Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
06122024_MICKOSKI-18

„Денес се одржа состанок на Економско социјалниот совет кое е добро место за дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите. Разговаравме за буџетот на државата за наредната година и предизвиците врзани со надминување на проблемите врзани со стандардот на граѓаните, нашата отворена заложба за подобрување на условите за живот и секојдневната борба за решавање на напластените проблеми беше потенцирана за време на денешната средба“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

„Очекувам наредната година веќе да имаме економија која оди напред, и произведува додадена вредност, како и раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги.

— реклама —

Во буџетот кој е во собраниска процедура за наредната година предвидуваме средства за зголемување на пензиите оние преостанатите 2.500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари. Што ќе биде второ зголемување на пензиите, по растот кој се случи оваа година.

За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Во буџетот се предвидени растот на платите во образованието и просветните работници, растот на платите во здравството и здравствените работници, што и беше наше ветување.

Во стопанството ќе се случуваат два важни процеси.

Првиот е реализација на инвестициски циклус за капитални проекти во општините за кој владата веќе обезбеди 250 милиони евра. Ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.

И вториот циклус, е парите кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити. Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините.

Очекувам раст на БДП, исто како и раст на нивото на странски директни инвестиции.

Сето ова треба да ја закрепне економијата и да ја постави на здрави основи. Останува да разговараме со синдикатите и работодавачите. Тој дијалог треба да донесе решенија на проблемите кои постојат но и да трасира решавање на децениските бариери и напластени пропусти кои се случувале и кое како општество придонесуваа да стагнираме.

Оптимист сум дека работите се движат во добар правец и нашата работа дава резултати. Секој час од денот го користам за решенија кои ќе го направат животот на граѓаните подобар. Уверен сум дека промените уште подрастично ќе се случуваат“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 20 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 23 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања