Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Мицкоски: Се пушти во употреба реконструираната спортска сала „25 Мај“ во општина Радовиш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
03012025-Mickoski-8

„Проекти коишто беа започнати, во рекордно време завршени. Нешто што претставува навистина за мене импозантен успех и за тоа би сакал да му честитам и на министерот за спорт и на градоначалникот на Општина Радовиш и на сите оние коишто беа вклучени во реконструкцијата на овој објект, да ја, од оној изглед којшто го имаше во минатото, изгледа навистина вака европски, репрезентативно“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.

— реклама —

— реклама —

„Очекувам голем дел одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци да произлезат од овој објект. Пингпонгари се разбира, борачи коишто ќе го користат овој објект, затоа што Радовиш во минатото бил расадник на многу македонски спортски великани, така очекувам и во иднина да се продолжи.

— реклама —

Ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти. Спортот ни е во фокусот. Како што кажа и министерот, без инфраструктура не можеме да бараме и резултати. Значи многу е важно да ја имаме онаа базична, основна инфраструктура, согласно приоритетите на Владата и потоа и да очекуваме и да бараме резултати од оние коишто ќе ја користат оваа инфраструктура.

Знам дека, и министерот за спорт на територијата на цела Македонија, и овдека во Радовиш, градоначалникот имаат исклучително амбициозна агенда. Едниот со спортската инфраструктура, другиот покрај спортската, има и градоначалнички приоритети. Инфраструктура којашто ја бараат радовишани се разбира, којашто им е потребна.

Сега ќе го објавиме новиот повик. Некаде од прилика средината на јануари, крајот на јануари, втората половина на јануари којшто ќе трае три месеци и ќе можат општините, нормално повторно со проекти да конкурираат, а ние како Влада да ги финансираме во делот на инфраструктурата.

Така што очекувам нови булевари, нови улици, нови канализации, нови водоводи, нови градинки, нови училишта, реконструкција на истите, нови спортски објекти и така натаму, и така натаму. Сакам да кажам дека остануваме посветени на она коешто го ветувавме на граѓаните.

Уште еднаш на крај, да им честитам, дозволете ми, и на министерот за спорт и на градоначалникот и на сите коишто беа вклучени да овој објект вака изгледа. Знам колку и пратеничката се бореше во сиот овој период и во рамките на буџетот да бидат предвидени средства. Затоа сакам да им честитам на сите оние коишто учествуваа во реализацијата на овој и во реализацијата на минатите, но и на идните проекти овде за Општина Радовиш“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7gv0rr7kvesd7n3EQa3

„Партнерството со Унгарија не е формално, туку суштинско и засновано на доверба“, вели Мицкоски

Македонија | пред 21 час

media-libraryrqak3isi1bg78Y3lWSn

Средба Мицкоски – Орбан: Фокус на економијата и инвестициите

Македонија | пред 1 ден

media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

Мицкоски во Будимпешта: Средба со Орбан и бизнис форум за економска соработка

Македонија | пред 1 ден

media-library4ku6rcutg7f3atknCUL

Мицкоски од Охрид: Започна реконструкцијата и модернизација на аеродромот „Св. Апостол Павле“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања