Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Нови Сад: Судири меѓу полицијата и студентите, повеќе повредени и приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
6071b2cd-0244-4fbf-8b25-2ce22b7c2574

Неколку повредени граѓани, еден полицаец и повеќе приведени лица е епилогот од ноќешните судири меѓу жандармеријата и демонстрантите во Нови Сад, по одбележувањето на десет месеци од трагедијата кај железничката станица во која загинаа 15 лица, пренесуваат регионалните медиуми.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија, демонстрантите се обиделе насилно да влезат во Факултетот за спорт и физичко воспитување (ДИФ), при што на полицајците им биле упатувани навреди. По два неуспешни предупредувања за разидување, полицијата интервенирала и, како што се наведува, врз нив биле фрлани пиротехнички средства и предмети. Еден полицаец бил погоден со тула во главата.

— реклама —

Но, медиумот N1 јавува дека снимките и сведоштвата покажуваат сосема спротивна слика – полицијата употребила шок-бомби и силно интервенирала, бркајќи студенти и граѓани низ улиците. Според извештаите, било употребено прекумерно насилство врз присутните.

— реклама —

Сите факултети во Нови Сад на социјалната мрежа X го осудија, како што наведоа, „нерационалното и непотребно користење сила“ од страна на полицијата. Медицинскиот факултет, кој е во блокада, објави: „Удари со палки по глава нема да направат да заборавиме колку се крвави вашите раце. Затоа ги боли Нови Сад, затоа нè мразат.“

Во повеќе градови во Војводина вчера се одржаа протестни собири и комеморативни поворки по повод десетмесечниот спомен на жртвите од падот на надстрешницата на новосадската железничка станица. Најголемиот собир беше токму во Нови Сад, под слоганот „Србијо, Нови Сад те повикува“. Поворката заврши пред влезот на станицата каде што беше положен венец бело цвеќе.

Инцидентите уследија по утринската акција на деканот на ДИФ, Патрик Дрид, кој во придружба на полицијата и неколку маскирани лица насилно влегол во зградата преку прозорец, со цел да ја прекине студентската блокада. Подоцна, кога студентите се собрале за да се вратат во установата, деканот повторно повикал полиција, која сè уште ја обезбедува зградата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 14 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 18 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 19 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања