Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Напнат изборен ден во Србија: судири, сомнежи за нерегуларности и интервенции на полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-library0gdb3e0pr3i82kSDuXJ
Screenshot: N1 Beograd

Локалните избори во десет општини во Србија се одвиваат со напнатости, инциденти и физички пресметки. Има тепачка во Бор и оштетени возила на опозициски набљудувачи во Бајина Башта, а на повеќе места е засилено полициско присуство. Пријавени се напади врз набљудувачи, нерегуларности (фотографирање ливчиња, паралелни избирачки списоци) и зголемено гласање надвор од избирачките места, што буди сомнежи за манипулации. СНС обвинува опозиција за провокации, а опозицијата за притисоци и поткуп; изборите се тест за Вучиќ. Гласањето трае до 20 часот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Локалните избори кои денес се одржуваат во десет општини во Србија се одбележани со напнатости, инциденти и физички пресметки на повеќе избирачки места.

Според извештаите од терен на тамошните медиуми, тепачка избила пред просториите на Српска напредна странка во Бор, додека во Бајина Башта биле оштетени возила на опозициски набљудувачи, при што им биле пробушени гумите.

— реклама —

На повеќе гласачки места е забележано засилено присуство на полицијата, која во неколку наврати интервенирала за да спречи ескалација на конфликтите. Пријавени се и напади врз набљудувачи од студентските листи, како и бројни нерегуларности, меѓу кои фотографирање на гласачки ливчиња и појава на паралелни избирачки списоци.

Дополнително, набљудувачите укажуваат на зголемен број пријави за гласање надвор од избирачките места, кој во одредени општини достигнува и до пет проценти од вкупното избирачко тело, што отвора сомнежи за можни манипулации.

— реклама —

Владејачката Српска напредна странка соопшти дека активисти и лидери на опозициските листи „грубо ги вознемируваат и провоцираат граѓаните“, додека опозициските структури и студентските движења укажуваат на притисоци, поткуп и организирани злоупотреби.

Овие избори се сметаат за важен тест за владеењето на претседателот Александар Вучиќ, особено по масовните антивладини протести предводени од студентите минатата година, на кои беа поставени барања за демократизација, борба против корупцијата, независно судство и слободни медиуми.

Гласањето трае до 20 часот, по што се очекуваат првичните резултати и оценките за регуларноста на изборниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 16 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 17 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања