Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Снимка од моментот кога херојот од масовната пукање во Австралија доби над 1,6 милиони долари донации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryv06cr4jik6eebQpBKd1

Мажот кој јавноста во Австралија и светот го слави како херој по масовната пукање на плажата Бонди, во петокот доби чек во износ од над 1,65 милиони американски долари, средства собрани преку донации од десетици илјади луѓе ширум светот, јавува „Ројтерс“.

Станува збор за Ахмед ал Ахмед, кој за време на нападот се сокрил зад паркирани автомобили, а потоа истрчал одзади кон еден од напаѓачите, му го одзел оружјето и го соборил на земја. Во хаосот што следел, тој бил застрелан, најверојатно од вториот напаѓач, и се здобил со прострелни рани. Во моментов се опоравува во болница по извршена операција.

— реклама —

Чекот му беше врачeн во болничката соба од инфлуенсерот Закери Дерениовски, кој е еден од организаторите на хуманитарната кампања на платформата GoFundMe. Ал Ахмед, татко на две деца, доби чек во износ од 2.533.585 австралиски долари.

— реклама —

Во акцијата за собирање средства учествувале повеќе од 43.000 донатори од целиот свет, меѓу кои и американскиот милијардер и менаџер на хеџ-фонд, Бил Акман, кој донирал 99.999 австралиски долари. Ал Ахмед во болница го посетиле и австралискиот премиер, како и премиерот на сојузната држава, кои јавно ја пофалиле неговата храброст.

„Дали навистина го заслужувам ова?“, прашал Ал Ахмед кога му бил врачeн чекот. „Секој цент“, му одговорил Дерениовски.

На прашањето што би им порачал на луѓето кои донирале, Ал Ахмед изјави:
„Да стоиме еден покрај друг, сите луѓе. Да ги заборавиме лошите работи и да продолжиме да спасуваме животи.“

Тој додаде дека реагирал инстинктивно:
„Го направив тоа од срце. Тоа беше убав ден, луѓето славеа, беа со своите деца, семејства, сите беа среќни и заслужуваа да уживаат.“

Ал Ахмед (43) ја напуштил својата родна област Идлиб во северозападна Сирија пред речиси 20 години и заминал во Австралија во потрага по работа и подобар живот.

Во масовниот напад што се случи во неделата, животот го загубија 15 лица, а десетици беа повредени, откако двајца напаѓачи отворија оган врз луѓе кои на плажата Бонди го славеле Ханука, еврејскиот празник на светлината. Властите соопштија дека нападот го извршиле татко (50), кој бил убиен од полицијата, и неговиот 24-годишен син, кој се наоѓа во критична состојба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym294j99o9llg2LG9cH3

(Видео) Пожар во рафинерија во Австралија: Загрозено снабдувањето со гориво

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-librarybien4gd5p8fm9lOJB55

Повеќе од 60 отсто малолетници во Австралија ја заобиколуваат забраната за социјални мрежи

Свет | пред 1 седмица

media-library50mkk5dmmv25fBfgKnF

(Видео) Очекувала пајаци во Австралија, а ја „пречека“ небото: илјадници лилјаци во кадар што ги „заледи“ социјалните мрежи

Настани | пред 1 седмица

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Австралија забранува познати лица во реклами за коцкање

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања