Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Напнати протести во Србија: Парола против власта, судири со полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-16-at-23.51.03

Вечерва во Белград и неколку други градови се одржаа нови граѓански протести кои ескалираа во судири со полицијата.

Белград – симболичен отпор во кампусот

— реклама —

Во кампусот на Универзитетот во Белград, полицијата влезе на терен, што демонстрантите го оценија како директно нарушување на автономијата на универзитетот. Реакцијата на собраните беше симболична – граѓаните пееја: „Коалиција – чаци и полиција.“

— реклама —

Оваа парола, која брзо се рашири меѓу присутните, ја изрази перцепцијата за спојот на власта и безбедносните сили во потиснувањето на протестите.

Валјево – пиротехника против полиција

Во Валјево, според извештај на ТВ Нова, демонстрантите со пиротехника ги гаѓале полициските единици.

Нов Белград – солзавец и тешко вооружени сили

Околу 22:30 часот, полицијата интервенирала на Нов Белград и употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. На булеварот „Михајло Пупин“ беа распоредени силни полициски единици и возила на МВР, а низ околината се слушаа топовски удари и пиро техника.

Ситуацијата накратко се смири по првиот инцидент, кога беше фрлен солзавец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 19 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 20 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања