Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Масовен напад врз Русија, погоден магацин со дронови Шахед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
napad-rusija

Украинските сили во последните часови нападнаа неколку цели во Русија со беспилотни летала.

— реклама —

Експлозиите се слушнале недалеку од селото Октјабрскиј во Краснодарската територија. Руските власти известија дека избувнал пожар во магацин. Изјавија дека според првите информации нема жртви и дека пожарникарите успеале да го локализираат пожарот на површина од 1.600 метри квадратни.

— реклама —

— реклама —

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека е погоден магацин во кој имало ирански беспилотни летала Шахед, кои Русија ги користи за секојдневни напади врз Украина. Техеран испрати илјадници гореспоменатите беспилотни летала во Москва, па Русија ги лансира речиси секојдневно на цели во Украина.

Украинците тврдат дека во погодениот магацин имало околу 400 дронови. Според соопштението, нападот го извршиле украинската морнарица и единиците на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Генералштабот тврди дека биле снимени серија последователни детонации.

„Забележан е точен удар на целта. Уништувањето на магацинот на беспилотните летала Шахед значително ќе ја намали способноста на руските окупатори да ги тероризираат цивилите во украинските градови и села“, додаваат од Генералштабот.

Со беспилотни летала беше нападнат и воениот аеродром Ханска во реонот на истоименото село во Адигеја, руска република во Северен Кавказ. Пожар бил пријавен во близина на воен аеродром по ноќен напад, според системот за следење на пожарот на НАСА.

Локалното население ги слушнало беспилотните летала, но локалните власти се уште не ги објавиле последиците на нападот. Рускиот канал на Телеграм, Астра тврди дека споменатиот воен аеродром е дом на рускиот 272-ри авијациски полк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Русија: Нема нафта за земји што го поддржуваат ограничувањето на цената

Свет | пред 14 минути

kremlj

Кремљ: Нема да стоиме на страна додека Куба страда

Свет | пред 20 часа

peskov-putin1

Кремљ: Србија е „пријателска и братска земја“, испораките на гас продолжуваат

Свет | пред 22 часа

media-libraryme5079vgccp59EEe3b8

(Видео) Руски аналитичар тврди: „Осудени сме на пораз во Украина“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања