Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата, рече Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
miteva-1

„Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

— реклама —

„Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.

Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.

— реклама —

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи“, изјави Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynk0ojngs8lnf6UXKozz

Мицкоски тврди дека градоначалникот на СДСМ е против референдум за рудникот Луке, а СДСМ бара да се спроведе

Настани | пред 3 дена

— реклама —
tripunovski-vlada

(Видео) „Немаат кредибилитет да бараат оставки“, премиерот го брани министерот за земјоделие од интерпелацијата на СДСМ

Настани | пред 3 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

(Видео) Мицкоски одговори на тврдењата од СДСМ дека странски разузнавачи ги следат и им фабрикуваат афери

Македонија | пред 3 дена

media-libraryj8c1n0851nh07sd0Tya

(Видео) Мицкоски до Беџети: Невиноста се докажува во суд, не во политика

Настани | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања