Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-librarykqli5jaus2lidXFvLj6

Напад врз електроенергетскиот систем на Иран: Прекини на струја во Техеран

Напади врз електроенергетската инфраструктура предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Техеран, како и во пошироката Техеранска област и покраината Алборз, соопшти иранското Министерство за енергетика.Заменик-министерот Мостафа Раџаби Машхади изјави дека при нападите бил погоден далеководен столб на влезот во Карај, град кој се наоѓа северозападно од Техеран. Претходно беа регистрирани осцилации во снабдувањето со струја токму во овој регион.Дополнително, источниот дел на Техеран останал без една трафостаница за пренос на електрична енергија, што директно влијаело врз стабилноста на мрежата.И покрај инцидентите, Машхади порача дека граѓаните „не треба да бидат загрижени“, нагласувајќи дека надлежните служби веќе работат на санација на штетите и нормализирање на снабдувањето.Нападите врз критичната инфраструктура доаѓаат во период на зголемени тензии во регионот, при што електроенергетскиот систем станува една од клучните цели во конфликтот.

Свет | пред 1 ден

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран се заканува: Ударите ќе ги натераат САД да се повлечат од регионот

Командантот на воздухопловно-космичките сили на Исламска револуционерна гарда, Сејед Маџид Мусави, изјави дека серијата напади на иранските сили врз американски воени цели ќе го принудат САД да ги повлече своите трупи од регионот.Во објава на социјалната мрежа Икс, Мусави тврди дека иранските сили ќе продолжат со напади насочени кон парализирање на американските радари и логистички капацитети, истовремено нанесувајќи загуби на американскиот воен персонал.Тој додаде дека штетите врз американската воена инфраструктура, вклучително и оштетени авиони за радарско набљудување и командување, како и уништени хангари, се доказ за ефектите од нападите, најавувајќи и нови „високовредни цели“.Овие изјави доаѓаат во период на засилени тензии, по информациите дека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува можност за ограничени копнени операции на територијата на Иран.Според ирански извори, вооружените сили на земјата досега извеле десетици бранови на одмазднички напади врз американски и израелски цели во регионот, при што се предизвикани човечки жртви и значителна материјална штета.Во еден од последните напади, извршен врз воздухопловната база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија, бил погоден и оштетен американски авион за радарско извидување и командување, при што биле повредени повеќе војници и оштетени дополнителни летала за дополнување гориво во воздух.Развојот на настаните укажува на понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, со зголемен ризик од директна конфронтација меѓу двете страни.

Свет | пред 1 ден

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Пакистан најавува: Наскоро преговори меѓу САД и Иран

Пакистан најавува можност за отворање нов дипломатски канал во конфликтот на Блискиот Исток, со потенцијални преговори меѓу САД и Иран кои би се одржале во Исламабад.Шефот на пакистанската дипломатија, Ишак Дар, изјави дека неговата земја наскоро ќе биде домаќин на разговорите, но не прецизираше дали тие ќе се водат директно или преку посредници. Засега, нема официјална потврда ниту од Вашингтон ниту од Техеран.Изјавата доаѓа по состанокот на високи дипломати од Турција, Египет и Саудиска Арабија во пакистанската престолнина, каде што се разговарало за можностите за прекин на војната која трае веќе еден месец.„Пакистан е задоволен што и Иран и САД покажаа доверба во нашата посредничка улога“, изјави Дар, додавајќи дека разговорите би можеле да се одржат „во наредните денови.Министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија ја поддржале иницијативата на Пакистан, а најавено е и ново координациско средба веќе следниот ден.Во изминатиот период, Пакистан се позиционира како важен дипломатски посредник, користејќи ги релативно стабилните односи и со САД и со Иран. Според пакистански извори, јавната иницијатива следи по неколкунеделна тивка дипломатија зад сцената, со цел да се отвори простор за деескалација на конфликтот.

Свет | пред 1 ден

parking

Селективното зонско паркирање во Аеродром носи најави за блокади, жителите гневни: Ќе има хаос ако зонското важи само за Реонски центар

По најавите за воведување зонско паркирање, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, потврди дека од 1 април наплатата ќе започне, но само во Реонски центар, што предизвика реакции кај жителите на Ново Лисиче.Граѓаните предупредуваат дека ваквата селективна примена ќе го влоши и онака сериозниот проблем со паркирањето во нивната населба. Според нив, веќе сега е речиси невозможно да се најде слободно место, а воведувањето наплата во соседниот реон ќе го пренасочи дополнителниот притисок кон Ново Лисиче.Жителите посочуваат дека со месеци наназад бараат истовремено воведување на зонско паркирање и во нивната населба, но без резултат. Тврдат дека паркиралиштата се узурпирани, а институциите не презеле конкретни чекори и покрај претходните ветувања.Во реакции објавени на социјалните мрежи, дел од граѓаните најавуваат и можни блокади доколку одлуката не се преиспита.„Ако се воведе зонско само во Реонски центар, ќе бидеме принудени да излеземе на блокади уште истиот ден“, предупредуваат тие, барајќи одложување на мерката сè додека не се спроведе паралелно решение и за Ново Лисиче.Останува неизвесно дали надлежните ќе одговорат на барањата на жителите или од 1 април зонското паркирање ќе стартува само во една од двете локации, што дополнително може да ги зголеми тензиите на терен.

Скопје | пред 1 ден

se-za-ljubovta-na-princot-hari-i-megan-markl-293839

Принцот Хари чека покана од кралот Чарлс: Ќе има ли помирување ова лето?

Принцот Хари се надева дека ќе добие покана од својот татко, Крал Чарлс Трети, за да помине дел од летото со семејството во Сандрингем, објавија британските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до војводата од Сасекс.Според тие информации, Хари би сакал да помине „семејно време“ со сопругата и двете деца во Норфолк, но конечната одлука зависи од кралот. Неговите деца, Принц Арчи и Принцеза Лилибет, повеќе од четири години не го виделе својот дедо, последен пат за време на јубилејот на Кралица Елизабета Втора во 2022 година.Извори наведуваат дека Хари би ја прифатил поканата, но неговото доаѓање во Обединетото Кралство е условено од безбедносни гаранции. Тој веќе подолго време инсистира дека не се чувствува безбедно да ја донесе својата фамилија без официјална полициска заштита, која му беше укината по повлекувањето од кралските должности и преселбата во САД во 2020 година.Последната средба меѓу Хари и Чарлс се случила во септември минатата година, кога накратко разговарале во Кларенс Хаус, по пауза од речиси две години. Оттогаш, комуникацијата се сведува на телефонски разговори.Хари се очекува да престојува во Велика Британија во јули, по повод настан поврзан со Игрите на непобедливите и неговите хуманитарни активности. Кралот Чарлс традиционално летото го поминува во Балморал, но дел од јули обично престојува во Сандрингем – што отвора можност за евентуална семејна средба.„Ако кралот сака да ги види децата, доволно е да ги покани“, наведува извор близок до Хари, додавајќи дека одлуката е целосно во рацете на британскиот монарх.

Магазин | пред 1 ден

vucic-brnabic

Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, остро ја критикуваше опозицијата, тврдејќи дека барањата за избори не се мотивирани од демократски принципи, туку од, како што наведе, намера за поттикнување граѓански конфликти.Во објава на социјалната мрежа Икс, Брнабиќ напиша дека опозицијата ги користи изборите како средство за политичка мобилизација, а не како начин за изразување на волјата на граѓаните.„Не бараат избори за демократија, туку за да повикуваат на граѓански судири. Изборите им се начин да се ‘допумпаат’, а не да ја слушнат волјата на народот“, порача таа.Нејзината реакција следуваше по изјавата на советникот во Собранието на Нови Сад, Миран Погачар, кој повика на поширока мобилизација во повеќе градови, наведувајќи дека „Србија мора да биде подготвена да ја брани народната волја“.Размената на остри пораки доаѓа во контекст на зголемени тензии и инциденти поврзани со локалните избори во повеќе градови во Србија, каде денот на гласање е проследен со обвинувања, притисоци и физички пресметки.

Свет | пред 1 ден

media-librarync2losehl6ht8Pemt4M

Крај на „чистите“ мапи: Епл тргнува по стапките на Гугл

Епл се подготвува да воведе реклами во својата апликација Apple Maps, со што ќе направи значаен пресврт во досегашната политика за избегнување комерцијални огласи во овој сервис.Според информации објавени од Блумберг, компанијата од Купертино може официјално да ја најави оваа промена веќе овој месец, додека првите реклами се очекуваат во текот на летото.Новиот систем ќе функционира слично како кај Гугл и неговата услуга Google Maps. Бизнисите ќе можат да лицитираат за приоритетен приказ при пребарување на поими како „пица“ или „чевли“, што значи дека платените резултати ќе се појавуваат меѓу првите што корисниците ќе ги видат.Огласите ќе бидат достапни на iPhone уредите, како и на други платформи и веб-верзијата на мапите. Според најавите, интерфејсот ќе биде поинтегриран и помалку наметлив во однос на конкурентските решенија.Ова не е изолиран чекор. Епл веќе го проширува своето присуство во дигиталното рекламирање преку огласни позиции во App Store и во апликацијата Apple News.Со ваквиот потег, компанијата влегува подлабоко во рекламниот пазар, обидувајќи се да создаде нов извор на приходи, но и отвора прашања за корисничкото искуство и приватноста во една од најкористените навигациски алатки.

Магазин | пред 1 ден

media-library5r9tdnafc2gla52UeoC

Успех за Македонија: Карпузовска меѓу 32 најдобри во светот на комуникациите

Во Подгорица, во хотелот Хилтон, свечено беа доделени меѓународните награди PRO PR Globe People Achievement Awards, кои ги обединуваат водечките комуникациски професионалци од целиот свет. Оваа година признанија добија 32 експерти од 13 земји, потврдувајќи ја глобалната важност на професијата односи со јавноста.Добитничка од Македонија е Ленче Карпузовска, менаџерка за комуникации (ПР и маркетинг) во ЕВН, која го доби признанието за својата професионална работа и придонес во областа.„Наградата ми е особено драга бидејќи доаѓа од врвни професионалци во светот, кои најдобро ги препознаваат сите невидливи битки и напори зад комуникациската сцена. Ова искуство нема вистинска вредност доколку не се сподели со новите генерации“, изјави Карпузовска, нагласувајќи дека успехот е резултат на тимска работа.Меѓу добитниците се и истакнати комуникациски експерти од регионот, вклучително и претставници од Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и професионалци од Обединетото Кралство, Индија, Германија и Франција.Дополнително беа доделени и специјални признанија за визија, транспарентност и претприемачки достигнувања, со што настанот уште еднаш ја истакна улогата на комуникациите во современото општество.Наградите PRO PR Globe People Achievement Awards ја потврдуваат важноста на професионалноста, етиката и иновациите во индустријата, обединувајќи експерти чија работа ги поставува стандардите во глобалните комуникации.

Магазин | пред 1 ден

media-libraryt6ut4dcj663k6jGXem9

(Видео) Насилство на избори во Србија: Новинари и студенти нападнати со секира

Новинари и студенти биле нападнати во близина на избирачко место во Бор, на истокот на Србија, соопштија студентите во блокада, посочувајќи дека напаѓачите користеле и секира.Според нивните наводи, група лица излегла од возило и физички нападнала присутни, при што биле кршени мобилни телефони и одземани камери, а дел од нападнатите биле турнати на земја. Неколку лица се здобиле со повреди и биле пренесени во медицински установи.Невладината организација ЦРТА соопшти дека десетици мажи, кои наводно излегле од простории на Српска напредна странка, тргнале кон студентите откако тие снимале возило за кое се сомневале дека се користи за паралелни евиденции на гласачи.Најтешко повреден е еден студент кој, според информациите, бил удиран додека лежел на земја, по што бил пренесен во болница. Му бил одземен и мобилниот телефон.Студентите побараа итна реакција од обвинителството и новинарските здруженија, нагласувајќи дека и покрај нападите, нивните тимови ќе продолжат да го следат изборниот процес до крајот на денот.Локалните избори што се одржуваат во повеќе градови во Србија се одвиваат во тензична атмосфера, со пријави за инциденти, притисоци и нерегуларности на повеќе избирачки места.

Свет | пред 1 ден

media-libraryqcs3efoodmu8cFx0e3o

Хорор во Италија: Од гроб украдена главата на убиена манекенка

Телото на 29-годишната италијанска манекенка Памела Џенини, која беше убиена минатата година во Милано, е сквернавено на гробишта во близина на Бергамо, откако од ковчегот била украдена нејзината глава.Морбидниот случај бил откриен кога работници го отвориле ковчегот за да го преместат телото во семејна капела. Забележале дека завртките биле олабавени, а на рабовите имало траги од силикон. При отворањето, го затекнале телото обезглавено.Италијанското обвинителство веднаш отвори истрага за сквернавење на тело и кражба на дел од човечко тело – кривични дела за кои се предвидени затворски казни.Џенини беше убиена во октомври минатата година од својот поранешен партнер Џанлука Сончин, кој ја нападнал со нож во нејзиниот стан. Според истрагата, злосторството следело по одлуката на жртвата конечно да ја прекине врската.По убиството, напаѓачот се обидел да изврши самоубиство, но преживеал и сега се соочува со обвиненија за убиство со умисла, бруталност, семејно насилство и следење.Сведоштвата од околината укажуваат на долг период на насилство, закани и контрола. Соседи пријавиле крици за помош вечерта на убиството, додека блиски лица тврдат дека жртвата живеела во страв и се обидувала да избега од насилната врска.Дополнително, се открива дека и покрај претходни инциденти и медицински докази за повреди, не биле активирани соодветни механизми за заштита.Со новиот развој – сквернавењето на гробот – случајот добива уште помрачна димензија, а истрагата треба да утврди кој стои зад кражбата на дел од телото и мотивите за овој шокантен чин.

Свет | пред 1 ден

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Нетанјаху: „Иран повеќе не е ист“ – Израел ја проширува офанзивата во Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воените операции на Израел создаваат „видливи пукнатини“ во, како што рече, „терористичкиот режим“ во Иран, оценувајќи дека регионалните противници се во фаза на слабеење.По состанок во северната воена команда во Сафед, Нетанјаху порача дека Хезболах и Хамас, заедно со Иран, „повеќе не се исти“ и дека, според него, се борат за сопствен опстанок.„Наместо тие да нè изненадуваат нас, ние ги изненадуваме нив. Ние сме страната што иницира, напаѓа и делува длабоко на нивна територија“, изјави Нетанјаху.Во исто време, тој најави проширување на израелската офанзива во јужен Либан, каде што израелските сили ги таргетираат позициите на Хезболах. Потврди дека дал наредба за дополнително проширување на постојната безбедносна тампон-зона долж северната граница.„Одлучни сме темелно да ја промениме ситуацијата на северот“, нагласи Нетанјаху, додавајќи дека целта е зајакнување на безбедносната позиција на Израел.Изјавата доаѓа во момент на зголемени тензии на израелско-либанската граница, каде зачестените прекугранични судири го зголемуваат ризикот од поширока регионална ескалација.

Свет | пред 1 ден

media-librarykkerd3hc2uip4X7SyPU

Зеленски: Русија му помогнала на Иран во нападот врз американска база, нивните сателити трипати снимале пред ударот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија споделувала разузнавачки информации со Иран, што наводно помогнало во нападот врз американска воена база во Саудиска Арабија.Во интервју за NBC News, Зеленски тврди дека руските сателити ја снимале базата „Принц Султан“ во три наврати – на 20, 23 и 25 март, по што следел напад на 26 март, во кој биле ранети американски војници и оштетена воена опрема.„Сто проценти сум сигурен дека Русија споделува вакви информации со Иран“, изјави Зеленски, повикувајќи се на податоци од украинските разузнавачки служби. Според него, повтореното сателитско снимање е јасен индикатор за подготовка на напад.Американски претставници потврдиле дека во нападот имало повредени војници, но нагласиле дека станува збор за полесни повреди. Информациите за руско учество, засега, не се независно потврдени.Во меѓувреме, Сергеј Лавров ги отфрли ваквите наводи, иако призна дека Москва има долгорочна воена соработка со Техеран.Зеленски предупредува дека војната на Блискиот Исток ѝ одговара на Москва, посочувајќи дека растот на цените на нафтата и евентуалното олеснување на санкциите може да ѝ донесат дополнителни приходи на Русија.Воедно, тој изрази загриженост дека дел од американската воена помош би можела да биде пренасочена од Украина кон Блискиот Исток, што би ја ослабнало украинската одбрана.Киев, како што нагласи Зеленски, останува подготвен за преговори со Москва, но не и на територија на Русија или Белорусија, кои ги смета за сојузници во конфликтот.

Свет | пред 1 ден

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Мицкоски за Филипче: „Неговите изјави се за хумор и сатира, не се распаѓа коалицијата со ЗНАМ“

Премиерот Христијан Мицкоски со ироничен тон одговори на изјавите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека се распаѓа коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.„Понекогаш во поинаква рубрика треба да се коментираат неговите изјави – имаше порано хумор и сатира, можеби таму е местото за тие изјави“, изјави Мицкоски.На директното прашање дали има вистина во тврдењата за распад на коалицијата, премиерот кратко одговори: „Апсолутно не“.Со ова, Мицкоски ги отфрли шпекулациите за нарушени односи во владејачкото мнозинство, оценувајќи ги како неосновани политички конструкции.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет без јасна предвидливост и конечен исход на процесот.Говорејќи за позициите на Европска Унија, која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, Мицкоски истакна дека нема намера „по било која цена“ да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.„Ако тоа е единствениот услов, а во сè друго да бидеме најдобри – жалам, нема тука добар соговорник без да бидат исполнети и другите детали“, изјави премиерот.Тој додаде дека процесот не може да продолжи без јасни гаранции за правата на македонската заедница во Бугарија, како и без конкретни заклучоци од Европскиот совет кои би ја дефинирале крајната цел.Во своето обраќање, Мицкоски направи и историска паралела, посочувајќи дека за одредени политики во регионот се чекало со децении, нагласувајќи дека Македонија е подготвена да чека доколку условите не се јасни и праведни.„Нема да влегуваме во процес кој ќе нè одведе во ново политичко мочуриште“, рече тој, додавајќи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата.Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција.

Македонија | пред 1 ден

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е во напредна фаза на разговори со тур-оператори за значително зголемување на бројот на туристи на охридското крајбрежје, особено надвор од главната туристичка сезона.Според него, се работи на договор кој треба да донесе околу половина милион ноќевања во вонсезонскиот период, што би значело просечно околу 2.000 гости дневно.Анализите, како што посочи, покажуваат дека овие туристи трошат во просек по 170 евра дневно, вклучително и за сместување, што би генерирало приближно 85 милиони евра приходи надвор од сезоната.„Ова е сериозен економски импакт, но и можност за хотелиерите да го задржат персоналот во текот на целата година, наместо да се соочуваат со сезонски отпуштања“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека во наредниот период ќе се работи и на унапредување на сместувачките капацитети, со цел да се одговори на очекуваниот раст на побарувачката.Најавите доаѓаат паралелно со инвестициите во Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, што треба дополнително да ја зајакне туристичката понуда и поврзаноста на регионот.

Настани | пред 1 ден

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски најави сериозна надградба и реконструкција на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон зголемување на туристичкиот и транспортниот капацитет на земјата.Тој посочи дека по претходната модернизација на пистата по доделувањето на концесијата на ТАВ Македонија, сега следува нова фаза на развој со проширување од околу 2.500 квадратни метри.„Ова ќе значи повеќе патници, подобра поврзаност и директен поттик за туризмот“, истакна Николоски, додавајќи дека паралелно се реализираат и други инфраструктурни и безбедносни проекти.Во таа насока, ги посочи активностите на М-НАВ во делот на воздушната безбедност, како и изградбата на патниот правец Охрид–Кичево, со што се подобрува пристапноста до аеродромот.Според него, целта е веќе следната година двата македонски аеродроми да достигнат над 4 милиони патници, што би претставувало значителен раст на воздушниот сообраќај.Николоски најави дека реконструкцијата треба да заврши во текот на летото, со очекување во јули да биде организирано и свечено отворање, по што охридскиот аеродром ќе функционира со „комплетно нова приказна“.

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, со цел зголемување на капацитетите и подобрување на условите за патниците и вработените.Како што соопшти генералниот директор Неџат Курт на ТАВ Македонија, проектот предвидува проширување на патничкиот капацитет, зголемување на просторот за безбедносна контрола на патници и багаж, како и проширување на административната зграда.Во рамки на инвестицијата ќе бидат изградени нови канцеларии за граничната полиција, паркинг за вработените и кафетерија, со што значително ќе се подобрат условите за работа и престој на аеродромот.„Оперативноста на аеродромот ќе продолжи додека се изведуваат градежните работи, а се очекува тие да завршат кон крајот на мај. Овој проект ќе му даде сосема нов лик на охридскиот аеродром и ќе овозможи подобро секојдневие за сите што се дел од воздушниот сообраќај“, изјави Курт.Дополнително, беше најавено дека Визер започнува со нова авиолинија од Охрид до Милано, што го означува почетокот на летната сезона. Со ова се надополнуваат постојните линии кон европските дестинации, меѓу кои и Братислава и Виена.Инвестицијата доаѓа во период кога се очекува зголемен број патници во текот на летната туристичка сезона, при што модернизацијата на инфраструктурата треба да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај.

Настани | пред 1 ден

media-library8s3daj0ifm8md4KQtk4

Илјадници обиди за шверц: Царината открила 6.994 случаи во 2025

Царинарница Куманово, во рамки на Царинска управа, во текот на 2025 година наплатила вкупно 8,4 милијарди денари приходи, што претставува раст од 6 проценти, односно за 503,7 милиони денари повеќе во споредба со претходната година.Во истиот период, откриени се вкупно 6.994 обиди за нелегални дејствија, по што се изготвени соодветни записници и дополнително се пресметани 560,1 милион денари, односно околу 9,1 милион евра по основ на избегнати давачки.Меѓу позначајните случаи, на граничниот премин Табановце бил спречен обид за криумчарење на 134 килограми марихуана.На Деве Баир е пресечен обид за нелегален пренос на златен накит со вредност од 3,5 милиони денари.Додека, на преминот Пелинце бил спречен шверц на 15 златни монети и индустриско злато, како и осум сребрени монети и индустриско сребро, со вкупна вредност од 2,4 милиони денари.Податоците укажуваат на зголемена ефикасност на царинските служби, но и на континуиран притисок од обиди за шверц и избегнување на давачки, што останува сериозен предизвик за институциите.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryts2ckgnkn7lu4uFLH2c

Советник од Гевгелија алармира: Црн исцедок од депонија се влева кон браната Топлик

Членот на Советот на Општина Гевгелија, Борче Нечевски, алармира за сериозно загадување поврзано со депонијата управувана од ЈПКД Комуналец, тврдејќи дека од неа се излева исцедок кој завршува во водотек што се влева во браната Топлик.На осмата седница на Советот, на која според него, се разгледувале извештаите за работата на инспекциските служби, Нечевски јавно поставил прашања дали е извршен надзор врз депонијата и дали е констатирано истекување на загадена течност. Тој предупредил дека станува збор за сериозен еколошки проблем и побарал проверка дали управувањето е согласно Б-интегрираната еколошка дозвола.Според него, одговорот од надлежните бил дека ќе се направи дополнителна проверка. На истата седница, во присуство на директорот на претпријатието, темата повторно била отворена, при што било посочено дека „нема шанси да има исцедок“, со образложение дека депонијата располага со соодветна заштитна инфраструктура.Нечевски, сепак, тврди дека лично излегол на терен и ја проверил состојбата. Како што наведува, по пешачење од околу 12 километри долж водотекот, стигнал до локацијата и ја документирал состојбата со фотографии и видеа.„Она што го видов е загрижувачко. Исцедок постои, а водата е загадена“, наведува Нечевски, додавајќи дека станува збор за потенцијална еколошка катастрофа.Тој бара итна инспекциска контрола, јавно објавување на наодите, утврдување одговорност и преземање мерки за заштита на животната средина.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Социјални психолози во САД откриле дека дури една третина од испитаниците веруваат дека светот ќе заврши во текот на нивниот живот – податок кој, освен што звучи загрижувачки, има директно влијание врз начинот на кој луѓето реагираат на глобалните кризи.Истражувањето, пренесено од Дојче Веле, покажува дека ваквите убедувања не се само апстрактни мисли, туку фактор кој го обликува чувството на лична одговорност и подготвеноста за дејствување.Социјалниот психолог Метју Биле од Универзитетот во Калифорнија објаснува дека луѓето различно го замислуваат крајот – од целосно уништување на планетата, преку колапс на цивилизацијата, до трансформација што може да доведе и до „нова“ или подобра реалност.Истражувачите утврдиле дека ставовите зависат од четири клучни фактори: колку блиску се чувствува крајот, како се замислува дека ќе се случи, дали поединецот верува дека има влијание врз исходот и што очекува да следи потоа.На пример, луѓето кои сметаат дека крајот е „во Божји раце“ се помалку подготвени да поддржат политики за справување со климатските промени или други глобални ризици. Слично, ако некој не верува во заедничка иднина, помала е веројатноста да поддржи колективни мерки, како што се даноци за намалување на емисиите.Студијата опфатила повеќе од 3.000 испитаници од САД и Канада, со различна верска и социјална позадина. Анализирани биле нивните ставови за економски, еколошки, геополитички, социјални и технолошки ризици.Резултатите покажуваат дека иако за мнозинството крајот на светот е „далечен и апстрактен“, за секој трет испитаник тој е лична и непосредна реалност. Овие луѓе, според истражувањето, повеќе се плашат од глобалните закани, но и почесто се подготвени да поддржат драстични мерки за нивно спречување.Сепак, постои и друга страна. Начинот на кој луѓето го доживуваат „крајот“ може да им помогне полесно да се справат со неизвесноста. Оние кои веруваат дека по катастрофата следи некаква обнова или „утопија“, покажуваат поголема психолошка отпорност.Истражувањето заклучува дека размислувањето за апокалипса не е само индивидуален феномен, туку колективен процес – кој влијае врз општествените одлуки, политиките и начинот на кој човештвото се соочува со сопствените кризи.

Магазин | пред 1 ден

brnabikj

Брнабиќ со обвинувања: „Блокадерите спроведуваат терор за време на изборите“

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, реагираше на социјалната мрежа Икс во врска со, како што наведе, „лажните наводи“ на телевизијата N1 за кол-центри во Кладово.Брнабиќ оцени дека постоењето на кол-центри е вообичаена практика кај политичките партии, додавајќи дека е недозволиво упаѓање и снимање во такви простории.„Секоја сериозна партија има свои кол-центри. Од каде право некој да упаѓа и да ги вознемирува луѓето? Замислете Би-Би-Си да влезе во кол-центар на конзервативците или Си-Ен-Ен кај републиканците“, напиша таа.Таа дополнително ги обвини, како што ги нарече, „блокадерите“ дека сметаат дека за нив не важат законите и дека вршат притисоци и таргетирање на луѓе.Во објавата, Брнабиќ се осврна и на низа инциденти за време на локалните избори, тврдејќи дека имало закани, напади врз активисти и инциденти со оружје.Според неа, изборите претставуваат „обид да се одбрани демократијата“, а наводните настани ги оцени како дел од „организиран и планиран терор“.Изјавите доаѓаат во услови на зголемени политички тензии и меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за нерегуларности и притисоци во текот на изборниот процес.

Свет | пред 1 ден

media-libraryn2b57q6dr0528xTENTO

Ферстапен по трката во Јапонија: Размислувам и за крај на кариерата

Четирикратниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изрази сериозно незадоволство по трката во Јапонија, каде заврши на осмата позиција, во сезона во која неговиот тим Ред Бул Рејсинг има значителни проблеми со формата.Во изјава за Би-Би-Си, Ферстапен не ја исклучи можноста за повлекување од спортот, посочувајќи дека актуелните услови за тркање се далеку од прифатливи.„Размислувам за тоа како и за сè друго секој ден. Не е убаво кога мораш да се тркаш на овој начин. Ова е анти-возење. Не е ни до позицијата – немам проблем дали ќе бидам седми или осми“, изјави тој.Главниот проблем, според него и други возачи, се новите правила кои бараат специфично управување со енергијата, односно полнење на батеријата во текот на секој круг, што значително ја намалува брзината на болидите во одредени делови од патеката.Последиците од ваквиот систем беа видливи и на самата трка во Јапонија, каде е забележана разлика од речиси 100 километри на час меѓу возачите, што доведе до опасен инцидент на патеката.Овие случувања отвораат сериозна дебата во Формула 1 за безбедноста и квалитетот на тркањето, додека дел од возачите, меѓу кои и Ферстапен, јавно го доведуваат во прашање правецот во кој се движи спортот.

Спорт | пред 1 ден

media-libraryudqju2upidoa9bdz5XF

Иран погодил американски AWACS авион, сериозен удар врз воздушните операции

Американскиот авион за радарски надзор и командување E-3 Sentry AWACS е оштетен во ирански ракетен и беспилотен напад врз воздушната база „Принц Султан“ на 27 март, при што се ранети повеќе од десет американски војници, од кои двајца потешко.Според достапните информации, во нападот биле погодени и авиони за дополнување гориво во воздух, што дополнително ја комплицира оперативната состојба на Вооружени сили на САД во регионот.Американското Централно командување засега не го коментира инцидентот, додека објавените фотографии што кружат во јавноста укажуваат на сериозни оштетувања, иако тие не се независно потврдени.Авионот E-3 AWACS има клучна улога во модерните воени операции – овозможува радарски надзор, координација на воздушниот простор и управување со борбени дејствија. Овие летала се користат со децении во конфликти како Заливска војна, како и во Ирак, Авганистан и други операции.Аналитичарите предупредуваат дека евентуалното губење на ваков авион може значително да ја намали способноста за следење на ситуацијата на бојното поле и да создаде „слепи точки“ во воздушниот надзор.„Овие летала се клучни за целокупната координација – од избегнување судири до прецизно таргетирање. Нивната вредност е во тоа што ја гледаат целата слика“, оценуваат воените експерти.Воедно, нападот се толкува како дел од поширока стратегија на Иран за таргетирање на клучните елементи на американската воздушна надмоќ – комуникациски системи, радарски капацитети и поддржувачка авијација.Со оглед дека флотата на вакви авиони е ограничена и делумно застарена, евентуалната загуба дополнително го зголемува притисокот врз преостанатите ресурси, додека се чека воведување на новата генерација системи.

Свет | пред 1 ден

media-library0gdb3e0pr3i82kSDuXJ

(Видео) Напнат изборен ден во Србија: судири, сомнежи за нерегуларности и интервенции на полицијата

Локалните избори кои денес се одржуваат во десет општини во Србија се одбележани со напнатости, инциденти и физички пресметки на повеќе избирачки места.Според извештаите од терен на тамошните медиуми, тепачка избила пред просториите на Српска напредна странка во Бор, додека во Бајина Башта биле оштетени возила на опозициски набљудувачи, при што им биле пробушени гумите.На повеќе гласачки места е забележано засилено присуство на полицијата, која во неколку наврати интервенирала за да спречи ескалација на конфликтите. Пријавени се и напади врз набљудувачи од студентските листи, како и бројни нерегуларности, меѓу кои фотографирање на гласачки ливчиња и појава на паралелни избирачки списоци.Дополнително, набљудувачите укажуваат на зголемен број пријави за гласање надвор од избирачките места, кој во одредени општини достигнува и до пет проценти од вкупното избирачко тело, што отвора сомнежи за можни манипулации.Владејачката Српска напредна странка соопшти дека активисти и лидери на опозициските листи „грубо ги вознемируваат и провоцираат граѓаните“, додека опозициските структури и студентските движења укажуваат на притисоци, поткуп и организирани злоупотреби.Овие избори се сметаат за важен тест за владеењето на претседателот Александар Вучиќ, особено по масовните антивладини протести предводени од студентите минатата година, на кои беа поставени барања за демократизација, борба против корупцијата, независно судство и слободни медиуми.Гласањето трае до 20 часот, по што се очекуваат првичните резултати и оценките за регуларноста на изборниот процес.

Свет | пред 1 ден

galaxy-s22-ultra-share-image

Galaxy S26 Ultra со потег што може да ја смени индустријата

Најновиот модел на Samsung, Samsung Galaxy S26 Ultra, носи значајна промена во пристапот кон поправливоста, откако компанијата воведе нов механизам за вадење на батеријата кој овозможува нејзина замена за само неколку секунди.Според анализата на iFixit, наместо досегашните индустриски лепила кои бараа загревање и ризично отстранување, новиот систем овозможува брза и безбедна интервенција без оштетување на компонентите.Оваа промена доаѓа во услови на засилен притисок од Европска Унија, која преку нови регулативи бара поголема одржливост и подолг животен век на електронските уреди.Главните придобивки од новиот дизајн се значајни: сервисирањето е значително побрзо, ризикот од оштетување при отворање е намален, а уредот добива подолг животен век, особено со оглед на повеќегодишната софтверска поддршка што ја ветува Samsung.И покрај овие измени, уредот го задржува премиум квалитетот – титаниумска рамка и IP68 заштита од вода и прашина, што досега често беше аргумент за користење на силни лепила.Во споредба со конкурентите како Apple и Google, кои исто така прават чекори кон подобра поправливост, Samsung со серијата S26 моментално поставува нов стандард во премиум сегментот.

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања