Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Паника во трговски центар во Солун: се урна дел од таван, повредена жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarybvnn5upv5vi59DAFmS1

Моменти на паника и страв се случиле во трговски центар во Солун, откако дел од таванот на угостителски објект се урнал во време кога низ објектот се движел голем број посетители.

Инцидентот се случил во саботата попладне, во локал за храна сместен во рамки на трговскиот центар. Според првичните информации, во моментот на уривањето во непосредна близина имало повеќе граѓани, но поголема трагедија била избегната.

— реклама —

Во настанот е повредена 45-годишна жена, која се здобила со повреди на главата и вратниот предел. Таа била во свесна состојба кога на местото интервенирале екипите на итната медицинска помош, по што со возило на ЕКАВ била пренесена во болницата „Папаниколау“ во Солун.

— реклама —

Засега нема официјални информации за причините за уривањето, а надлежните служби спроведуваат увид за да се утврди дали станува збор за конструкциски пропуст или за друг вид технички проблем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

285532196_578964633587869_7119646449644924573_n

(ФОТО) Падна таван на градинка во Скопје

Скопје | пред 3 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања