Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Тензии во српското Собрание, Брнабиќ до пратеник: Тоа што сме геј не значи дека сме на „ти“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-librarymfqe0dv8i67damdJziz

Седницата на Собранието на Србија заврши со жестока расправија меѓу претседателката на парламентот Ана Брнабиќ и пратеникот Милош Парандиловиќ, која привлече внимание поради тонот и личните квалификации.

— реклама —

Инцидентот се случил откако на Парандиловиќ му била изречена опомена, по што тој продолжил да ѝ се обраќа на Брнабиќ со повишен тон и на „ти“, упатувајќи и навреди кон пратеници од владејачкото мнозинство.

„Ајде изречи уште една опомена“, викал Парандиловиќ од говорницата, по што додал навреди, пренесуваат српските медиуми.

— реклама —

Во одговор, Брнабиќ јасно посочи дека не постои основ за такво обраќање и направи разграничување меѓу личниот и формалниот однос.

„И да ви кажам, Милоше, тоа што сме геј и Вие и јас, не значи дека можеме да бидеме на ‘ти’. Едно е сексуалната ориентација, а друго е дали сме пријатели. Тие две работи не подразбираат една со друга. Така што, да се задржиме на ‘Вие’“, изјави Брнабиќ.

Седницата била обележана со повеќе тензични моменти, но оваа размена на реплики се издвојува како една од најкоментираните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 12 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 13 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања