Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Со „ѕвездено небо“ и песната „Милион денови“ од ДНК, Виница им оддаде почит на жртвите од „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Настани
media-libraryfhi0kirgcdm1bkrgYjn

Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница вчеравечер се одржа комеморативен настан во сеќавање на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по повод една година од несреќата што ја потресе целата земја.

Настанот беше организиран од Општина Виница, а присутните со едноминутен молк им оддадоа почит на сите кои ги загубија животите во трагедијата.

— реклама —

За време на комеморацијата, присутните ги вклучија светлата на своите мобилни телефони и ја осветлија салата, создавајќи симболично „ѕвездено небо“ во спомен на жртвите. Во позадина одекнуваше песната „Милион денови“ од групата ДНК, што дополнително ја засили атмосферата на тага и сеќавање.

Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и двете млади сограѓанки од Виница – Ана и Моника, чии животи прерано згаснаа во кобната ноќ.

— реклама —
media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

(Видео) Во 02:32 минути пред „Пулс“: молк, солзи, плач и сеќавање на 63 животи кои згаснаа за миг

По една година од трагедијата, родители, браќа, сестри, семејства и пријатели се собраа пред некогашниот објект на дискотеката „Пулс“ во Кочани, местото каде ги изгубија своите најблиски.Лелек, плач и солзи ја исполнија тишината. Со свеќи во рацете, тие стоеја пред објектот и се сеќаваа на прерано згаснатите животи.Во 02:32 часот – моментот кога минатата година избувна пожарот – присутните оддадоа почит со пет минути молк и молитва за жртвите. Тишината беше прекинувана само од плачот на семејствата кои и по една година ја носат болката од загубата.Местото на трагедијата повторно стана симбол на сеќавањето, тагата и прашањата што сè уште остануваат без одговор.

Настани | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0vbqr9m0c94c8ma6P8m

Родителите на загинатите во „Пулс“: Додека ние стоиме над гробовите на нашите деца, некој бара полесни услови и удобност

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Адвокатите се спротивставуваат на повлекување на тешко повредени сведоци од пожарот во „Пулс“ , тврдат дека и обвинетите се под стрес

Македонија | пред 6 дена

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

„Ако задоцневме 12 секунди, немаше да излеземе“, сведочат преживеани од пожарот во „Пулс“

Македонија | пред 1 седмица

media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

На судењето за Пулс: Инспекторка призна дека не го контролирала “Пулс”, оти работел под нова фирма, а за неа немала налог од градоначалникот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања