Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Венс во Минесота ја брани Службата за имиграција по апсењето на петгодишно дете

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarydo5c20ksrsq7au6kQcr

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера (четврток) престојуваше во Минесота, сојузна држава управувана од демократите и жариште на протести против акциите на Службата за имиграција и царина на САД. Посетата доаѓа во период на засилени федерални интервенции, кои предизвикаа силни реакции во јавноста, особено по приведувањето на петгодишно дете заедно со неговиот татко.

Федералната влада распореди илјадници агенти, а тензиите се зголемија по смртта на 37-годишната Рене Гуд, која пред две недели беше застрелана од агент на Службата за имиграција, по што следуваа масовни протести и судири со жителите.

— реклама —

Венс изјави дека немирите се резултат на отпор кон спроведувањето на имиграциските закони и ги обвини, како што рече, „крајно левичарските кругови“ и дел од локалните власти за ситуацијата во Минеаполис. Тој се сретна со агенти на Службата за имиграција и застана во нивна одбрана.

— реклама —

Гувернерот на Минесота, Тим Волц, возврати дека федералната влада е таа што ја поттикнува нестабилноста и побара повлекување на силите од улиците и соработка со државата за насочени акции.

Случајот со петгодишното момче предизвика особена огорченост, откако беше објавено дека детето било приведено додека се враќало од училиште. Училишните власти и адвокатот на семејството тврдат дека тие имаат активна постапка за азил и немаат налог за депортација, додека Венс изјави дека агентите постапиле за да ја обезбедат безбедноста на детето при апсењето на таткото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистан и САД разговараат за нова рунда преговори меѓу Иран и Америка

Свет | пред 20 минути

— реклама —
media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 21 час

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 23 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања