Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УЈП започнува тестирање на системот „е-Фактура“ – повик до компаниите за вклучување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
ujp

УЈП информира дека интензивно работи на проектот „е-Фактура“ и моментално се тестира системот за електронско фактурирање и API интеграцијата. Ги повикува компаниите што развиваат/одржуваат или можат да надградуваат фактурирачки системи веднаш да се вклучат за навремена адаптација пред задолжителната имплементација. УЈП предупредува дека само таа дава официјални информации и обуки; други субјекти што нудат обуки/консултации не се дел од проектот и УЈП не одговара за нивни толкувања. Информации се објавуваат на ujp.gov.mk и efakturawiki.ujp.gov.mk, а прашања на Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk; назначени се и даночни агенти за поддршка. Наскоро ќе има тестирање и рачен внес преку веб/клиентска апликација за трговци со мал број фактури.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека интензивно работи на реализација на проектот „е Фактура“ и во моментов во тек е тестирањето на системот за електронско фактурирање, односно на сервисите за директна интеграција (API) со системот за е-Фактура.

„Ги повикуваме сите компании кои досега не се вклучиле, а кои развиваат и одржуваат системи за фактурирање, како и компаниите кои користат системи за фактурирање кои можат да ги надградуваат, веднаш да се вклучат во тестирањето. Вклучувањето во оваа фаза е од особено значење за навремена адаптација пред задолжителната имплементација на системот.

Во овој период на тестирање на системот до УЈП пристигнуваат информации дека одредени субјекти нудат обуки и консултантски услуги поврзани со проектот „е Фактура“.

Укажуваме дека исклучиво УЈП дава официјални информации, насоки, известувања и организира обуки поврзани со проектот „е-Фактура“ и нагласуваме дека тие субјекти не се дел од проектот. УЈП не презема одговорност за информациите и толкувањата изнесени од истите.

Сите информации поврзани со проектот „е-Фактура“ се објавуваат на официјална веб-страница на УЈП http://www.ujp.gov.mk/, на специјализираната веб-страница на проектот https://efakturawiki.ujp.gov.mk/mk-mk/home и на страниците на УЈП на социјалните мрежи.

Дополнително, заради поддршка на компаниите во процесот на имплементацијата на системот „е-Фактура“, назначени се и даночни агенти вработени во Управата. Тие веќе контактираат со компаниите и даваат поддршка и совети за вклучување и понатамошно користење на системот „е-Фактура“.

Апелираме сите заинтересирани страни за системот „е-Фактура“ своите прашања и сугестии да ги упатуваат кон Kontakt.eFaktura@ujp.gov.mk.

Најавуваме дека набрзо ќе биде овозможено тестирање и на рачниот внес на фактури преку веб и клиентска апликација, кои се очекува да ги користат трговците кои издаваат и/или примаат мал број на фактури, кои не користат системи за фактурирање или кои користат системи но немаат можност за надградба“, информираат од УЈП.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања