Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) појасни дека оданочувањето на приходите од странство не претставува нов данок, туку доследна примена на веќе постоечка законска обврска што важи со години.

Од институцијата наведуваат дека обврската за пријавување и оданочување на приходи остварени во странство постои одамна, но дека системот сега функционира поефикасно благодарение на подобрена анализа и вкрстување на податоците.

— реклама —

„Не воведуваме нов данок, туку ја спроведуваме постојната регулатива“, порачуваат од УЈП, додавајќи дека граѓаните кои веќе платиле данок во странство нема да бидат повторно оданочени доколку достават соодветна документација, согласно договорите за избегнување двојно оданочување.

Од УЈП објаснуваат дека сите приливи од странство мора да бидат пријавени, а промената е во тоа што податоците од банките сега системски се обработуваат и се вкрстуваат, што овозможува поефикасна контрола.

— реклама —

Според презентираните податоци, во 2020 година биле испратени над 11.500 известувања, при што дел од граѓаните доброволно ги исполниле обврските, а дел од случаите биле обработени по службена должност. Во 2025 година се бележи значително зголемување на приливите од странство и бројот на граѓани опфатени со контроли.

Од УЈП нагласуваат дека фокусот останува на доброволно усогласување, едукација и поддршка на граѓаните, особено на оние кои остваруваат приходи преку странски платформи, со цел создавање фер и транспарентен даночен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

ujp

УЈП започнува тестирање на системот „е-Фактура“ – повик до компаниите за вклучување

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања