Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 часа -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите даночни обврзници кои поднесуваат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека крајниот рок за поднесување за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 и 01.03.2026 – 31.03.2026 е 25 април 2026 година, соопштува УЈП.

Бидејќи 25 април 2026 година е неработен ден, рокот се поместува и краен датум за поднесување на пријавите е 27 април 2026 година (понеделник), наведуваат од УЈП.

— реклама —

Според најновите податоци на институцијата, од вкупно 42.605 очекувани пријави досега се поднесени 13.934 ДДВ-04 пријави, што претставува 32,71 отсто од вкупниот број месечни и тримесечни пријави, стои во соопштението.

Од УЈП ги охрабруваат даночните обврзници навремено и одговорно да ја исполнат законската обврска и да ја достават потребната документација до сметководителите за навремена и точна обработка на пријавите.

— реклама —

Истовремено се посочува дека почитувањето на роковите ги намалува ризиците од казни и камати, придонесува за подобро финансиско планирање и ја зголемува предвидливоста во деловното работење. Навременото поднесување, како што наведуваат од УЈП, овозможува и поефикасна обработка и намалување на административниот товар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП започнува тестирање на системот „е-Фактура“ – повик до компаниите за вклучување

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања