користеше зборови ‘дрољо, ку*во, ку*виште’ велеше тато и кажуваше на мама. ‘Дали е тоа убаво’, велеше Катја, ‘не е убаво бабо’, ама тато на мама ѝ вика.Судењето продолжува по паузата.

Македонија | пред 11 час

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

Пронајдена малолетничка од Скопје во стан во Гостивар - била пријавена за исчезната

Шеснаесетгодишна девојка од Скопје, која претходно била пријавена за исчезната, е пронајдена во стан во Гостивар, информираат од СВР Тетово.Според полицијата, на 30 март во 02:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле малолетничката М.Ј.(16) во стан на Р.Ш.(19).Девојката, која се оддалечила од својот дом во Скопје, по пронаоѓањето е предадена на нејзината мајка, додека лицето кај кое била пронајдена е лишено од слобода и ќе биде предмет на понатамошна постапка.

Македонија | пред 11 час

media-library8de4gevsubi57ZTJ0pw

Тетовец измамен: Му го позајмил „бмв“, завршило на отпад

Триесет и петгодишен жител на Тетово пријавил дека бил измамен од негов познаник, кој по позајмување на неговото возило го однел на отпад и го продал.Како што информираат од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 29 март во 12:00 часот. Според пријавеното, лицето А.Х. побарало да го позајми патничкото моторно возило „бмв“, по што го известил сопственикот дека автомобилот има дефект и дека е оставен кај механичар.По неколкудневни безуспешни обиди да стапи во контакт и да си го врати возилото, оштетениот на 28 март се сретнал со механичарот, кој признал дека автомобилот бил однесен на отпад во селото Слатино.Според пријавата, сопственикот подоцна го пронашол возилото оштетено на отпадот, при што од лицето кое го купило дознал дека автомобилот бил продаден од механичарот.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 12 часа

vozach

Двајца возачи приведени – возеле без дозвола во Гостивар и Тетово

Двајца возачи се лишени од слобода во одделни случаи во Гостивар и Тетово, поради управување возила без возачка дозвола и со прекршувања на сообраќајните прописи.Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на 29 март во 19:00 часот, кај Здуњска крстосница, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода Е.Р. (26) од Гостивар. Тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки без да поседува возачка дозвола.Истиот ден, во 21:50 часот, на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Д. (25) од Тетово, кој управувал мотоцикл „трува“ без возачка дозвола и без соодветна документација.Мотоциклот е одземен, а по целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Советничката група на СДСМ во Општина Аеродром побара итно одложување на воведувањето на зонското паркирање во зоната D12 во Реонски центар, оценувајќи дека ваквата одлука ќе го продлабочи проблемот со паркирањето во Ново Лисиче.Од СДСМ информираат дека побарале итна седница на Советот на Општина Аеродром, на која треба да се донесе заклучок со кој градоначалникот Дејан Митески ќе биде задолжен, во координација со Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“, да преземе активности за одложување на примената на зонското во Реонски Центар и истовремено да го забрза воведувањето во Ново Лисиче.Барањето, како што посочуваат, доаѓа поради бурните реакции на жителите на Ново Лисиче, кои стравуваат дека селективното воведување на зонското ќе предизвика дополнителен притисок врз веќе недоволниот паркинг простор во нивната населба.Според СДСМ, жителите на Ново Лисиче веќе подолг период се соочуваат со недостиг на паркинг места, особено по воведувањето на зонско паркирање зад трговските центри „Капитол“ и „Бисер“, а најавената примена на зоната D12 од 1 април само ќе го влоши проблемот.Партијата предупредува дека селективниот пристап доведува до пренасочување на возилата кон нерегулираните зони, што дополнително ги отежнува условите за паркирање.Од СДСМ потенцираат дека зонското паркирање треба да се спроведе исклучиво паралелно и координирано во двата реони, со цел да се обезбеди правична распределба на паркинг просторот и да се избегне дополнителен сообраќаен хаос во најгусто населената општина во Скопје.Воедно, тие бараат итна реакција од локалната власт и мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ, со цел навремено да се спречат последиците од, како што велат, несериозниот пристап кон овој долгогодишен проблем.

Скопје | пред 12 часа

parking-1

Апел до градоначалниците од жителите на Ново Лисиче: Без селективно паркирање, или ќе има протести

Жителите на Ново Лисиче преку Фејсбук страницата „Ново Лисиче“ упатија јавен апел до надлежните институции, барајќи одложување на воведувањето на зонското паркирање во Реонски центар сè додека не се спроведе паралелно и во нивната населба.Во реакцијата тие потсетуваат дека било ветено истовремено воведување на зонско паркирање на двете локации, но дека тоа не е реализирано. Според нив, селективната имплементација ќе го продлабочи проблемот со паркирањето и дополнително ќе го префрли хаосот во Ново Лисиче.„Граѓаните не го бараат ова од политички причини, туку поради реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат. Селективниот модел што се најавува ќе ја влоши состојбата“, наведуваат тие.Жителите бараат надлежните да започнат со подготовка на теренот во Ново Лисиче, да достават конкретен термински план за обележување и имплементација на зоните, како и да понудат јасно решение кое ќе важи за двете населби истовремено.Во спротивно, предупредуваат дека ќе бидат принудени да излезат на блокади и протести уште од денот на евентуалното селективно воведување на зонското паркирање.

Скопје | пред 12 часа

media-libraryp2dfqniqeossffhhmkH

Советот на обвинители ја одби Ленче Ристоска: Нема докази за политички притисоци

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на јавната обвинителка Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.Во образложението на Советот беше наведено дека изнесените наводи не се доволно конкретизирани за да се утврди реално влијание врз нејзината самостојност. Членката Маријана Илиевска посочи дека јавните изјави и напади, иако несоодветни, не биле директно поврзани со одлучувањето на обвинителката.Советот заклучи дека нема докази за загрозување на професионалниот интегритет или за надворешно влијание врз работата на Ристоска.На истата седница беа донесени и одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства низ државата, по што продолжи разгледувањето на дисциплински предмети.Претходно, Советот отвори постапка за да утврди дали јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски претставуваат притисок и нарушување на самостојноста на Ристоска.Постапката беше покрената по нејзино писмено известување, во кое таа реагираше на изјавите во кои, како што тврдеше, била јавно наречена „медиокритет“ и поврзана со „клиентелистичко-политичка матрица“. Според неа, ваквите квалификации претставуваат обид за влијание врз нејзината работа.Советот најави дека ќе постапува согласно Правилникот за заштита на самостојноста на јавните обвинители, со формирање тричлена комисија која требаше да ги утврди фактите и околностите и да побара изјаснување од засегнатите страни.Изјавите на Мицкоски беа дадени во јавноста во контекст на неговите критики за ставовите на Ристоска околу измените на Кривичниот законик, по што обвинителката побара јавно извинување.Тензиите дополнително се засилија откако Владата ја поништи листата на кандидати за судија во Стразбур, на која Ристоска беше меѓу највисоко рангираните, по што таа оцени дека е изложена на континуирани јавни напади и дискредитации поврзани со нејзината работа.

Македонија | пред 12 часа

media-libraryu2851kdd8n807FhzUcJ

Иран потврди смрт на важен командант

Иран ја потврди смртта на командантот на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Алиреза Тангсири, кој починал од повредите здобиени во неодамнешните напади.Претходно, Израел и САД соопштија дека Тангсири бил ликвидиран во заедничка операција на 26 март. Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, тогаш изјави дека во „прецизна и смртоносна операција“ биле елиминирани повеќе високи морнарички функционери.Иранските медиуми денеска пренесоа соопштение на Револуционерната гарда, во кое се наведува дека Тангсири „подлегнал на тежината на повредите“, откако бил цел на напади додека ги координирал воените сили и одбранбените активности долж иранските брегови.Смртта на високиот командант доаѓа во услови на засилени воени судири во регионот, при што конфликтот меѓу Иран и сојузниците на Западот продолжува да ескалира.

Свет | пред 12 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Рускиот воен аналитичар Константин Сивков, кој во 2014 година тврдеше дека Киев ќе падне „за два до три дена“, сега јавно предупредува на можен пораз на Русија во војната против Украина.Сивков, потпретседател на Академијата за геополитички проблеми и резервен капетан од прва класа во руската морнарица, во ново интервју изнесе значително поинаква и песимистичка проценка.„Осудени сме на пораз. Економскиот потенцијал на Западот повеќекратно го надминува рускиот и тој потенцијал веќе се претвора во воена предност“, изјавил Сивков.Тој предупредува дека предноста на Западот особено се гледа во производството на вооружување и беспилотни летала, наведувајќи дека масовните напади со дронови бараат и огромни количини противвоздушни ракети.Според него, Русија се соочува со две опции – или да прифати, како што вели, „понижувачки мир“, или да се обиде да постигне одлучувачка воена победа, за која признава дека во моментот нема капацитет.Војната меѓу Русија и Украина започна во 2014 година со анексијата на Крим и конфликтот во Донбас, а ескалираше во целосна инвазија во 2022 година. Наместо брз колапс на Украина, конфликтот прерасна во долготрајна војна на исцрпување, со сè поголем притисок врз воените и економските ресурси на двете страни.

Свет | пред 12 часа

media-librarylqls6oq7umt651tp9cX

Германија под притисок: Дизелот поскапе за 40 центи, превозниците бараат итни мерки

Германската влада е повикана на итна интервенција поради наглото поскапување на дизелот, кое веќе создава сериозен притисок врз транспортниот сектор и носи ризик од нарушување на синџирите на снабдување.Според Сојуз на германски шпедитери (BGL), цената на дизелот пораснала за околу 40 центи по литар од почетокот на конфликтот со Иран. Претседателот на здружението, Дирк Енгелхарт, предупредува дека ова директно ги зголемува оперативните трошоци.За камион кој месечно минува околу 10.000 километри со просечна потрошувачка од 30 литри на 100 километри, дополнителниот трошок достигнува околу 1.200 евра месечно. Кај поголемите возила, со потрошувачка од 35 до 40 литри, трошокот е уште повисок.На ниво на компанија со возен парк од 50 камиони, годишните дополнителни трошоци можат да надминат 700.000 евра, што сериозно ја доведува во прашање ликвидноста на фирмите.Од здружението предупредуваат дека ваквиот притисок неизбежно ќе се прелее врз крајните потрошувачи, преку раст на цените на производите и услугите. Особено погодени се малите и средни транспортни компании, кои немаат механизми за заштита од нагли ценовни шокови.Како мерки, превозниците предлагаат ограничување на цената на дизелот, враќање на CO₂ давачките за гориво и привремено укинување на дел од трошоците во патарините. Според нив, мерките мора да бидат брзи, прецизни и административно едноставни за да имаат ефект во краток рок.

Свет | пред 12 часа

media-library8itk317iglnhdci7low

Иран се закани: Ќе напаѓаме домови на американски и израелски функционери

Иран се закани дека ќе изврши напади врз домови на американски и израелски воени и политички функционери на Блискиот Исток, како дел од најавената одмазда во тековниот конфликт во регионот.Портпаролот на иранската армија, Ебрахим Золфагари, изјави дека ваквите акции би следеле како одговор на, како што тврди Техеран, напади врз станбени објекти во Иран.Според иранските власти, во повеќе градови биле погодени цивилни цели и домови, што, според нив, ја оправдува најавената ескалација. Од друга страна, САД и Израел досега не се огласија со реакција на заканите.Заканата доаѓа во момент на засилени воени дејствија и растечки тензии во регионот, при што конфликтот добива сè поизразена димензија и ризик од поширока ескалација.

Свет | пред 12 часа

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Подготовка за офанзива? САД ја зголемуваат воената сила околу Иран, над 50.000 војници во регионот

САД распоредиле дополнителни воени сили на Блискиот Исток, со што вкупниот број на американски војници во регионот надминал 50.000, што е за околу 10.000 повеќе од вообичаеното ниво, пренесува The New York Times.Засилувањето доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп разгледува следни чекори во конфликтот со Иран, кој трае веќе еден месец.Според американски воени извори, во регионот се испратени дополнителни 2.500 маринци и 2.500 морнари, додека претходно Пентагон наредил и распоредување на околу 2.000 војници од 82-та воздухопловно-десантна дивизија.Силите се распоредени во повеќе земји, меѓу кои Саудиска Арабија, Бахреин, Ирак, Сирија, Јордан, Катар, Обединети Арапски Емирати и Кувајт, што укажува на поширока регионална мобилизација.Една од опциите што се разгледуваат е евентуална копнена операција, вклучително и заземање на стратешки цели како островот Харк, клучна точка за извоз на нафта во Персискиот Залив. Истовремено, Хормушки теснец, преку кој се транспортира околу 20 проценти од светската нафта, е сериозно нарушен поради воените дејствија.Сепак, воените аналитичари предупредуваат дека и покрај зголемувањето, бројката од 50.000 војници е недоволна за поголема копнена инвазија. За споредба, при инвазијата на Ирак во 2003 година, коалицијата предводена од САД ангажирала околу 250.000 војници.Дополнително, Иран со својата големина, население и воени капацитети претставува значително посложен предизвик, поради што експертите оценуваат дека евентуална окупација би била исклучително ризична и долготрајна операција.

Свет | пред 12 часа

media-librarylqdn91b5ujj84zQ51de

(Видео) Пожар во рафинерија во Хаифа по ракетен напад

Пожар избувна во нафтената рафинерија „Базан“ во Хаифа, по ракетен напад, јавуваат израелски медиуми.Според првичните информации и снимки од терен, на локацијата се забележуваат пламен и густ чад, што укажува на директен погодок или сериозно оштетување на дел од инфраструктурата.Рафинеријата „Базан“ и претходно беше цел на напади, на 19 март, кога беа регистрирани ограничени оштетувања и краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија. Тие напади следуваа како дел од пошироката ескалација меѓу Израел и Иран, поврзана со напади врз енергетска инфраструктура во регионот.Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за обемот на штетата, додека надлежните служби интервенираат на терен.

Свет | пред 12 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан, тема ќе биде економијата

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владина делегација, престојува во политичко-економска посета на Будимпешта, Унгарија.Во рамки на посетата, предвидена е средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе се разговара за унапредување на билатералните односи, економската соработка, како и за актуелни регионални и европски прашања.Премиерот Мицкоски ќе се обрати и на бизнис форумот „Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Северна Македонија“, каде се очекува воспоставување нови контакти и разгледување на можностите за продлабочување на економската соработка меѓу компаниите од двете земји.Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации Даниела Димовска.

Македонија | пред 12 часа

media-library03bqdjkr0cjm2LsHY7F

„Пајак“ крена 103 возила за една недела во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека во периодот од 23 до 29 март 2026 година, со помош на специјалните возила „пајак“, биле отстранети вкупно 103 непрописно паркирани возила.Од претпријатието посочуваат дека овие возила го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во Општина Центар.Оттаму нагласуваат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходно подигнување на сообраќајната култура кај граѓаните.ЈП ПОЦ најавува дека и во наредниот период ќе продолжи со секојдневни контроли и отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани возила, со цел зголемување на безбедноста и подигнување на јавната свест за почитување на сообраќајните правила.

Скопје | пред 12 часа

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Семејно насилство во Крушево: Со тврд предмет ја нападнал мајката на сопругата – приведен крушевчанец

Министерство за внатрешни работи информира дека на 29 март 2026 година, во 19:25 часот, во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево лишиле од слобода 47-годишен жител на градот.Според информациите, околу 17:30 часот во семејниот дом, осомничениот физички и со тврд предмет ја нападнал мајката на неговата сопруга, при што ѝ нанел повреда.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 12 часа

media-libraryirmpvv6l8n4u30wM8Zv

Стојанче призна вина за две дела, па кажа дека бил присилен и се расплака - судот не го прифати, ќе се изведуваат докази

Во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против Стојанче Јовановски, обвинет дека преку семејно насилство ја довел својата сопруга Ивана до самоубиство, при што животот го загуби и нивната ќерка Катја по пад од балкон.На денешното рочиште, обвинетиот изјави дека чувствува вина за две од трите кривични дела што му се ставаат на товар, но не и за третото, кое се однесува на наведување и помагање при самоубиство.Судот не го прифати неговото признание за вината за двете дела, откако Јовановски изјави дека бил изложен на закани и притисоци да признае вина за сите обвиненија.Обвинителката Адела Бојчевиќ образложи дека обвинението се темели на умисла и континуирано семејно насилство, опишувајќи настан од 2 март годинава, кога, според обвинението, обвинетиот физички и вербално ја нападнал сопругата на повеќе локации во Скопје, упатувајќи ѝ сериозни закани. За поттикнување на самоубиство, обвинителството посочи дека станува збор за специфичен облик на наведување на самоубиство, каде што, иако не постои директно поттикнување, суровото и нечовечко однесување создало состојба што довела до трагичниот исход.„На жрвата и упатувал вербални закани 'ќе те убијм ку*во, ќе видиш што ќе ти направам. Со умисла на повеќе локации во Скопје вршел семејно насилство“, рече обвинителката Адела Бојчевиќ.Пред судот, Јовановски рече: „За првите две дела разбирам, за третото не. Не се согласувам во потполност“. Во текот на излагањето, тој се расплака, тврдејќи дека не бил сослушан и дека неправедно се товари.„Ја доведоа во безизлезна состојба, семејството ми е уништено. Мене ме присилуваа да признам вина за сите три дела“, изјави обвинетиот, посочувајќи го како одговорен сведокот Мартин Саздов.Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а постапката продолжува со изведување докази и сослушување сведоци.

Македонија | пред 12 часа

media-libraryupafq31d8b10eXa303R

Трамп: Можно е да ја „земеме нафтата“ во Иран и да го преземеме островот Харг

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД разгледуваат можност да ја преземат иранската нафта, вклучително и клучниот енергетски пункт – островот Харг.„Да бидам искрен, најмногу би сакал да ја земеме нафтата во Иран. Можеби ќе го земеме островот Харг, можеби нема. Имаме многу опции“, изјави Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“.Тој посочи дека евентуална таква операција би значела и подолго присуство на американските сили во регионот, додавајќи дека, според него, иранската одбрана на островот е слаба и дека САД би можеле „многу лесно“ да го освојат.Островот Харг, кој се наоѓа во Персиски Залив, е едно од главните извозни јадра на иранската нафта.Трамп истакна и дека индиректните преговори меѓу САД и Иран, кои се водат преку посредници од Пакистан, напредуваат и дека договор може да биде постигнат „прилично брзо“.Во исто време, американскиот претседател оцени дека веќе има „де факто промена на режимот“ во Иран, тврдејќи дека водечките структури се „десеткувани и уништени“.„Имаме работа со сосема нова група луѓе. Тоа го сметам за промена на режим“, изјави Трамп.Сепак, тој додаде дека исходот од преговорите останува неизвесен.„Мислам дека ќе постигнеме договор, но можно е и да не постигнеме. Со Иран никогаш не знаете“, порача Трамп.

Свет | пред 15 часа

SeKXr-

Илјадници морнари заглавени во Персискиот Залив: „Не сакаме да умреме“

Илјадници морнари се заглавени во Персиски Залив поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, а дел од нив работат за само 16 долари дневно без можност да се вратат дома.Според Меѓународна федерација на транспортни работници, телефонските линии за помош се преплавени со повици и пораки од екипажи кои бараат итна евакуација, храна, вода и медицинска помош.„Не сакаме да умреме. Помогнете ни да излеземе од тука“, стои во една од пораките испратени од морнар кој се наоѓа во зона на напади.Податоците на Меѓународна поморска организација покажуваат дека околу 20.000 морнари се заглавени во регионот, додека најмалку осум лица загинале во инциденти од почетокот на конфликтот.Областа околу Ормускиот теснец е прогласена за воена зона, што теоретски им дава на морнарите право на репатријација и повисоки примања. Сепак, многумина, особено оние без соодветни договори, не можат да ги остварат тие права.Морнарите сведочат дека се принудени да продолжат со работа и претовар на стока, иако се наоѓаат во опасна зона. Дел од нив тврдат дека компаниите ги игнорираат нивните барања за заминување, повикувајќи се на недостиг од летови или логистички пречки.Дополнителен проблем се и ниските плати. Според синдикалните податоци, голем број морнари работат за минимални надоместоци, што ги принудува да останат на бродовите и покрај ризикот по живот.Организациите за заштита на морнарите предупредуваат дека ситуацијата е критична и дека без итна реакција, бројот на жртви и хуманитарната криза на море може дополнително да се продлабочи.

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања