Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Мицкоски по средба со МАСИТ Комората: Инвестираме во ИТ секторот бидејќи е важен за развој на економијата и државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
06112024-Mickoski-2

„Најпрвин дозволете ми да изразам моја огромна благодарност до претседателката на МАСИТ Комората, бидејќи нашата соработка и нашата комуникација трае од пред неколку години кога како политичка партија бевме во опозиција, еве сега продолжуваме и кога сме столб на Владата и мислам дека за време на овие години секогаш кога и да сме имале состанок со претседателката, но и со соработниците со коишто таа функционира секогаш тоа биле конструктивни средби, средби од коишто произлегле многу идеи, предлози и средби коишто резултираат и со политики, понатаму коишто ние како Влада почнуваме или во периодот којшто следи ќе почнеме и ќе ги водиме“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

„Навистина е импресивен фактот дека како ИКТ индустрија имаме повеќе од половина милијарда евра извоз во 2023 година и тој претпоставувам продолжува да расте, тоа е нешто коешто додава вредност во нашата домашна економија.

— реклама —

Голем дел од овие луѓе коишто работат во ИКТ индустријата, тоа се повеќе од 20.000, мислам дека во 2023 година повеќе од 21.000 се вработените во ИКТ индустријата од тоа што можев да го видам, се луѓе коишто останеле тука, дома, во Македонија и од тука се борат не само за своето семејство и својата егзистенција туку и за својата татковина и тие луѓе лично од мене имаат огромна почит нормално имајќи превид дека се дефицитарни и дека имаат поголема понуда и секогаш луѓето коишто останаа тука и коишто се борат за својата татковина од мене ќе ја имаат почитта и секогаш ќе имаат приоритет во политиките коишто ги води оваа Влада, а политиките на оваа Влада се да ги привлечеме младите коишто за жал ја напуштија да си се вратат дома и од тука заедно да се бориме да направиме нешто за татковината и мислам дека тоа Македонија го заслужува.

Денеска направивме еден рекапитулар на сето она коишто во минатото го говоревме, нормално добивме идеи, предлози коишто до сега биле дисфункционални, дел од тие и веќе ги имплементираме ќе ве потсетам пред нешто повеќе од една недела започнавме со оној проект на нудење услуги на граѓаните со коишто нема да има понижувања, шалтерски чекања итн. се сеќавате како беше кога се вадеа пасоши, лични карти, возачки дозволи. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една недела во Аеродром отворивме таква канцеларија која што нуди повеќе од 120 услуги, меѓу кои се и изводи од матичната книга на родените, стаж, катастарски услуги итн. и тоа продолжуваме да го правиме во други општини во државата.

Дигитализацијата на општеството ја покажавме како наша амбиција со тоа што имаме посебно министерство за дигитална трансформација и навистина министерството работи посветено, за овие неколку месеци се направија навистина големи чекори напред. Очекувам така да се продолжи и во иднина. Не е доволно, денеска разгледавме неколку параметри, очекувам информатичката култура во државата да се зголемува да биде што повеќе достапна и што повеќе корисници да има, барем да го стигнеме европскиот просек, сега сме под тој европски просек. Јас како инженер лично го стимулирам тоа и ќе го поддржувам, тука не треба да имаме никаква дилема.

Така што да заокружам овие средби се за нас од исклучително големо значење. Во периодот кој што следи ќе продолжат. Уште еднаш да искажам моја голема благодарност и до претседателката на МАСИТ Комората и на членките и на луѓето кои се дел од МАСИТ Комората и продолжуваме понатаму заедно да се движиме напред и да ја развиваме татковината.“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 17 часа

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 20 часа

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања