Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Кристијан Ландов

media-librarycta19g0jh1me8IGVhI4

(Видео) Трамп со вулгарна изјава за саудискиот принц – нова дипломатска бура

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика нова дипломатска контроверзија со директни и навредливи коментари за саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, испратени на јавен собир.Во своето обраќање, Трамп порача дека саудиското раководство мора да има поинаков однос кон него во споредба со претходните американски претседатели.„Не мислеше дека ќе ми го бакне задникот, навистина не мислеше... а сега мора да биде добар со мене... подобро да биде добар со мене, мора да биде“, изјави Трамп.Со оваа изјава, тој сугерираше дека Саудиска Арабија повеќе не може да си дозволи дистанциран однос кон Вашингтон, туку мора да се прилагоди на неговиот стил на водење политика.Коментарите доаѓаат во чувствителен момент за односите меѓу САД и Саудиска Арабија, кои се меѓу клучните партнери во областа на безбедноста и енергетиката во регионот.Реакциите на социјалните мрежи беа бурни, при што дел од корисниците оценуваат дека ваквото јавно понижување на сојузник е невообичаено за американската дипломатија и може дополнително да ја искомплицира веќе чувствителната геополитичка ситуација на Блискиот Исток.Во позадина на овие изјави се и пошироките тензии во регионот, особено ривалството меѓу Саудиска Арабија и Иран, како и притисоците од САД врз Ријад да преземе поактивна улога во регионалните процеси, вклучително и потенцијално признавање на Израел.

Свет | пред 2 дена

policiski-cas-policaec-skopje-7

Фатени девет лица алкохолизирани зад волан: акциска контрола во Скопје, 27 се казнети

Девет возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, едно лице е лишено од слобода, а вкупно 27 мерки се изречени во акциска контрола што ја спроведе Мобилната единица на МВР во Скопје.Контролата била реализирана во текот на ноќта меѓу 27 и 28 март, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со акцент на санкционирање на возачи под дејство на алкохол.Вкупно биле алкотестирани 49 возачи, при што кај девет од нив било утврдено присуство на алкохол, додека еден возач одбил да се подложи на тестирање.Покрај тоа, биле констатирани уште 12 други сообраќајни прекршоци, а поднесени се и пет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.Едно лице било лишено од слобода и одземено е едно возило поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување под активна забрана.За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.Од полицијата најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.Управувањето возило под дејство на алкохол, како што посочуваат, останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и често фатални последици.Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Скопје | пред 2 дена

media-library2fbssvr09r9kdsEvq76

Кај нас 35% од населението пати од дебелина, а таа е поврзана со над 200 заболувања

Прекумерната телесна тежина претставува сериозна хронична болест поврзана со повеќе од 200 заболувања, а во Македонија зафаќа дури 30 до 35 проценти од населението, предупреди министерот Азир Алиу.На стручниот симпозиум организиран од научното здружение за обезност ОБЕМ, Алиу истакна дека станува збор за растечки здравствен проблем кој особено ги погодува децата и адолесцентите.„Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е посебно значаен мултисекторскиот одговор и подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик“, изјави Алиу.Тој посочи дека во земјава веќе функционираат центри за третман на дебелина на Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“, а неделава е отворен и првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион, во охридската болница.На симпозиумот била нагласена потребата од поголема јавна свест и превенција, како и од засилена соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.Министерството, како што беше посочено, продолжува со мерки за поддршка, вклучително преку Програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, со посебен акцент на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид тесната поврзаност меѓу дебелината и дијабетес тип 2.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Нигде нема пушење“ стана апсурд: новите измени, Ина ги нарече измените „најглупо нешто“

Инфлуенсерката и критичарка Ина Многуфина остро реагира на најавените измени на законот за пушење, оценувајќи дека мерките наместо да донесат јасни правила, се претвораат во апсурдни решенија.Во објава, таа потсетува дека законот најавен со порака „нигде нема пушење“ сè уште не е донесен и дека претрпува измени кои, според неа, ја менуваат суштината.„Ви текнува законот што го најавија со фанфари ‘нигде нема пушење’ дека требаше да биде изгласан до сега? Епа не е, трпи промени, тера накај ‘нигде нема пушење за тој што нема запалка’“, пишува таа.Како пример ги наведува новите услови за терасите.„Терасите да имале посебна врата и да се отворени од две страни. И кров се брои за страна. Тоа е новото, претходно од три требаше да се отворени“, посочува Многуфина.Посебно ја критикува идејата цигарите да не бидат видливи во супермаркетите.„Е сега прочитав може нешто најглупо на свет, нели законот вика сега цигарите да не се видливи во супермаркет, е и тоа не чинело пошо пазете сега, ако не биле видливи ќе оделе пушачите по нелегални места да купуваат“, пишува таа.Во ироничен тон, ја доведува во прашање логиката зад ваквите аргументи.„Значи, одиш у маркет, не ги гледаш на каса, не купуваш туку одлучуваш да бараш маалски дилер кој исто така не ги изложува цигарите и му викаш дај две кутии“, наведува Многуфина.На крајот, таа поставува директно прашање за одговорноста зад предложените измени.„Па добро кој ви ги прави измениве на законот? Му плаќате ли за ова? Се надевам не од наши пари“, пишува Ина Многуфина.

Коментари | пред 2 дена

media-libraryahs705ev1p7t4GyRoBb

(Видео) Израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен, им вперија пушка во глава додека известуваа за нападите на Палестинците

Израелската војска привела новинарска екипа на Си-Ен-Ен и неколку Палестинци додека известувале за напад врз жители во селото Тајасир на Западниот Брег, наместо да интервенира против доселениците кои, според наводите, претходно извршиле насилство.Инцидентот се случил околу 12 часа откако израелски доселеници нападнале Палестинци и поставиле ново населување во селото. Кога војската пристигнала, според извештајот, наместо да ги приведе напаѓачите, се насочила кон локалните жители и новинарите.„Стој! Седнете! Седнете!“, викал еден од Израелците, вперувајќи пушка кон новинарите и Палестинците. Набргу потоа, еден војник му пришол одзади на фоторепортерот Сирил Теофилос, го фатил во зафат за гушење, го соборил на земја и му ја оштетил камерата. Во рок од неколку минути, екипата на Си-Ен-Ен и неколку Палестинци биле приведени.Сведоштвата од притворот, кој траел два часа, според извештајот, откриваат ставови на дел од војниците кои, како што се наведува, ја оправдуваат поддршката или пасивноста кон дејствијата на доселениците.Еден од војниците, кој се претставил како Меир, признал дека населбата што ја штити е нелегална според израелскиот закон, но изразил уверување дека ќе стане легална.„Но ова ќе стане легално населување“, рекол тој. „Полека, полека.“ На прашањето дали помага во тоа, одговорил: „Секако… му помагам на мојот народ.“Според него, тактиката на доселениците е да воспоставуваат населби на палестинска земја, сметајќи на заштита или пасивност од војската, а потоа да обезбедат нивна легализација.Во текот на разговорот, војниците повеќепати изјавиле дека целиот Западен Брег му припаѓа на Израел и на еврејскиот народ, користејќи реторика која, според извештајот, се поврзува со крајно десни позиции. Тие ги опишале Палестинците како терористи и зборувале за одмазда.„Ако ви го убијат братот, што би направиле?“, прашал еден од војниците. На прашањето дали станува збор за одмазда, Меир одговорил: „Одмазда.“Израелската војска во реакција за Си-Ен-Ен соопшти дека однесувањето на војниците „не е во согласност со очекуваното“ и најави темелна истрага за инцидентот, но не одговори на прашањата за новото населување и за порастот на насилството.Во меѓувреме, локалните жители сведочат за сериозни напади. 75-годишниот Абдула Дарагме бил брутално претепан, со скршен череп, повреди на лицето и избиени заби. Неговото семејство тврди дека доселеници упаднале во неговиот дом додека спиел.„Спиеше. Ова не е нормално“, изјавил неговиот син.Жителите тврдат дека доселениците влегле во селото, пукале во воздух и напаѓале луѓе, по што до утрото било поставено ново населување.„Ова е мојот дом, а не се осмелувам да спијам во него“, изјавил еден од жителите, додавајќи дека единствено што му преостанува е да снима.„Ако дојдат, само ќе држам телефон и ќе снимам… Камерата е моето единствено оружје – единствено со што можам да докажам дека сум невин“, рекол тој.

Свет | пред 2 дена

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Киев и Абу Даби со договор за одбрана и безбедност

Украина и Обединетите Арапски Емирати се во завршна фаза на договор за соработка во областа на безбедноста и одбраната, најави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан.Во објава на Телеграм, Зеленски истакна дека двете земји се подготвени за заедничка работа со долгорочна перспектива.„Отворени сме за заедничка работа, која во стратешка перспектива сигурно ќе ги зајакне нашите народи и заштитата на животот во нашите држави“, изјави Зеленски.Соработката доаѓа во момент кога земјите од Персискиот Залив покажуваат зголемен интерес за украинското знаење и одбранбената технологија, особено по нападите со ирански ракети и дронови во регионот.Украина, во меѓувреме, се позиционира како еден од водечките производители на напредни системи за пресретнување дронови, развиени врз основа на искуството од масовните напади со ирански беспилотни летала од почетокот на војната со Русија во 2022 година.

Свет | пред 2 дена

huti

Кои се Хутите – групата што отвора нов фронт на Блискиот Исток

Хутите, официјално познати како „Ансар Алах“ („Божји помагачи“), се бунтовничка група со шиитска исламистичка ориентација, базирана во западен Јемен, која во последните години прерасна во значаен фактор во регионалните конфликти.Движењето се појавило во 1990-тите години со цел да ги промовира правата на зајдитските шиити и племињата Хути, по кои ја добило и својата назив.Групата има силно антизападно позиционирање и отворено се спротивставува на влијанието на САД и Израел на Блискиот Исток. Нивниот слоган содржи пораки како „смрт на Америка“ и „смрт на Израел“, што предизвикува остри меѓународни реакции.Хутите имаат поддршка од Иран и се поврзуваат со други организации во регионот, вклучително и Хамас и Хезболах. Во исто време, ја обвинуваат Саудиска Арабија за соработка со САД.Смртта на основачот Хусеин ал-Хути, кој бил убиен од јеменската војска, довела до ескалација на конфликтот и избувнување на граѓанска војна во 2004 година, позната како хутска побуна.Денес групата ја води неговиот брат Абдул-Малик ал-Хути, под чие раководство учествуваше и во јеменската револуција во 2011 година, по што дополнително го прошири своето влијание.Хутите контролираат голем дел од западниот брег на Јемен, вклучително и области до теснецот Баб ал-Мандеб – стратешки важен премин кон Црвеното Море.Во рамки на конфликтот во Јемен, тие беа дел од поширок геополитички судир, додека владините сили беа поддржани од Саудиска Арабија и индиректно од САД.Во поново време, групата изведува напади врз бродови во Црвеното Море, како одговор на војната во Газа, најавувајќи дека ќе таргетира пловила поврзани со Израел или што се движат кон таа земја.

Свет | пред 2 дена

putin-bozik-640x473-1

Руски функционер: Европа ќе нè моли за енергија

Европа и Велика Британија наскоро би можеле да се соочат со сериозна енергетска криза и да бидат принудени повторно да се свртат кон руските ресурси, тврди Кирил Дмитриев, директор на рускиот државен инвестициски фонд.Говорејќи на состанок на рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи, Дмитриев изјави дека очекува зголемен притисок од европските земји.„Русија сигурно ќе добие многу барања од Европа и Британија и ќе одлучи дали ќе ги прифати или не“, рече тој.Тој беше уште подиректен во својата оценка.„Нашата проценка е многу јасна: Европа и Британија ќе нè молат за руските енергетски ресурси“, изјави Дмитриев.Според него, глобалните пазари веќе се под силен притисок поради конфликтот на Блискиот Исток, што може да доведе до драматичен раст на цените.Тој предупреди дека цената на нафтата може да се искачи меѓу 150 и 200 долари за барел, оценувајќи дека Европа не е подготвена за „најтешката енергетска криза“.Дмитриев тврди дека западните земји направиле стратешка грешка со намалувањето на зависноста од руската енергија.„Западот сам си пукаше во нога“, изјави тој, алудирајќи на политиките по руската инвазија врз Украина во 2022 година.Во исто време, од Брисел засега остануваат на спротивниот став.„Нема враќање на зависноста од руската енергија“, порача европскиот комесар за енергетика Дан Јоргенсен.

Свет | пред 2 дена

media-libraryc9u3lnkkvubk2v4bN2a

Храната под ризик: поскапуваат ѓубривата и горивата

Пореметувањата во Ормускиот теснец поради војната на Блискиот Исток претставуваат сериозен системски шок што може да ја загрози глобалната снабденост со храна, предупредува Организацијата за храна и земјоделство.Главниот економист на ФАО, Максимо Тореро, посочи дека регионот учествува со речиси половина од светската трговија со сулфур – клучна компонента за производство на ѓубрива неопходни во земјоделството.Според него, веќе се чувствуваат последиците од пореметувањата во снабдувањето.„Земјоделците се соочуваат со двоен удар на трошоците: ѓубривата се сè поскапи, а истовремено растат и цените на горивото, што влијае на целиот земјоделски синџир на вредност, вклучително и наводнувањето и транспортот“, изјави Тореро.Предупредувањето доаѓа во момент кога глобалните пазари се веќе чувствителни на нарушувања, што дополнително ја зголемува неизвесноста за идната стабилност на снабдувањето со храна.

Свет | пред 2 дена

media-library83lkert1v73neqXRUSk

Иран еден месец без интернет – 672 часа дигитален мрак

Иран веќе еден месец се наоѓа во целосен дигитален мрак, откако властите го прекинаа пристапот до глобалниот интернет, оставајќи ги граѓаните отсечени од комуникација и информации.Според податоците на организацијата НетБлокс, блокадата трае веќе 672 часа, односно четири недели, откако на 28 февруари наутро бил прекинат пристапот до интернет.„Точно пред еден месец, во сабота наутро, 28 февруари, Иран беше фрлен во дигитален мрак кога властите го прекинаа пристапот до глобалниот интернет. По четири целосни недели, 672 часа, блокадата останува во сила, кршејќи го правото на Иранците да комуницираат и да бидат информирани“, наведуваат од НетБлокс.Недостигот од интернет дополнително ја влошува ситуацијата за цивилите, кои имаат сериозни потешкотии да комуницираат меѓу себе, но и да добиваат навремени информации и предупредувања за можни напади.Блокадата остава милиони луѓе во изолација, без пристап до основни дигитални услуги и информации во услови на зголемена безбедносна неизвесност.

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски: Нема услови за трипартитен состанок со САД и Русија

Нема услови за одржување на трипартитен состанок меѓу Украина, САД и Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека безбедносните ограничувања и несогласувањата околу локацијата ги блокираат разговорите.Зеленски нагласи дека комуникацијата со американската страна е континуирана, но дека постојат сериозни пречки за директни средби.„Ние секојдневно разговараме со американската страна, нашиот преговарачки тим разговара со своите колеги. Сепак, постои една потешкотија, се чувствуваме како посредници во овој процес, а не како страна во војната. Зошто? Затоа што сме подготвени да се сретнеме било каде, пожелно во трипартитен формат, но американската страна може само во Америка, а Русија може насекаде, но не во Америка“, изјави Зеленски.Тој посочи дека дополнителен фактор е актуелната безбедносна ситуација.„И засега, поради војната на Блискиот Исток и војната со Иран, Американците, односно тимовите, од безбедносни причини не патуваат во странство“, додаде Зеленски.Поради ваквите околности, засега нема утврден датум за нов трипартитен состанок.

Свет | пред 2 дена

ukraina-4121-odesa

Руски напад врз Одеса – загинато едно лице, 11 повредени

Едно лице загина, а 11 се повредени, меѓу кои и дете, во руски ноќен напад врз цивилна инфраструктура во Одеса, соопштија украинските власти.Според началникот на Одеската воена администрација, Сергиј Лисак, жртвата им подлегнала на повредите во болница.„Од седум часот, за жал, познато е дека едно лице почина во болница од последиците од здобиените повреди“, напиша Лисак.Тој информираше дека вкупно 11 лица се повредени, вклучително и едно дете, и дека сите добиле неопходна медицинска помош.Според украинските медиуми, руската војска во текот на ноќта извршила масовен напад со дронови врз Одеса, при што на повеќе локации во градот избувнале пожари.Нападот предизвикал значителна штета врз цивилната инфраструктура и дополнително ја влошил безбедносната состојба во регионот.

Свет | пред 2 дена

meta

Мета подготвува нов бран отпуштања: стотици вработени на удар поради преструктурирање кон вештачка интелигенција

Технолошкиот гигант „Мета платформс“ наводно планира да отпушти неколку стотици вработени на ниво на целата компанија, како дел од поширок план за внатрешно преструктурирање насочено кон работа и развој на решенија поврзани со вештачка интелигенција.Според информациите, намалувањето на бројот на вработени ќе опфати повеќе сегменти од бизнисот. На удар се и тимови во „Reality Labs“, како и делови од одделите за социјални мрежи, регрутација и продажба, што упатува на тоа дека мерките не се ограничени само на еден производ или еден регион, туку се дел од поширока кадровска и организациска пренамена.Во последните години „Мета“ паралелно инвестира значителни ресурси во развој на напредни дигитални производи и инфраструктура, а вештачката интелигенција станува сè поцентрална во стратегијата на големите играчи во секторот. Во тој контекст, ваквите потези се толкуваат како обид да се прераспределат средствата и човечките капацитети кон приоритетните технолошки насоки, додека одредени функции и тимови се сведуваат или се реорганизираат.Засега нема дополнителни официјални детали за точниот обем по оддели, динамиката на отпуштањата и можните компензациски пакети, но очекувањата се дека во наредниот период ќе следат повеќе информации за тоа како промените ќе се одразат врз конкретни тимови и проекти во рамки на компанијата.

Свет | пред 2 дена

aplikacii-telefon

Австрија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 14 години: „Алгоритмите создаваат зависност“

Австриската влада најави дека подготвува законско решение со кое би се забранило користење социјални мрежи за деца помлади од 14 години, со цел да се намалат ризиците од содржини што можат да им наштетат и од механизми што поттикнуваат зависност.Според најавата, претставници на трите владејачки партии постигнале начелен договор за мерката, но во оваа фаза не е прецизирано кога евентуалната забрана би стапила во сила, ниту на кој начин би се спроведувала во пракса.Вицеканцеларот Андреас Баблер порача дека целта е заштита на децата и младите од негативните влијанија на онлајн платформите, оценувајќи дека ризиците од нивната употреба биле предолго игнорирани и дека е потребна решителна реакција. Во фокусот на мерката, како што се наведува, се „алгоритмите што создаваат зависност“ и изложеноста на штетни содржини.Владата планира до крајот на јуни да подготви нацрт-закон. Дополнително, најавено е дека во законот однапред нема да се наведуваат конкретни платформи што би биле опфатени, туку проценката би се правела според тоа колку алгоритмите поттикнуваат зависничко однесување и дали има проблематични содржини, меѓу кои и сексуализирано насилство.Иницијативата на Австрија се појавува во период кога повеќе држави најавуваат или воведуваат построги правила за дигиталната безбедност на малолетниците. Како примери во европската и пошироката јавност се споменуваат различни возрасни прагови и модели на ограничување на пристапот до социјалните мрежи.

Свет | пред 2 дена

ferari-na-majk-tajson-640x330-1

Ферари повторно ги пушти испораките за Блискиот Исток по седумдневен застој

Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили „Ферари“ соопшти дека повторно ја воспоставил испораката на возила кон пазарите на Блискиот Исток, по привремена седумдневна пауза предизвикана од нагло влошување на безбедносната состојба во регионот.Според компанијата од Маранело, прекините биле поврзани со нарушени и делумно парализирани транспортни рути, поради што логистичкиот ланец морал брзо да се приспособи на новите околности.За да ги заобиколи блокадите и да обезбеди автомобилите да пристигнат до купувачите, „Ферари“ почнал активно да ги менува поморските рути, а за итни испораки користел и авионски превоз на делници каде што тоа било неопходно.Иако испораките на „Ферари“ се враќаат во попрегледен ритам, неизвесноста кај дел од останатите луксузни брендови во поширокиот сектор продолжува. Како пример, „Мазерати“ минатата недела потврди дека ги стопира испораките за регионот додека не обезбеди побезбедни алтернативни транспортни коридори, а во меѓувреме не беше потврдено целосно нормализирање на испораките.Настаните уште еднаш покажуваат колку брзо геополитичките тензии можат да се прелеат во реалната економија, особено кај производи што зависат од сложени и чувствителни логистички синџири.

Свет | пред 2 дена

media-library6ieohud4vn0hfiT6uqG

Јокиќ „пукна“ на прашање за иднината: Не гледам однапред – „тоа не е начинот на кој функционирам“

Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието по новиот трипл-дабл во победата на Денвер над Јута (135:129), со кој тимот од Колорадо ја продолжи серијата и ја зацврсти позицијата во горниот дел од Западот.Српскиот ас мечот го заврши со 33 поени, 15 скока и 12 асистенции, додека Џамал Мареј додаде 31 поен, шест скока и 14 асистенции. Денвер така ја врза петтата победа по ред и, според клупските пресметки, направи „залиха“ во однос на директните ривали зад себе.По дуелот, на прес-конференцијата, Јокиќ прво зборуваше за соиграчите – посебно за враќањето на Арон Гордон, кого го опиша како важна „цел“ во нападот и играч што може да заврши акција, но и да ја пронајде вистинската опција кога одбраната ќе се стегне.Потоа следеше и момент кој ја одбележа средбата со новинарите: прашање за „џокер“ логото на маицата и дали стартувал сопствен бренд, на што Јокиќ кратко појасни дека станува збор за линија поврзана со договорот што веќе го има со кинеската компанија 361 Degrees и дека тој симбол го носи подолго време.Најголемата реакција дојде кога беше прашан да повлече паралела меѓу резултатските осцилации во февруари и актуелната победничка серија. Јокиќ отворено кажа дека не сака да „пресметува“ што ќе значи сегашната форма за плејофот и дека таквото гледање однапред не е негов стил.„Не сакам така да гледам во иднината, тоа не е начинот на кој функционирам“, порача Јокиќ, појаснувајќи дека сезоната знае да биде непредвидлива и дека ништо не гарантира како ќе изгледа следната фаза, без разлика на моменталниот замав.

Спорт | пред 2 дена

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските

Чешка нема да ја исполни клучната обврска кон НАТО за издвојување најмалку два проценти од бруто домашниот производ за одбрана, признава владата на премиерот Андреј Бабиш, што отвори остри критики и нови тензии со сојузниците.И покрај економскиот раст од 2,5 проценти во 2025 година, буџетот за одбрана за 2026 година ќе се зголеми за само околу дваесет милиони евра, со што вкупните издатоци ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП.Владата во Прага, сепак, тврди дека ги исполнува обврските, планирајќи во одбранбените трошоци да ги вклучи и инвестициите во инфраструктура, како изградба на автопати и железнички линии.Премиерот Бабиш ја брани ваквата политика, нагласувајќи дека државата не смее да влезе во „трка по проценти“ на штета на економијата.„Одбраната е приоритет на нашата влада, но одбивам идеја дека треба механички да се натпреваруваме со проценти и да воведуваме мерки што би ја поткопале економијата и социјалниот мир во земјата“, изјави Бабиш, додавајќи дека 2,1 процент од БДП е максимумот што Чешка може да си го дозволи без да ги загрози здравството, социјалниот систем, енергетиката и внатрешната безбедност.Политиката на владата се соочува со отпор и од коалициски партнери, меѓу кои е и партијата Слобода и директна демократија, чиј лидер Томио Окамура уште во 2025 година го оцени договорот за зголемување на трошоците за одбрана како „целосно нереален“.Дополнителен притисок доаѓа и од чешкиот претседател Петр Павел, кој предупреди дека НАТО најверојатно нема да ги признае трошоците за автопати и железници како дел од одбранбениот буџет. Иако го потпиша буџетот за 2026 година, тој најави дека во иднина може да одбие таков документ доколку не се зголемат издатоците.Критики пристигнаа и од американскиот амбасадор во Прага, Николас Мерик.„Со намалување на издатоците за одбрана, Чешка ризикува да не ги исполни своите обврски и да се најде меѓу последните во Европа“, предупреди Мерик, потсетувајќи дека земјите членки на НАТО се договориле за постепено зголемување на трошоците до 3,5 проценти од БДП до 2035 година.И поранешниот заменик-министер за одбрана и амбасадор во НАТО, Јакуб Ландовски, смета дека владата ќе мора да вложи дополнителни средства.„Секој сојузник што ги поткопува напорите на САД за зајакнување на одбранбената способност на Европа мора да смета на реакција од САД“, оцени Ландовски.Прашањето за одбранбениот буџет така станува нов извор на внатрешни и надворешни притисоци за Чешка, која се обидува да балансира меѓу економските ограничувања и обврските кон НАТО.

Свет | пред 2 дена

media-librarygl4n23a01b5a3Jeos8M

Трет пожар во Абу Даби по нападот – бројот на повредени се искачи на шест

Трет пожар е пријавен во Абу Даби по нападот што предизвика пад на остатоци во близина на економската зона „Калифа“, при што бројот на повредени се искачи на шест лица.Според канцеларијата за медиуми на Абу Даби, дополнително е потврден уште еден повреден – пакистански државјанин, со што вкупниот број на повредени достигна шест, со повреди од лесен до среден степен.Инцидентот следува по утринскиот напад, при кој беа оштетени објекти во близина на пристаништето Калифа, а делови од леталото паднаа во индустриската зона.Властите соопштија дека сите три пожари се ставени под контрола и дека во тек е процес на ладење на погодените објекти.Ситуацијата останува под внимателен надзор, додека службите продолжуваат со активности за целосна стабилизација на теренот.

Свет | пред 2 дена

ahmetii

ДУИ со барање до Мицкоски да промени став: Овој став ја нарушувате суштината на Охридскиот договор и соживотот

ДУИ остро реагираше на изјавата на премиерот во Собранието во врска со употребата на албанскиот јазик, оценувајќи дека станува збор за еден од најзагрижувачките моменти во политичкиот дискурс од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.Во реакцијата, партијата наведува дека ставот дека албанскиот јазик може да се користи „колку сакате“, но дека службен јазик е македонскиот, претставува сериозно отстапување од уставниот поредок.„Тврдењето дека албанскиот јазик може да се користи ‘колку сакате’, но дека службен јазик е македонскиот, не е само политичка изјава, тоа е директно враќање на логиката на Уставот од 1991 година и тогашниот член 7, игнорирајќи го Амандманот V од 2001 година, кој претставува темел на уставниот поредок и на меѓуетничката рамнотежа во државата“, се наведува во соопштението.Од ДУИ оценуваат дека ваквиот пристап ја нарушува суштината на Охридскиот договор.„Овој став ја нарушува суштината на Охридскиот договор, кој не е симболичен компромис, туку реална архитектура на соживот, изградена токму за да ги надмине изворите на конфликт што ги создаде Уставот од 1991 година“, стои во реакцијата.Партијата предупредува дека релативизирањето на статусот на албанскиот јазик отвора сериозни ризици.„Релативизирањето на статусот на албанскиот јазик не е прашање на толкување, туку отворање на опасен пат што директно ги засега меѓуетничките односи и функционалноста на нашата мултиетничка демократија“, наведуваат од ДУИ.Во реакцијата се додава дека ваквиот пристап претставува обид за ревизија на постигнатите резултати.„Овој пристап претставува чекор назад и обид за ревизија на темелните достигнувања на државата, инспириран од логики што се во спротивност со концептот на мултиетничка и демократска држава“, велат од партијата.ДУИ го повика премиерот да се повлече од ваквата позиција.„Го повикуваме Премиерот веднаш да се повлече од оваа позиција и целосно да го почитува уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор. Секое отстапување од овој поредок не е само политичка грешка, тоа е удар врз самите темели на соживотот и функционалноста на државата“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 2 дена

zaev-filipce

ВМРО-ДПМНЕ со остри обвинувања: „СДС се претвори во прокси партија“

ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон СДСМ и неговото раководство, оценувајќи дека партијата се соочува со сериозен пад поради, како што велат, „антидржавни и поданички политики“.Во соопштението, од партијата наведуваат дека СДС, кој некогаш бил голема и државотворна партија, денес е сведен на, како што тврдат, „едвај 130 илјади гласа“.„Некогаш големата и државотворна партија СДС, поради лошите, предавнички и поданички политики се сведе на eдвај 130 илјади гласа“, се наведува во реакцијата.Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ваквите политики продолжуваат и во опозиција.„Освен што СДС, кога беше на власт спроведуваа антидржавна политика, сега од опозиција, по насока на Венко Филипче, Зоран Заев и Башановиќ продолжуваат со промовирање на таквата политика“, стои во соопштението.Според нив, ваквиот пристап ја довел партијата во, како што велат, ќорсокак.„Благодарение на таквиот сервилен однос кон туѓите интереси на штета на државните, само и само Заев да остане на власт или, пак, сега Филипче да ја задржи претседателската фотелја, СДС ја турнаа во ќорсокак и ја претворија во прокси партија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Партијата тврди дека ваквото делување се случува под влијание на советникот Зоран Башановиќ.„И сето ова се случува по директни насоки и директиви на куќниот пријател и советник на Заев, Башановиќ“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се додава дека, според нив, поданичкиот однос кон соседите и прифаќањето на нивните барања на штета на државните интереси претставува „антидржавна политика“.„Филипче, Заев ја промовираат ваквата политика преку ПР стратегијата контролирана од нивниот пријател Башановиќ и со тоа ги предаваат и партиските и националните интереси, кои се штетни и за државата и за македонскиот народ“, се наведува.Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека рејтингот на СДС и Венко Филипче е на многу ниско ниво.„Токму затоа и рејтингот на СДС и Венко Филипче, може да се каже дека е на ниво на статистичка грешка кој може да се изброи на прсти“, се додава во реакцијата.Во заклучокот, партијата посочува дека СДС не извлекол поука од изборните порази.„По трагично од сето ова е што СДС и Филипче се чудат зошто е тоа така и не извлекле поука од последователните катастрофални изборни порази. Не ги научија лекциите кои народот им ги одржа и продолжија да делуваат антидржавно, а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ“, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryp1npor34oled3waVIWK

Нов безбедносен договор: Ирак нема да дозволи напади врз САД од своја територија

САД и Ирак најавија засилена координација со цел да се спречат напади од вооружени групи и да се оневозможи ирачката територија да се користи за напади врз цели поврзани со САД.Според соопштението на американската амбасада во Багдад, двете страни се договориле да ја продлабочат безбедносната соработка.„Ирачката и американската страна одлучија да ја интензивираат соработката за спречување терористички напади и да обезбедат ирачката територија да не се користи како појдовна точка за каква било агресија … против американскиот персонал, дипломатските мисии и Глобалната коалиција“, се наведува во соопштението.Овој потег доаѓа во контекст на актуелната војна меѓу Израел, САД и Иран, како и зголемената загриженост поради нападите врз американски објекти во Ирак.

Свет | пред 2 дена

media-library7087nb4bdemu2uvm2fJ

Дронови го погодија аеродромот во Кувајт – оштетен радарот

Повеќекратни напади со дронови го погодија меѓународниот аеродром во Кувајт, при што е предизвикана значителна штета на радарските системи, но без повредени лица.Според Кувајтската новинска агенција, ударите ја оштетиле клучната инфраструктура на аеродромот, особено системите за радарска контрола.Цивилните воздухопловни власти потврдија дека, и покрај сериозната материјална штета, нема пријавени повредени.

Свет | пред 2 дена

media-libraryig820frhaha51c6tJwb

Русија воведува забрана за извоз на бензин од 1 април

Русија од 1 април ќе воведе забрана за извоз на бензин за сите учесници на пазарот, вклучително и за производителите, со цел да го заштити домашното снабдување во услови на глобална енергетска криза.Одлуката, според добро информирани извори, била донесена на состанок што го одржал потпретседателот на руската влада, Александар Новак, со раководствата на нафтените компании.Иако точниот рок на траење не бил официјално утврден, еден од изворите посочува дека забраната би можела да важи до три месеци.Во моментот, евентуална забрана за извоз на дизел гориво не е разгледувана.Претходно, руските власти веќе размислувале за повторно воведување на ваква мерка, додека актуелната забрана за извоз на бензин и дизел важи до 31 јули, но само за оние што не се производители.Новак претходно изјави дека Русија мора да преземе итни чекори за да обезбеди доволно гориво за домашниот пазар, нагласувајќи дека стабилноста на снабдувањето е приоритет во услови на глобални енергетски предизвици.

Свет | пред 2 дена

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Трамп: „Зошто да бидеме со НАТО ако тој не беше со нас?“

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја доведе во прашање поддршката на САД кон НАТО, критикувајќи го Алијансата дека не му помогнала на Вашингтон во војната против Иран.Говорејќи во Мајами, Трамп испрати директна порака до сојузниците.„Секогаш би биле тука за нив, но сега, врз основа на нивните постапки, мислам дека не мораме, нели?“, изјави Трамп.Тој оцени дека НАТО направил сериозна грешка со тоа што не ја поддржал американската страна.„Мислам дека беше огромна грешка што НАТО едноставно не беше таму“, рече Трамп.Американскиот претседател нагласи дека САД вложуваат огромни средства во безбедноста на своите сојузници.„Зошто би биле ние тука за нив ако тие не се тука за нас?“, праша Трамп.Овие изјави доаѓаат во контекст на зголемени тензии во трансатлантските односи, откако американско-израелската војна против Иран отвори сериозни разлики меѓу САД и нивните европски партнери.Американската администрација ги обвинува сојузниците за недејствување, а воедно ги критикува и поради тоа што не дозволиле користење на нивните воени бази или тоа го направиле со задоцнување.

Свет | пред 2 дена

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Дипломатска офанзива: Пакистан собира четири држави за разговори за војната

Пакистан следната недела ќе биде домаќин на четиристран состанок со Саудиска Арабија, Египет и Турција, на кој ќе се разговара за војната на Блискиот Исток, потврди висок претставник од министерството за надворешни работи.„Во понеделник ќе бидеме домаќини на четиристран состанок“, изјави официјалниот претставник, кој побарал да остане анонимен, додавајќи дека составот на делегациите сè уште не е финализиран.Тој наведе дека пристигнувањето на делегациите во Пакистан се очекува најдоцна до утре вечер.Пакистан во меѓувреме се позиционира како важен посредник меѓу Иран и САД, користејќи ги долгогодишните врски со Техеран и блиските контакти со земјите од Персискиот Залив.Дополнително, премиерот Шехбаз Шариф и началникот на Генералштабот, фелдмаршал Амин Мунир, воспоставиле лични односи со американскиот претседател Доналд Трамп, што дополнително ја зајакнува улогата на Исламабад во дипломатските процеси поврзани со конфликтот.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања