Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-libraryjprutcradgojaPgV63w

Австралија ги преполови акцизите за гориво за да го ублажи ценовниот удар

Австралија ќе ги преполови акцизите на горивото како дел од мерките за ублажување на растечките трошоци за домаќинствата, соопшти владата.Според најавите, данокот на горивото ќе биде намален за 26,3 центи по литар бензин, а мерката ќе важи до крајот на јуни.Премиерот Ентони Албаниз изјави дека целта е директно да им се помогне на граѓаните во услови на растечки цени.„Го преполовуваме данокот на горивото за три месеци за да ви заштедиме пари при точење. Конфликтите во странство ги зголемуваат цените дома, а знаеме дека Австралијците го чувствуваат притисокот“, порача Албаниз.Паралелно со оваа мерка, австралиските држави Викторија и Тасманија воведоа привремен бесплатен јавен превоз, со цел да ги охрабрат граѓаните да го намалат користењето на автомобили поради високите цени на горивото.

Свет | пред 15 часа

policija-policisko-vozilo

Се бараат најстроги казни за тепачите на полицајци пред дискотека во Карпош: Нападите мора да запрат

Македонски полициски синдикат најостро ги осуди нападите врз полициски службеници и алармира дека трендот на насилство кон припадниците на полицијата мора итно да запре.Од синдикатот информираат дека во континуитет работат на документирање и профилирање на сите напади врз полицајци при извршување на службените задачи, со цел да се идентификуваат евентуални системски слабости и да се подобри нивната заштита.Повод за реакцијата е настанот од 28 март, кога околу 03:30 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода две лица – 31-годишник од Ресен и 34-годишен турски државјанин, кои пред угостителски објект во Скопје најпрво ги попречиле, а потоа и физички нападнале полицајците, нанесувајќи им тешки телесни повреди.Синдикатот изразува целосна поддршка за Министерство за внатрешни работи во понатамошната постапка и бара целосно расчистување на случајот.Оттаму потенцираат дека секој напад врз полициски службеник претставува индиректен напад врз државата и институциите, нагласувајќи дека лицата кои се грижат за безбедноста, редот и мирот не смеат да бидат изложени на вакви ризици.Синдикатот бара правосудните органи да постапуваат по итна и брза постапка во вакви случаи, како и да се заостри казнената политика, со цел превенција и елиминирање на нападите врз полицајците.Воедно, најавуваат дека ќе иницираат измени на Кривичниот законик преку Собранието, а во наредниот период ќе продолжат и со организирање панел-дебати посветени на кривично-правната и прекршочната заштита на вработените во безбедносните институции.„Никогаш нема да дозволиме сторителите на физички и вербален напад врз полициските службеници да поминат без одговорност и соодветна казна“, порачаа од Македонскиот полициски синдикат.

Скопје | пред 16 часа

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Млад човек кој минатата година се преселил од Конектикат, САД, во Израел за да се приклучи на армијата, загинал во борбена операција на југот на Либан.Израелската војска соопшти дека станува збор за наредникот Моше Јицхак Хакоен Кац, 22-годишник со потекло од Њу Хејвен. Тој бил распореден во 890. баталјон на падобранската бригада и загинал во регион кој се смета за упориште на Хезболах.Неговиот татко, Менди Кац, на социјалните мрежи напиша дека „срцето му е скршено“, додека семејството отпатувало во Израел за да присуствува на погребот.Одлуката на Кац да се приклучи на војската била донесена по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога беа убиени околу 1.200 луѓе во јужен Израел. По доаѓањето во земјата, тој прво посетувал јазична обука бидејќи не го зборувал хебрејскиот јазик.Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Кац „храбро загинал бранејќи ја татковината“.

Свет | пред 16 часа

evn-ptici-struen1

Прекини на струја во делови од Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија информираат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров.Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“, како и ВФВ Поликлиника.Од 09:00 до 11:00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата „Коце Металец“, односно куќите на потегот од улицата „Зеничка“ до улицата „Гемиџиска“.Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Ваташа“ во Драчево.Од 09:00 до 15:00 часот, прекин на електричната енергија ќе има и за дел од корисниците на улицата 101 во Волково.

Скопје | пред 16 часа

media-libraryndr6nfb77hq7fyWG2v4

Со четири возила и 11 пожарникари изгаснат пожар во Струмица: горел пункт за старо железо

Синоќа, во близина на булеварот „Климент Охридски“ во Струмица, Територијалната противпожарна единица интервенирала на гаснење на пожар во откупен пункт за старо железо.Во пожарот бил зафатен помошен објект, како и дел од материјалите кои се наоѓале во непосредна близина. На терен интервенирале четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители.Пожарот бил во разгорена фаза, а гаснењето било отежнато поради тешкиот пристап за противпожарните возила, како и присуството на лесно запаливи материјали на локацијата.Надлежните апелираат до граѓаните, во случај на пожар или друга природна непогода, веднаш да се јават на броевите 112 или 193.

Македонија | пред 16 часа

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Војната во Иран го спаси рускиот буџет: Путин повторно без притисок за мир

На почетокот на годината руската економија се соочуваше со сериозен пад под притисок на санкциите и војната во Украина. Приходите опаѓаа, производството се намалуваше, а кредитите беа скапи и речиси недостапни, што отвораше простор за бран банкроти.Во такви услови, Русија беше принудена да продава нафта на Индија по цена од околу 22 долари за барел, што беше значително под пазарната вредност. Економските сигнали укажуваа на сериозна нестабилност, а притисокот врз Кремљ растеше.Според информации од блиски кругови до Владимир Путин, тој долго време ги игнорирал предупредувањата од економските и деловните структури, ставајќи го војниот конфликт како апсолутен приоритет.Сепак, во февруари се појавиле знаци на пресврт. Кремљ почнал да размислува за промени во преговарачкиот тим и потенцијално отворање кон преговори со Украина. Како можен сигнал за тоа се споменувала и замена на преговарачот Кирил Дмитриев со влијателниот Игор Сечин, близок соработник на Путин.Во исто време, се споменувала и можна реконструкција на владата, што дополнително укажувало дека Кремљ размислува за нова стратегија.Но, ситуацијата драматично се смени со ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. По почетокот на војната во Иран, цените на нафтата нагло пораснаа над 100 долари за барел, што директно го подобри финансискиот прилив во Русија.Дополнително, САД привремено ги олеснија ограничувањата за руската нафта, а глобалните нарушувања во снабдувањето со храна ја зголемија побарувачката за руски извоз, особено за ѓубрива.Истовремено, вниманието на Западот се пренасочи кон Блискиот Исток, со што Украина падна во втор план. Дел од воените ресурси што претходно беа наменети за Киев сега се користат во новиот конфликт.Оваа ситуација, според анализите, му носи директна корист на Кремљ. За Путин, продлабочувањето на поделбите меѓу западните сојузници и фокусот на новиот конфликт создаваат поволна геополитичка средина.Сепак, ваквиот пресврт може да биде привремен. Според извори блиски до руските власти, постои очекување дека конфликтот во Иран може да се стабилизира во наредните месеци, по што санкциите повторно би се засилиле.Во самата Русија, во пресрет на парламентарните избори, расте нервозата во власта. Се споменуваат можни кадровски промени, зголемена контрола врз јавниот простор и дури нова мобилизација.Пред Кремљ сега стои клучна дилема – дали да се оди кон деескалација и евентуален договор за Украина или да се продолжи со заострување на политиката и војната.Одговорот, според аналитичарите, ќе зависи пред сè од тоа колку долго ќе трае кризата на Блискиот Исток и дали глобалниот баланс повторно ќе се сврти против Москва.

Свет | пред 16 часа

media-libraryrgil7tncv4e3aKeOVmA

Закон без целосен ефект: Децата лесно ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи во Австралија

Австралија, како прва држава во светот што воведе забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, веќе четири месеци ја спроведува оваа мерка, но резултатите се поделени.Законот беше усвоен на 29 ноември 2024 година во парламентот во Канбера, а почна да се применува од 10 декември 2025 година. Со него се забранува отворање и користење профили на најголемите платформи како Facebook, Instagram, TikTok, Snapchat, X, YouTube и други.Премиерот Ентони Албанезе тврди дека мерката веќе дава резултати, посочувајќи дека младите повеќе време минуваат надвор, читаат и се дружат со семејството.Владата соопшти дека од стапувањето на законот во сила се деактивирани или ограничени повеќе од 4,7 милиони профили на деца и тинејџери.Сепак, практичната примена се покажала значително покомплицирана. Компаниите се задолжени да спречат пристап за малолетници преку проверки на возраст, вклучително и со технологија за препознавање лице или идентификациски документи, а за непочитување се предвидени казни до 49,5 милиони австралиски долари.И покрај тоа, многу родители и наставници тврдат дека младите лесно ги заобиколуваат ограничувањата. Дел од нив користат лажни податоци, други се служат со постари лица за верификација, а некои користат технички алатки за прикривање на идентитетот.Истражувањата покажуваат и дека наставниците не се доволно подготвени да се справат со последиците од забраната, особено бидејќи дел од платформите, како што е YouTube, сè уште се користат во образованието.Во меѓувреме, дел од младите сметаат дека мерката ја ограничува нивната слобода на изразување, оценувајќи дека социјалните мрежи се еден од главните канали преку кои комуницираат и ги изразуваат своите ставови.И покрај контроверзиите, интересот за слични мерки расте и во други држави. Шпанија, Данска, Обединетото Кралство и Франција веќе разгледуваат воведување минимална возраст за користење социјални мрежи, додека на ниво на Европска Унија сè уште нема единствена регулатива.Стручњаците предупредуваат дека клучниот предизвик останува техничката изводливост на проверката на возраст и заштитата на личните податоци, додека ефектите од ваквите мерки ќе бидат видливи дури на подолг рок.

Свет | пред 16 часа

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прогласи победа на коалицијата предводена од Српската напредна странка на локалните избори, тврдејќи дека неговата листа победила во сите 10 општини и градови.„Победа со 10-0“, изјави Вучиќ, повикувајќи се на прелиминарни резултати, и им се заблагодари на граѓаните за довербата.Изборите се одржаа во повеќе општини, меѓу кои Бор, Кула, Аранѓеловац, Бајина Башта и Смедеревска Паланка, а право на глас имале околу 250.000 избирачи.Според Вучиќ, најнеизвесна била трката во Кула, каде што, како што рече, СНС победила со разлика од околу 530 гласови.Сепак, изборниот ден беше обележан со бројни инциденти и обвинувања за нерегуларности. Опозициските партии, студентските листи и невладините организации пријавија физички напади, притисоци врз гласачите, фотографирање на гласачки ливчиња и појава на таканаречен „бугарски воз“.Судири и тензии беа регистрирани во повеќе места, вклучително и во Бор, Бајина Башта и Кула, каде што имало и напади врз активисти и новинари.Во текот на вечерта, полицијата влезе и во просториите на опозицискиот Народно движење на Србија, што предизвика дополнителни реакции. Лидерот на партијата, Мирослав Алексиќ, соопшти дека им било кажано оти станува збор за полициска постапка против лица затекнати во објектот.Вучиќ, пак, изјави дека постојат сомнежи оти од тие простории се вршело влијание врз гласачите и најави можни апсења.И покрај критиките, тој оцени дека поддршката за СНС расте во повеќето средини во споредба со претходните избори, нагласувајќи дека партијата „стои најдобро во последните шест години“.

Свет | пред 16 часа

nafta

Саудиска Арабија активира алтернатива: Нафтата оди преку Црвеното Море

Саудиска Арабија активира алтернативна рута за извоз на нафта, откако Иран го блокираше Ормускиот теснец – еден од најважните светски коридори за транспорт на енергенси.Според информациите на Bloomberg, т.н. нафтовод „Исток-Запад“ (Petroline) во моментов работи со максимален капацитет, пренасочувајќи значителни количини сурова нафта од Персискиот Залив кон пристаништето Јанбу на Црвеното Море.Преку оваа рута се транспортираат околу пет милиони барели нафта дневно, додека дополнително се извезуваат меѓу 700.000 и 900.000 барели рафинирани производи. Вкупниот капацитет на нафтоводот достигнува околу седум милиони барели дневно, од кои дел се користат за домашни рафинерии.Сепак, оваа алтернативна линија не може целосно да го надомести ударот од затворањето на Ормускиот теснец, низ кој пред конфликтот поминуваа околу 15 милиони барели нафта дневно – клучен дел од глобалното снабдување.Во меѓувреме, танкерските флоти се пренасочуваат кон Јанбу, што ја прави оваа рута една од најважните „артерии“ за светскиот енергетски пазар во моментот.Дополнителна неизвесност создаваат и заканите од јеменските Хути, кои најавија можно вклучување во конфликтот. Иако засега нема потврда за напади врз танкери во Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб, претходните напади со дронови и ракети во регионот ја зголемуваат загриженоста кај трговците и осигурителите.Саудиска Арабија, која со децении се позиционира како стабилен глобален снабдувач на нафта, го активирала овој план за итни ситуации веднаш по почетокот на американско-израелските напади врз Иран. Нафтоводот „Исток-Запад“, долг повеќе од 1.000 километри, е изграден токму како одговор на ризиците од претходни конфликти во регионот, вклучително и Иранско-ирачката војна.И покрај овие мерки, пазарите остануваат под притисок, а исходот ќе зависи од тоа колку долго ќе трае блокадата и дали конфликтот ќе се прошири и на други клучни енергетски точки.

Свет | пред 16 часа

media-library3kjf825dn45t9KR8fQu

Кралско семејство во сенка на афера: Сестрите размислуваат за заминување од Британија

Животите на ќерките на Принцот Ендру се под силен јавен притисок поради скандалот поврзан со Џефри Епштајн, кој повторно се актуализира по објавувањето нови документи од страна на американските власти.Принцезата Беатрис и Принцезата Евгенија, иако не се обвинети за какво било кривично дело, се најдоа во центарот на вниманието, со зголемен притисок од јавноста да се изјаснат за нивните релации со Епштајн.Според медиумските извештаи, ситуацијата дополнително се комплицира поради тековната истрага поврзана со нивниот татко, што повторно ја отвора темата за неговите врски со контроверзниот финансиски магнат, кој почина во 2019 година.Поголем дел од вниманието е насочено кон постарата сестра Беатрис, која, според извори блиски до семејството, се соочува и со лични предизвици во бракот со Едоардо Мапели Моци. Се наведува дека парот размислува за преселба надвор од Обединетото Кралство, со цел да се дистанцира од медиумскиот притисок.Како најверојатна опција се споменуваат САД, каде што веќе живее нивниот братучед Принцот Хари, кој наводно им дава совети и поддршка. Според истите извори, се разгледува можноста привремено да престојуваат во Калифорнија.Во меѓувреме, Сара Фергусон, мајката на принцезите, значително се повлече од јавноста, што дополнително ја засилува перцепцијата за криза во семејството.Случајот повторно го отвори прашањето за влијанието на скандалите врз британското кралско семејство и иднината на помладите членови, кои се обидуваат да ја зачуваат приватноста и јавниот имиџ во услови на засилен медиумски притисок.

Свет | пред 16 часа

w_55664211

Зголемен ризик од напади: Вашингтон бара евакуација на американските државјани од Ирак

САД издадоа итно предупредување до своите државјани да го напуштат Ирак поради сериозно влошување на безбедносната состојба и зголемен ризик од напади.Во соопштението на американската амбасада во Багдад се наведува дека постои реална опасност од напади од страна на Иран и проирански вооружени групи врз цели поврзани со САД, вклучително и универзитети, дипломатски претставништва и енергетска инфраструктура.Американските власти истакнуваат дека вакви напади веќе се регистрирани низ повеќе делови од земјата, вклучително и во регионот на Ирачки Курдистан, како и врз институции и цивилни објекти.Амбасадата во Багдад и генералниот конзулат во Ербил продолжуваат со работа, но со ограничено присуство, при што на граѓаните им се препорачува да не ги посетуваат овие објекти поради постојаната закана од ракетни и беспилотни напади.Нивото на предупредување за Ирак останува на највисоко, четврто ниво – „не патувајте“, а на американските државјани им се наложува веднаш да ја напуштат земјата доколку се наоѓаат во неа.За оние што ќе одлучат да останат, властите предупредуваат дека го прават тоа на сопствен ризик, нагласувајќи дека заканата од нови напади останува висока и непредвидлива.

Свет | пред 16 часа

izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Израелската полиција спречила одржување на миса за Цветници во Ерусалим, откако на латинскиот патријарх Пјербатиста Пицабала и на кустосот на Светата земја Франческо Јелпо не им било дозволено да влезат во Црквата на Светиот гроб.Според Латинскиот патријархат, ваков случај се случува првпат по неколку векови. Настанот предизвика силни реакции во јавноста и осуди од меѓународната заедница.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека веднаш наредил на надлежните институции да му се овозможи на кардиналот непречен пристап до храмот и одржување на богослужбата.Тој објасни дека ограничувањето било воведено од безбедносни причини, поради зголемените тензии и ракетните напади во регионот, при што, како што наведе, делови од проектили паднале во близина на светите места во градот.„Со цел да се заштитат верниците, беше побарано привремено воздржување од богослужби на христијанските, муслиманските и еврејските свети места во Стариот град“, посочи Нетанјаху, додавајќи дека одлуката за кардиналот ќе биде коригирана.Цветници го означуваат почетокот на Страсната седмица и се еден од најзначајните христијански празници, поврзан со влегувањето на Исус Христос во Ерусалим.Инцидентот предизвика осуди од повеќе европски лидери, меѓу кои и Џорџа Мелони и Емануел Макрон, како и од претставници на САД.Според податоците, бројот на христијани во Светата земја денес изнесува помалку од два процента од населението, што претставува значително намалување во однос на периодот по формирањето на Израел во 1948 година.

Свет | пред 16 часа

nafta-696x465-1

Нафтата над 115 долари: Војната на Блискиот Исток го турка пазарот нагоре

Цените на нафтата повторно бележат раст, откако ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток продолжува да создава неизвесност на глобалните пазари.На азиските берзи денеска цената на нафтата од типот Брент достигна 115,84 долари за барел, што претставува зголемување од 2,9 проценти.Пред почетокот на американско-израелските напади врз Иран кон крајот на февруари, цената на нафтата се движеше околу 72 долари за барел. Во меѓувреме, минатата недела беше достигнат врв од 118 долари, додека во петокот цената се задржа нешто под 112 долари, што и понатаму е значително повисоко во однос на периодот пред почетокот на конфликтот.Аналитичарите предупредуваат дека нестабилноста во регионот, особено ризиците за снабдувањето и транспортните рути, продолжува да врши притисок врз пазарот на енергенси, што може да значи дополнителни ценовни шокови во наредниот период.

Свет | пред 16 часа

media-library3q18csuo1nun21sFyW2

По седум месеци потрага: Убиен осомничениот за двојното убиство во Австралија

Австралиската полиција соопшти дека најверојатно е ликвидиран мажот кој седум месеци бил во бегство по убиството на двајца полициски службеници во Викторија.Станува збор за Дезмонд Филби, познат како Дези Фримен, кој во август минатата година на својот имот во малото место Порепанка усмртил двајца полицајци, по што избегал и се криел во шумско подрачје.Полицијата соопшти дека мажот бил убиен по повеќечасовна опсада на руралниот имот на североистокот од државата. Идентитетот сè уште официјално се утврдува, но властите изразуваат силно уверување дека станува збор за Фримен.„Нашата цел беше да го приведеме. Имаше можност мирно да се предаде, но тоа не го направи“, изјави началникот на полицијата Мајк Буш.Според информациите, осомничениот излегол од објектот вооружен, по што полицијата реагирала. Во акцијата не биле повредени полициски службеници, а ќе биде спроведена и истрага за употребата на оружје.Двојното убиство се случило кога полициска екипа дошла на имотот во рамки на истрага за други кривични дела. Тогаш биле убиени полицајците Нил Томпсон и Вадим де Ваарт.Полицијата најави дека истрагата ќе се прошири и на можни помагачи кои му овозможиле на осомничениот да се крие со месеци.Фримен себеси се претставувал како „суверен граѓанин“, дел од движење кое ги отфрла државните институции и законите. Неговите ставови биле јавно објавувани преку интернет и судски документи, а локалните жители сведочат дека дополнително се радикализирал за време на пандемијата.Случајот повторно го отвори прашањето за радикализацијата и насилниот потенцијал на антисистемските групи во Австралија, особено по сличен напад во 2022 година во Квинсленд, кога беа убиени двајца полицајци и едно цивилно лице.

Свет | пред 16 часа

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Четири европски сили го осудија израелскиот план за проширување на смртната казна

Обединето Кралство, Франција, Германија и Италија изразија „длабока загриженост“ поради предлог-законот во Израел со кој се предвидува проширување на примената на смртната казна.Во заедничко соопштение, министрите за надворешни работи на овие земји предупредија дека ваквиот закон може да има дискриминаторски карактер и да ги наруши демократските обврски на Израел.Предлогот, кој се очекува да биде разгледан во парламентот – Кнесетот, предвидува значително проширување на можностите за изрекување смртна казна, вклучително и нејзина задолжителна примена за одредени кривични дела.Реакција стигна и од Совет на Европа, каде што генералниот секретар Ален Берсе повика Израел да се откаже од законските измени, оценувајќи ги како чекор назад во однос на долгогодишната практика без извршување на смртна казна.Иако смртната казна формално постои во израелското законодавство, последен пат е извршена во 1962 година, кога бил погубен нацистичкиот злосторник Адолф Ајхман.Дополнителна загриженост изразија и експерти на Обединети нации, кои предупредија дека предложените измени може да доведат до двоен систем на примена на смртната казна, со различни правила за различни категории случаи.Законот, доколку биде усвоен, најверојатно ќе се соочи со правни предизвици и ќе заврши пред Врховниот суд на Израел.

Свет | пред 16 часа

media-libraryuj9239op3au77ncRTx2

САД размислува за ризична операција во Иран: Специјалци за извлекување ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за сложена воена операција во Иран, со цел извлекување на околу 450 килограми збогатен ураниум, објави Wall Street Journal.Според информации од американски претставници, станува збор за исклучително ризична мисија која би можела да ги задржи американските сили на иранска територија со денови, па дури и подолго. Конечна одлука сè уште не е донесена, но Трамп, како што се наведува, е отворен за ова сценарио доколку тоа придонесе за спречување на развој на нуклеарно оружје од страна на Техеран.Вашингтон во меѓувреме врши притисок врз Иран доброволно да го предаде нуклеарниот материјал како дел од можен договор за завршување на конфликтот. Во спротивно, се разгледува и опцијата за преземање со сила.Според проценките, најголем дел од ураниумот се наоѓа во подземни објекти во Исфахан и Натанз, што дополнително ја комплицира евентуалната операција. За да се стигне до материјалот, американските сили би морале да дејствуваат под закана од ракетни и беспилотни напади, да го обезбедат теренот и да овозможат транспорт на материјалот со специјална опрема.Експертите предупредуваат дека ваквата интервенција носи сериозен ризик од ескалација и може да доведе до продолжување на конфликтот, наместо негово скратување.„Ова не е операција во која се влегува и се излегува за неколку часа“, оценуваат поранешни воени претставници.Паралелно со воените подготовки, се разгледува и дипломатско решение, според кое Иран би го предал ураниумот без воена интервенција. Слични операции за отстранување на нуклеарен материјал во минатото биле спроведувани со меѓународна соработка.Американското Министерство за одбрана подготвува повеќе сценарија, вклучително и ангажирање на брзи интервенциски единици и дополнително распоредување на копнени сили во регионот, со цел да му се овозможи на претседателот поширок избор на опции.

Свет | пред 16 часа

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Трамп со пресврт: „Нека испраќаат нафта во Куба, не ми пречи, без разлика дали се Руси или не“

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализира промена на ставот кон нафтената блокада на Куба, изјавувајќи дека нема ништо против која било земја да испорачува нафта кон оваа островска држава.Изјавата доаѓа во момент кога санкциониран руски танкер се приближува кон кубанско пристаниште, по повеќемесечен прекин на испораките што ја втурна земјата во длабока енергетска криза.„Ако некоја земја сака да испрати малку нафта во Куба, мене тоа не ми пречи, без разлика дали е Русија или не“, изјави Трамп од претседателскиот авион Air Force One.Според властите во Хавана, веќе три месеци нема пристигнато ниту еден танкер, што доведе до рестрикции на гориво и чести прекини на електричната енергија. Ситуацијата дополнително го влошува секојдневието на населението, вклучително и на пациентите кои зависат од континуирана медицинска грижа.Трамп изрази сочувство за кубанскиот народ, но истовремено остро ја критикуваше владата во Хавана, оценувајќи дека станува збор за „лошо и корумпирано раководство“ и дека евентуалните испораки на нафта нема суштински да ја променат политичката состојба во земјата.Во меѓувреме, енергетската криза во Куба се продлабочува, а пристигнувањето на рускиот танкер се оценува како тест за односите меѓу Вашингтон и Москва во чувствителен геополитички момент.

Свет | пред 16 часа

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Променливо облачно време со сончеви периоди и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Во Скопје, времето исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, проследено со слаб до умерен ветер од северен правец.

Македонија | пред 16 часа

873x400-1-16

Светот пред нова нафтена криза? Тензиите на Блискиот Исток го креваат алармот

Светот повторно се соочува со ризик од енергетски шок, поттикнат од воените тензии на Блискиот Исток и растот на цените на нафтата, што сè почесто се споредува со кризите од 1970-тите години.Според Фатих Бирол од Меѓународната агенција за енергија, сегашната состојба претставува „најголема закана за енергетската безбедност во историјата“. Тој предупредува дека недостигот на нафта на глобално ниво достигнува околу 11 милиони барели дневно – повеќе отколку во двете големи нафтени кризи од 1973 и 1979 година заедно.Клучен фактор во актуелната ситуација е Ормутскиот теснец, преку кој минува значаен дел од светската нафта. Неговото затворање доведе до пад на понудата од околу осум проценти, што веќе се одразува врз цените и глобалните пазари.Сепак, економистите укажуваат на важни разлики во однос на минатото. За разлика од 70-тите, кога цените експлодираа неколкукратно и предизвикаа стагфлација, денешниот пазар е поразновиден и поотпорен. Производството не е толку концентрирано, а САД во меѓувреме значително ја зголемија сопствената продукција, намалувајќи ја зависноста од Блискиот Исток.Дополнително, државите располагаат со значителни стратешки резерви – над 8 милијарди барели – кои веќе се користат за ублажување на шокот и стабилизирање на цените.И покрај тоа, штетите врз енергетската инфраструктура во регионот се сериозни. Десетици нафтени и гасни постројки се оштетени, што значи дека дури и по евентуален крај на конфликтот, обновувањето на производството може да трае со месеци или години.Клучното прашање останува времетраењето на кризата. Доколку блокадата на Хормушкиот теснец и воените дејства продолжат подолг период, ризикот од глобална нафтена криза значително ќе се зголеми.Во меѓувреме, ефектите веќе се чувствуваат: раст на инфлацијата, поскапо гориво и притисок врз економскиот раст. Иако сценариото од 70-тите засега не се повторува во целост, неизвесноста останува висока, а пазарите внимателно го следат секој нов развој на настаните.

Свет | пред 16 часа

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Насилството кулминирало со смрт: Почнува судењето за случајот за Јовановски, по смртта на Катја и Ивана

Денес започнува судскиот процес против Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана и татко на малолетната Катја, кои трагично го загубија животот по пад од тераса, случај што предизвика силни реакции во јавноста.Постапката ќе ја води судијата Ивица Стефановски, познат по водењето на предметот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.Според наводите на Основно јавно обвинителство, обвинетиот подолг временски период вршел психичко и физичко насилство врз својата сопруга. Таа, како што се наведува, била тепана, навредувана и понижувана – и во домот и на јавни места, пред сведоци, при што ѝ биле упатувани закани дека ќе биде избркана од домот и дека ќе ѝ биде одземено детето.Обвинението посочува дека насилството кулминирало на критичниот ден, кога Ивана, во состојба на тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност, си го одзела животот.„Малтретирањето ја довело оштетената во состојба на страв, безнадежност и неможност разумно да ги контролира своите постапки“, наведуваат од Обвинителството.Според податоците на Министерство за внатрешни работи, против Јовановски претходно биле поднесени повеќе од десет пријави за семејно насилство. Паралелно, против него се воделе постапки и за други кривични дела, меѓу кои и трговија со дрога, а двапати бил осудуван, вклучително и за напад врз полициски службеник.По трагедијата, инспекциските служби од Министерство за социјална политика утврдиле пропусти во постапувањето на надлежниот Центар за социјални работи.Официјалните податоци на МВР покажуваат дека од почетокот на годината до 10 март се регистрирани 319 кривични дела поврзани со семејно насилство, поднесени се 207 кривични пријави, а во 14 случаи е одреден притвор. Во истиот период се евидентирани и 602 поплаки за семејно насилство, што дополнително ја отвора темата за системските пропусти и заштитата на жртвите.

Македонија | пред 17 часа

media-library6tkmv4te0fvu1FVrgG5

(Фото) Со пресретнувачи, МВР лови брзо возење: Фатен возач со 178 км/ч на патот Штип-Радовиш

Министерство за внатрешни работи информира дека мобилна единица со полициски пресретнувач санкционирала возач кој управувал возило со значително пречекорена брзина.Инцидентот е регистриран денеска (29.03.2026) во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш, каде што е измерена брзина од 178 километри на час кај патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. На оваа делница максимално дозволената брзина е 110 километри на час.Станува збор за возачот П.К. (33) од Радовиш, против кого се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидените санкции.Од МВР најавуваат дека контролите со специјалните возила – пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајот.Надлежните потсетуваат дека пречекорувањето на брзината е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, кои често завршуваат со тешки последици по животот и здравјето на учесниците.Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност на патиштата.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryam720069j4c5c6Gm0yQ

Седењето не е проблем – ако мозокот работи: Ново истражување со важна порака

Долготрајното седење не мора секогаш да биде штетно – клучно е како се користи тоа време, покажува ново истражување на Karolinska Institutet.Според студијата, активностите што го стимулираат мозокот – како решавање загатки, плетење или работа – можат да ги ублажат негативните ефекти од седентарниот начин на живот, за разлика од пасивното гледање телевизија или бесцелно користење дигитални уреди.Истражувањето опфатило 20.811 возрасни лица во Шведска, следени во период од речиси две децении, со цел да се процени ризикот од развој на деменција. Резултатите, објавени во American Journal of Preventive Medicine, покажуваат јасна разлика меѓу „ментално активно“ и „ментално пасивно“ седење.Учесниците кои повеќе време поминувале во пасивни активности имале значително поголем ризик од деменција. Наспроти тоа, секој дополнителен час ментално активна ангажираност го намалувал ризикот за околу 4 проценти. Ако пасивното време се замени со активно – ризикот се намалува за 7 проценти, а комбинацијата со физичка активност, како одење, носи намалување и до 11 проценти.Главниот истражувач Матс Халгрен нагласува дека седентарното однесување е поврзано со ризик-фактори како висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес и дебелина – состојби кои директно влијаат на здравјето на мозокот.Иако студијата има ограничувања – дел од податоците се базирани на самоизвестување, а истражувањето започнало пред ерата на паметни телефони – заклучокот останува јасен: начинот на кој го користиме времето додека седиме е клучен.„Мозокот функционира како мускул – ако не го користите, слабее“, посочува Халгрен.Пораката од научниците е едноставна: помалку пасивно седење, повеќе движење и што повеќе активности што го ангажираат умот.

Магазин | пред 1 ден

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Дрон во непосредна близина на Palm Beach International Airport предизвика итен прекин на воздушниот сообраќај во момент кога претседателот на САД Доналд Трамп полетувал со претседателскиот авион Air Force One.Инцидентот се случил за време на полетувањето, кога дронот се приближил опасно до леталото, по што веднаш бил воведен т.н. „ground stop“ – целосно запирање на сите операции на аеродромот од безбедносни причини.Според информации од пилоти на Delta Air Lines, патниците биле известени во текот на летот за блиската средба со дронот, додека во воздух биле подигнати хеликоптери со цел да се провери ситуацијата и да се обезбеди воздушниот простор.Претседателскиот авион безбедно полетал, а по кратко време сообраќајот бил нормализиран и операциите на аеродромот продолжиле без дополнителни нарушувања. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета.Од Federal Aviation Administration и United States Secret Service сè уште нема официјално соопштение за случајот.Инаку, Трамп често престојува во своето одморалиште Мар-а-Лаго во Палм Бич, каде и претходно имало безбедносни инциденти, вклучително и вооружен упад во близина на комплексот.

Свет | пред 1 ден

media-library4dngb41tvd1q3Cw2dvI

Инциденти и обвинувања на изборите во Србија: Две различни слики од теренот

Во десет општини и градови во Србија денеска се одржаа локални избори, кои беа проследени со бројни инциденти и тензии на повеќе гласачки места.Граѓаните гласаа во Бор, Смедеревска Паланка, Бајина Башта, Кула, Лучани, Аранѓеловац, Кладово, Књажевац, Мајданпек и во градската општина Севојно во Ужице.Една од општините каде што беа забележани сериозни нерегуларности е Кула, каде граѓани изразија сомнежи за купување гласови и постоење дупли избирачки списоци во објекти во близина на избирачките места.Според информации од терен, полицијата го обезбедувала пристапот до овие објекти, додека пред нив имало собрани граѓани кои се обидувале да го спречат влегувањето на лица поврзани со владејачката партија. Во еден момент дошло до турканици, а приведени се и лица.Во исто време, државниот сервис РТС извести со поинаква верзија на настаните. Според нивниот извештај, поддржувачи на опозицијата и студентските листи биле тие кои се собирале пред објектите, провоцирале и се обидувале да влезат, при што полицијата интервенирала за да спречи ескалација.Спротивставените информации за случувањата на теренот ја отсликуваат високата политичка напнатост и недоверба што го обележаа изборниот ден во дел од српските општини.

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Педесетгодишна жена од Тенеси поминала повеќе од пет месеци во затвор, откако била погрешно идентификувана од систем за препознавање лица базиран на вештачка интелигенција и поврзана со серија финансиски измами во Северна Дакота – место каде, како што тврди, никогаш не била.Случајот со Ангела Липс отвори сериозни прашања за употребата на АИ во полициските истраги, откако полицијата во Фарго призна дека направила „неколку грешки“ во постапката.Истражителите користеле систем за препознавање лица од партнерска агенција, кој посочил „сличност“ со осомничено лице. Токму таа идентификација, без доволна дополнителна проверка, довела до издавање налог за апсење и нејзино приведување.Липс била уапсена во јули, а потоа со месеци држена во притвор и префрлена на повеќе од 1.600 километри од својот дом. Таа се соочувала со сериозни обвиненија, вклучително и кражба и злоупотреба на лични податоци.Пресвртот доаѓа кога нејзиниот адвокат презентирал банкарски докази дека во моментите на извршување на делата таа се наоѓала во Тенеси. Обвиненијата биле отфрлени дури во декември, по што таа била ослободена на Бадник.„Бев исплашена, исцрпена и понижена“, изјавила Липс, опишувајќи го искуството како трауматично. Нејзиниот правен тим сега разгледува можност за тужба поради кршење на граѓанските права.Полицијата во Фарго призна дека дел од проблемот било потпирањето на АИ систем кој не бил под нивна директна контрола. Станува збор за технологија на компанијата Clearview AI, која користи милијарди фотографии собрани од интернет.Како последица на случајот, најавени се промени: идните идентификации преку препознавање лица ќе мора да добијат дополнително одобрување, а соработката со спорниот систем ќе биде прекината.

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања