Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Со „крвави раце“ на прес, жените од СДСМ бараа оставка од Тошковски „за загубените животи“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library3suv56c2v1800W0xezb

Каја Шукова од Форумот на жени на СДСМ побара оставка и одговорност од министерот Панче Тошковски по низа трагедии со семејно насилство и, според неа, институционални пропусти. Како пример ги наведе убиствата во Карпош, со 12 пријави за насилство за две години, како и случаи во Велес и Старо Нагоричане. Пред 8 Март повика на гласна реакција и најави протестен марш во Богданци (12 часот), со поддршка за граѓански марш во Скопје, порачајќи „доста е“ и „Оставка!“.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по серијата трагедии поврзани со семејно насилство и институционални пропусти.

— реклама —

„Уште колку животи треба да згаснат за одговорност? Уште колку трагедии треба да се случат за Панче Тошковски да поднесе оставка?“, порача Шукова.

— реклама —

Таа истакна дека јавноста е во тага, шок и гнев по последната трагедија во скопската населба Карпош, каде животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка.

— реклама —

„МВР на Панче Тошковски не ги заштити. Имало 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана“, рече Шукова, прашувајќи колку жени пријавуваат семејно насилство, а институциите не реагираат навремено и соодветно.

Шукова се осврна и на други случаи кои ја потресоа јавноста. Таа посочи дека во Велес сериски насилник одзел два животи – на младата Росица и на нејзиниот татко, додека шест месеци се води предистрага дали 11 полицајци постапиле соодветно.

„Во Кумановско, во Старо Нагоричане, сериски убиец одзеде пет женски животи. Две години биле игнорирани пријавите на жителите. Повторно потфрлање на МВР“, рече Шукова.

Таа потсети и на трагедијата во Кочани, во која загинаа 64 лица, оценувајќи дека министерот се обидува да ја избегне одговорноста.

„Сè прави за да ја тргне одговорноста од себе. Организира собири со празни приказни дека ќе штити 24 часа. Ги повикува институциите, а тој води институција. Сè е пропаганда, никаде нема одговорност“, изјави Шукова.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, таа повика на гласна реакција против насилството и институционалните пропусти.

Форумот на жени на СДСМ најави протестен марш во Богданци со почеток во 12 часот, а воедно даде поддршка и за граѓанскиот марш во Скопје.

„Од Скопје до Богданци, цела Македонија – сите во еден глас. За сите обесправени, понижени жени, за сите жртви и за сите изневерени од системот. Да се крене гласот и да се каже доста е“, порача Шукова.

„Нема да молчиме. Има да нè има. Рацете ви се крвави. Оставка!“, додаде претседателката на Форумот на жени на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 3 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 7 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања