Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Тошковски: Новите закони носат темелна реформа на полицијата, без политички влијанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-15.40.15

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека измените на Законот за внатрешни работи и Законот за полиција претставуваат суштинска, а не козметичка промена, насочена кон темелна реформа на полицијата и институционално јакнење на МВР.

— реклама —

„Ова не е законска козметика, туку суштинска промена што произлегува од анализа, дијалог и заедничка работа. Вклучени беа стручните служби на МВР, претставници на синдикатите, независни експерти и меѓународни партнери“, напиша Тошковски на социјалните мрежи, додавајќи дека препораките на ГРЕКО и анализите на ОБСЕ се целосно вградени во новите решенија.

— реклама —

Според него, клучни новини во Законот за внатрешни работи: „Поедноставена класификација на работните места; Воведување на тест за раководење и за позицијата главен; Обука како задолжителен услов за секоја раководна функција; Тест за професионален интегритет без политичко влијание; Јасна рамка за советничките позиции; Систематизирано управување со човечки ресурси – од мобилност до развој на кариера“.

— реклама —

Тој посочува дека има измени во Законот за полиција како дефинирање на професионални критериуми за директорот на Бирото за јавна безбедност, со обврзно полициско искуство; Отворање на нови полициски станици во Сарај и Илинден; Ускладување на организацијата со новиот концепт за управување во полицијата.

Министерот порача дека додека, како што вели, некои избираат да манипулираат и собираат политички поени, МВР останува посветено на градење институција што функционира по јасни правила и работи во служба на граѓаните.

„Ќе вреднуваме знаење и одговорност, а не дневна политика“, истакна Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6t3i1sderu153qZVLGp

Акциска контрола на МВР: 43 санкционирани возачи за пречекорена брзина

Македонија | пред 9 часа

media-librarydjbok6g6h1b9ezkKqGJ

Уапсени осум возачи: шест биле без возачка, а двајца пијани

Македонија | пред 13 часа

policija-policaec-35-450x270-1

Тепачка во Карпош, кога полицијата интервенирала едно од лицата се заканувало кон службеник, па го привеле

Македонија | пред 15 часа

media-libraryet16s6jn6mqrdKXXpd4

Скопјанец ѝ се заканувал на мајка си, приведен

Скопје | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања