Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Закон без целосен ефект: Децата лесно ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи во Австралија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-libraryrgil7tncv4e3aKeOVmA

Австралија прва воведе забрана за социјални мрежи за лица под 16 години (усвоена 29.11.2024, важи од 10.12.2025). Владата тврди дека младите повеќе се дружат и читаат, а над 4,7 милиони детски профили се деактивирани/ограничени. Но, спроведувањето е тешко: платформите мора да вршат проверки на возраст (и со лице/документи) под закана од високи казни, а младите често ја заобиколуваат забраната. Има дилеми за училиштата, слободата на изразување и заштитата на податоците; други земји разгледуваат слични мерки.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Австралија, како прва држава во светот што воведе забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години, веќе четири месеци ја спроведува оваа мерка, но резултатите се поделени.

Законот беше усвоен на 29 ноември 2024 година во парламентот во Канбера, а почна да се применува од 10 декември 2025 година. Со него се забранува отворање и користење профили на најголемите платформи како Facebook, Instagram, TikTok, Snapchat, X, YouTube и други.

— реклама —

Премиерот Ентони Албанезе тврди дека мерката веќе дава резултати, посочувајќи дека младите повеќе време минуваат надвор, читаат и се дружат со семејството.

Владата соопшти дека од стапувањето на законот во сила се деактивирани или ограничени повеќе од 4,7 милиони профили на деца и тинејџери.

— реклама —

Сепак, практичната примена се покажала значително покомплицирана. Компаниите се задолжени да спречат пристап за малолетници преку проверки на возраст, вклучително и со технологија за препознавање лице или идентификациски документи, а за непочитување се предвидени казни до 49,5 милиони австралиски долари.

И покрај тоа, многу родители и наставници тврдат дека младите лесно ги заобиколуваат ограничувањата. Дел од нив користат лажни податоци, други се служат со постари лица за верификација, а некои користат технички алатки за прикривање на идентитетот.

Истражувањата покажуваат и дека наставниците не се доволно подготвени да се справат со последиците од забраната, особено бидејќи дел од платформите, како што е YouTube, сè уште се користат во образованието.

Во меѓувреме, дел од младите сметаат дека мерката ја ограничува нивната слобода на изразување, оценувајќи дека социјалните мрежи се еден од главните канали преку кои комуницираат и ги изразуваат своите ставови.

И покрај контроверзиите, интересот за слични мерки расте и во други држави. Шпанија, Данска, Обединетото Кралство и Франција веќе разгледуваат воведување минимална возраст за користење социјални мрежи, додека на ниво на Европска Унија сè уште нема единствена регулатива.

Стручњаците предупредуваат дека клучниот предизвик останува техничката изводливост на проверката на возраст и заштитата на личните податоци, додека ефектите од ваквите мерки ќе бидат видливи дури на подолг рок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

(Видео) Пожар во рафинерија во Австралија: Загрозено снабдувањето со гориво

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarybien4gd5p8fm9lOJB55

Повеќе од 60 отсто малолетници во Австралија ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи

Свет | пред 1 седмица

media-library50mkk5dmmv25fBfgKnF

(Видео) Очекувала пајаци во Австралија, а ја „пречека“ небото: илјадници лилјаци во кадар што ги „заледи“ социјалните мрежи

Настани | пред 1 седмица

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Австралија забранува познати лица во реклами за коцкање

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања