Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Зеленски: Русија му помогнала на Иран во нападот врз американска база, нивните сателити трипати снимале пред ударот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarykkerd3hc2uip4X7SyPU

Зеленски тврди дека Русија споделувала разузнавачки информации со Иран, што помогнало во нападот на американската база „Принц Султан“ во Саудиска Арабија. Според него, руските сателити ја снимале базата на 20, 23 и 25 март, пред нападот на 26 март во кој имало полесно повредени американски војници. САД потврдуваат повредени, но наводите за руско учество не се независно потврдени; Лавров ги негира, иако признава воена соработка со Иран. Зеленски вели дека ескалација на Блискиот Исток ѝ одговара на Москва (нафта, санкции) и стравува од пренасочување американска помош од Украина. Украина е за преговори, но не во Русија или Белорусија.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија споделувала разузнавачки информации со Иран, што наводно помогнало во нападот врз американска воена база во Саудиска Арабија.

Во интервју за NBC News, Зеленски тврди дека руските сателити ја снимале базата „Принц Султан“ во три наврати – на 20, 23 и 25 март, по што следел напад на 26 март, во кој биле ранети американски војници и оштетена воена опрема.

— реклама —

„Сто проценти сум сигурен дека Русија споделува вакви информации со Иран“, изјави Зеленски, повикувајќи се на податоци од украинските разузнавачки служби. Според него, повтореното сателитско снимање е јасен индикатор за подготовка на напад.

Американски претставници потврдиле дека во нападот имало повредени војници, но нагласиле дека станува збор за полесни повреди. Информациите за руско учество, засега, не се независно потврдени.

— реклама —

Во меѓувреме, Сергеј Лавров ги отфрли ваквите наводи, иако призна дека Москва има долгорочна воена соработка со Техеран.

Зеленски предупредува дека војната на Блискиот Исток ѝ одговара на Москва, посочувајќи дека растот на цените на нафтата и евентуалното олеснување на санкциите може да ѝ донесат дополнителни приходи на Русија.

Воедно, тој изрази загриженост дека дел од американската воена помош би можела да биде пренасочена од Украина кон Блискиот Исток, што би ја ослабнало украинската одбрана.

Киев, како што нагласи Зеленски, останува подготвен за преговори со Москва, но не и на територија на Русија или Белорусија, кои ги смета за сојузници во конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иран ги обвинува САД и Израел за последиците од војната

Свет | пред 4 минути

— реклама —
media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања