Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Митева: Постигнат е договор со банките и условите за користење на кредитната линија се утврдени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
28112024_Miteva

„Дозволете во името на Владата да ја информирам јавноста дека е постигнат договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството. Во однос на истото ве информирам дека на седница на Влада одржана на 26.11. се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва“, рече Марија Митева, портпаролка на Владата.

— реклама —

„Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови:

- максимален износ по корисник до 10 милиони евра;

— реклама —

- рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот;

- фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување;

- сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.

Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени:

- инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;

- недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);

- транспортни средства поврзани со производствениот процес;

- обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и

- нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.

Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.

Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост“, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски тврди дека градоначалникот на СДСМ е против референдум за рудникот Луке, а СДСМ бара да се спроведе

Настани | пред 3 дена

— реклама —
tripunovski-vlada

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Настани | пред 3 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

(Видео) Мицкоски одговори на тврдењата од СДСМ дека странски разузнавачи ги следат и им фабрикуваат афери

Македонија | пред 3 дена

media-libraryj8c1n0851nh07sd0Tya

(Видео) Мицкоски до Беџети: Невиноста се докажува во суд, не во политика

Настани | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања