Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Трамп со нов бран напади кон новинарки во Белата куќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library146osk85i5fjcz9S4ER

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со вербалните напади врз новинарките, а по навредите во последните недели за нивниот изглед, вчера – за време на тркалезна маса во Белата куќа – повторно упати остри зборови, објави HuffPost.

— реклама —

На прашањето на Рејчел Скот од ABC дали е подготвен да ја објави целосната снимка од нападот на 2 септември врз наводни чамци со дрога во Карибите, Трамп ѝ одговори со остар тон.

— реклама —

„Вие сте најнапорната новинарка овде. жасно напорна – всушност ужасна новинарка, и секогаш е исто со вас“, рече тој.

— реклама —

Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет се соочуваат со критики за овој напад, кој дел од аналитичарите го оценуваат како можен воен злостор. Новинарката го потсети Трамп дека претходно рекол оти „нема проблем“ снимката да стане јавна, но тој го негираше тоа и одговори: „Тоа сте го кажале вие. Јас не сум го рекол тоа. Ова е типичен ABC fake news“.

Кога Скот повторно се обиде да постави прашање, Трамп изјави дека одлуката ја препушта на министерот Хегсет и додаде: „Што и да реши Хегсет – добро е за мене“.

Претседателот се нафрли и врз друга новинарка која го праша за дваесет републиканци што најавија дека нема да се кандидираат повторно, дел од нив и поради незадоволство од состојбите во партијата. Трамп возврати со контрапрашање: „Колку демократи се повлекуваат? Како тоа знаете само за републиканци, а не и за демократи?“ Кога новинарката објасни дека се подготвила за прашањето, Трамп ја прекина велејќи: „Не сте подготвени. Требаше да знаете и за демократите“.

Овие испади се надоврзуваат на низа навреди што Трамп ги упати кон новинарките последните недели. На мрежата TruthSocial ја нарече Кајтлан Колинс од CNN „глупава и злобна“ затоа што го прашала за зголемените трошоци за неговата сала за танцување. Претходно, новинарката на New York Times, Кејти Роџерс, ја нарече „грда – и однадвор и одвнатре“, без да го спомене нејзиниот машки колега, коавтор на истиот текст.

Инцидент предизвика и неговиот одговор „Тивко, свињо“ упатен кон Кетрин Луси од Bloomberg во претседателскиот авион Air Force One, кога го прашала за документите на Џефри Епстајн.

На прашање за ваквите изјави, портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, оцени дека новинарите треба да бидат „благодарни што Трамп е искрен и директен, наместо да зборува зад нивни грб“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања