Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео и фото) Ликвидиран е Филип Ивановиќ од Цетиње во „Белград на вода“, бил баран од Интерпол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryhvkm2gion51faA8d8SH

Доцна синоќа во познатата белградска населба Белград на вода, е убиен 33-годишен маж на детско игралиште.

Станува збор за Црногорецот Филип Ивановиќ од Цетиње, кој бил застрелан со куршум во челото од страна на 21-годишно момче. Полицијата брзо го уапсила Ѓ.З. кај кого биле пронајдени два пиштола и словенечки документи за кои постои сомневање дека се фалсификувани.

— реклама —

По Ивановиќ била распишана меѓународна потерница, откако на 4 декември 2024 година побегнал од куќен притвор во Белград, при што насилно го отстранил електронскиот надзор.

— реклама —

Во Србија против него се водел судски процес поради помагање на Лазар Тејиќ по убиството на Бојан Мирковиќ, додека Црна Гора го барала под сомнение дека бил член на организирана криминална група и соизвршител во неколку тешки убиства.

Од Управата на полицијата на Црна Гора соопштиле дека Генералниот секретаријат на Интерпол во Лион објавил меѓународна потерница по Ивановиќ и дека неговото екстрадирање во Црна Гора било планирано по завршување на судскиот процес во Србија.

Ивановиќ претходно бил уапсен во Белград на 25 ноември 2020 година под сомнение дека учествувал во тешко убиство. По бегството од куќниот притвор, повеќе од девет месеци бил во бегство, сè до неговото убиство синоќа.

Осомничениот, Ѓ.З. (21), бил пресретнат од полицајци во цивилна облека на само 200 метри од местото на злосторството, каде што бил разоружан и уапсен.

На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, а во тек е истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Итната медицинска помош потврди за РТС дека човекот е убиен и дека пукањето се случило во 23:13 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqt2ogpa7o1v10BLCizP

Синот кој го усмртил таткото во гостиварско, го миел телото за да ги пркрие трагите

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
noz-ubistvo-napad

Хрват во Линц со нож уби Авганистанец и рани друг по расправија на улица

Свет | пред 1 месец

media-library6vvs5bqpc9ib048vNwb

(Видео) Од погреб за „природна смрт“ до ексхумација: Марија е втора жртва во случајот од Драгоманце, таткото сведочеше јавно дека се плаши

Македонија | пред 1 месец

media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

Пет години затвор и трајно протерување за помагачите во убиството во Штип

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања