Грција потврди напад на брод, неизвесно дали Иран стои зад заплената
Товарен брод поврзан со Грција бил нападнат во близина на Ормускиот теснец, но останува нејасно дали бил запленет од Иран, изјави грчкиот министер за надворешни работи.„Можам да потврдам дека имало напад врз грчки товарен брод, но не можам да потврдам дека Иранците го заплениле“, изјави шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за CNN.Тој ја опиша ситуацијата како „прилично вознемирувачка“ и ги повика сите бродови во грчка сопственост да избегнуваат пловидба низ овој клучен поморски правец.„Станува збор за брод под либериско знаме и во грчка сопственост, кој се обидувал да излезе од Ормускиот теснец“, додаде Герапетритис.„Испративме општо известување до сите бродови во грчка сопственост да бидат многу внимателни, да покажат максимална воздржаност и да го избегнуваат преминувањето низ теснецот“, наведе тој.Да потсетиме, грчкиот брод бил еден од трите кои биле цел на Иранската револуционерна гарда (IRGC), според иранските медиуми. Два други брода биле запленети и пренесени во ирански води, соопшти IRGC.
Свет | пред 8 часа