Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Трамп кон новинарка: „Многу сте напорни“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library00nie70vp3ubfoFTogV

Доналд Трамп се налути на новинарка на Еј-Би-Си њуз во „Ер форс уан“ додека одговараше за војната со Иран. Таа го праша за користење фотографија од пречек на посмртни останки на загинати војници во порака за собирање донации; Трамп рече дека е соодветно, но тврди дека не ја видел пораката. Потоа ја нападна Еј-Би-Си како „лажна“ и „корумпирана“, ја прекинуваше и ја нарече „многу напорна“. Подоцна на Трут соушл ги критикуваше медиумите за известувањето, дел од судиите на Врховниот суд и го пофали водителот Марк Левин.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп се налути на новинарка на Еј-Би-Си њуз за време на разговор со новинари во претседателскиот авион Ер форс уан, додека одговараше на прашања за војната со Иран.

— реклама —

Новинарката го праша за фотографија од свечениот пречек на посмртните останки на американски војници загинати во судирите со Иран, која била искористена во електронска порака за собирање политички донации. На прашањето дали смета дека користењето на таква фотографија е соодветно, Трамп кратко одговори дека смета дека е.

— реклама —

Кога новинарката дополнително праша дали се собираат средства врз основа на загинатите војници, претседателот рече дека „не ја видел“ таа електронска порака. „Некој го објавува тоа. Многу луѓе работат за нас“, додаде тој.

— реклама —

Трамп потоа изјави дека „никој не е подобар кон војската од него“, по што ја праша новинарката за кој медиум работи. Кога таа одговори дека е од Еј-Би-Си њуз, тој остро ја нападна телевизијата.

„Еден од најлошите, најлажните и најкорумпираните... знаете што, Еј-Би-Си њуз – мислам дека можеби сте и најкорумпираната медиумска организација на планетата. Мислам дека сте ужасни“, изјави Трамп. Потоа му се обрати на друг машки новинар и му рече: „Вие сте многу подобри“.

Во текот на разговорот, претседателот стави прст на устата додека новинарката се обидуваше да постави уште едно прашање, додавајќи дека е „многу напорна личност“.

Новинарката претходно го праша и дали има коментар за шест американски војници кои загинале во напад со ирански дрон врз база во Кувајт. Додека таа го поставуваше прашањето, Трамп внимателно ја гледаше, а кога заврши нагло се сврте кон другите новинари.

„Повелете. Кој е следен?“, праша тој.

Подоцна, на својата социјална мрежа Трут соушл, Трамп објави неколку подолги објави во кои ги нападна медиумите поради начинот на известување за конфликтот со Иран, ги критикуваше судиите од Врховниот суд на САД кои гласале против неговите царини и го пофали водителот на Фокс њуз, Марк Левин.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 11 час

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 12 часа

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања