Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Пакистан најавува: Наскоро преговори меѓу САД и Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Пакистан најавува можност за отворање нов дипломатски канал во конфликтот на Блискиот Исток, со потенцијални преговори меѓу САД и Иран кои би се одржале во Исламабад.

Шефот на пакистанската дипломатија, Ишак Дар, изјави дека неговата земја наскоро ќе биде домаќин на разговорите, но не прецизираше дали тие ќе се водат директно или преку посредници. Засега, нема официјална потврда ниту од Вашингтон ниту од Техеран.

— реклама —

Изјавата доаѓа по состанокот на високи дипломати од Турција, Египет и Саудиска Арабија во пакистанската престолнина, каде што се разговарало за можностите за прекин на војната која трае веќе еден месец.

„Пакистан е задоволен што и Иран и САД покажаа доверба во нашата посредничка улога“, изјави Дар, додавајќи дека разговорите би можеле да се одржат „во наредните денови.

— реклама —

Министрите за надворешни работи на Турција, Египет и Саудиска Арабија ја поддржале иницијативата на Пакистан, а најавено е и ново координациско средба веќе следниот ден.

Во изминатиот период, Пакистан се позиционира како важен дипломатски посредник, користејќи ги релативно стабилните односи и со САД и со Иран. Според пакистански извори, јавната иницијатива следи по неколкунеделна тивка дипломатија зад сцената, со цел да се отвори простор за деескалација на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 8 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 9 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 9 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања