Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сива економија под удар, УЈП со засилени контроли: Над 6.400 фирми работат без фискални апарати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
fiskalni333

Управа за јавни приходи започнува засилени контроли во борбата против сивата економија, насочени кон субјекти кои вршат дејност без регистриран фискален систем.

Според службените податоци, дури 6.451 даночен обврзник, кои се активни и имаат вработени, работат без фискални апарати, иако вршат промет со готовина. Од нив, 3.115 се и ДДВ-обврзници, што дополнително укажува на редовна деловна активност.

— реклама —

Контролите во првата фаза ќе бидат насочени токму кон овие субјекти, со цел нивно итно усогласување со законските обврски.

Дополнително, УЈП идентификувала уште 13.966 субјекти без регистрирани фискални уреди, за кои ќе се вршат теренски проверки и вкрстување на податоци. Доколку се утврди дека вршат дејност без пријавување на промет и плаќање даноци, покрај прекршочни, ќе бидат покренати и кривични постапки.

— реклама —

Согласно закон, секој што врши промет со готовина е должен да користи фискален апарат, да го регистрира во УЈП и да издава фискална сметка за секоја трансакција.

Од институцијата предупредуваат дека непочитувањето на овие обврски носи парични казни и можност за запечатување на објектите.

УЈП ги повика сите даночни обврзници кои не се усогласени со законските прописи итно да воведат и регистрираат фискален систем, нагласувајќи дека борбата против сивата економија останува еден од клучните приоритети, со цел создавање фер услови на пазарот и заштита на легалниот бизнис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања