Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вучиќ прогласи победа „10-0“: СНС освои во сите општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, прогласи победа на коалицијата предводена од Српската напредна странка на локалните избори, тврдејќи дека неговата листа победила во сите 10 општини и градови.

„Победа со 10-0“, изјави Вучиќ, повикувајќи се на прелиминарни резултати, и им се заблагодари на граѓаните за довербата.

— реклама —

Изборите се одржаа во повеќе општини, меѓу кои Бор, Кула, Аранѓеловац, Бајина Башта и Смедеревска Паланка, а право на глас имале околу 250.000 избирачи.

Според Вучиќ, најнеизвесна била трката во Кула, каде што, како што рече, СНС победила со разлика од околу 530 гласови.

— реклама —

Сепак, изборниот ден беше обележан со бројни инциденти и обвинувања за нерегуларности. Опозициските партии, студентските листи и невладините организации пријавија физички напади, притисоци врз гласачите, фотографирање на гласачки ливчиња и појава на таканаречен „бугарски воз“.

Судири и тензии беа регистрирани во повеќе места, вклучително и во Бор, Бајина Башта и Кула, каде што имало и напади врз активисти и новинари.

Во текот на вечерта, полицијата влезе и во просториите на опозицискиот Народно движење на Србија, што предизвика дополнителни реакции. Лидерот на партијата, Мирослав Алексиќ, соопшти дека им било кажано оти станува збор за полициска постапка против лица затекнати во објектот.

Вучиќ, пак, изјави дека постојат сомнежи оти од тие простории се вршело влијание врз гласачите и најави можни апсења.

И покрај критиките, тој оцени дека поддршката за СНС расте во повеќето средини во споредба со претходните избори, нагласувајќи дека партијата „стои најдобро во последните шест години“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 15 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 16 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања