Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Министерски автомобил во „лудо“ возење на Партизанска: Алиу ќе го казни возачот кој прекрши низа прописи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryvm77dd5okg0u8uH0jX1

Претекнување преку две ленти со вклучени флешери, газење на линиите за застанување на пешачки премин каде поминуваа пешаци, преминување од втора лента за приклучување на друга улица пред автобус кој чека на семафор за потоа низ крстосницата да се врати на булеварот. Вака изгледаше „лудото“ возење со автомобилот сопственост на СОЗР, а во кое се превезува министерот за здравство Азир Алиу. Сето ова, се случуваше на булеварот „Партизански одреди“ кој е еден од најфреквентните.

— реклама —

Снимката предизвика револт, особено што, возачот употребил и флеш-светилки. Дали во автомобилот, во критичниот момент бил и министерот – тој не одговори. За „Скопје1“ посочи дека возачот ќе сноси одговорност.

„Започната е адмнистративна постапка за возачот и истиот исто така е казнет од страна на МВР“, вели во кусот одговор, без да одговори на нашето прашање, дали бил со него во критичниот момент.

— реклама —

Навидум, опасносто возење, се случува токму на потегот каде досега има неколку повредени пешаци, а каде велосипедист загина – во Карпош 4 пред „Сити мол“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylv64ebf2eiim5eNudTk

Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, велат од Министерство за здравство

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvoheqra0v5398mITesD

Донирани органи спасија два животи: Направени трансплантации на црн дроб и бубрег во Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfgj2o9rdavjg8Sog3xC

Откриен нов генетски синдром што може да објасни илјадници случаи кај деца

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryev4ngjq9pvm99r65Cc4

Фондот за здравство отвори постапка за нов директор

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања