Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Вирална снимка од Ричмонд: Маскирани крадци ограбиле златара пред очите на минувачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryfdkk4fdv45b0fPWYXD3

Снимка од дрска кражба во Лондон, во населбата Ричмонд, за кусо време стана вирална на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста. Двајца маскирани мажи, во саботата претпладне, пред очите на шокирани минувачи, со чекан го скршиле излогот на семејна златара и однеле вреден накит.

— реклама —

Инцидентот се случил околу 10:30 часот, а на видеото јасно се гледа како еден од напаѓачите, со фантомка на лицето и голем чекан во рацете, ѝ приоѓа на златарата „Gregory & Co“, додека неговиот соучесник стои на готовс со подготвена торба. За неколку секунди улицата одекнувала од силни удари, додека напаѓачот без двоумење удирал по излогот.

— реклама —

Иако ламинираното безбедносно стакло кратко време пружило отпор, крадецот упорно ги насочувал ударите во една точка сè додека стаклото не попуштило. Во тој момент, неговиот соучесник се нафрлил кон излогот и со голема брзина почнал да го собира накитот, ставајќи го во сина торба, по што двајцата избегале од местото на настанот.

— реклама —

Повеќето сведоци останале вчудовидени и не реагирале, додека најмалку едно лице прибрано го снимало целиот настан со мобилен телефон. Еден очевидец за британските медиуми изјавил дека напаѓачите „се појавиле од никаде, со чекан и торба, и веднаш почнале да го кршат прозорецот“, додавајќи дека сè се случило толку брзо што никој немал време да реагира.

Полицијата во Лондон соопшти дека е започната истрага и дека се анализираат снимките од надзорните камери и видеата објавени на социјалните мрежи, со цел да се идентификуваат сторителите на кражбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya38v7j2m9fkba098mzY

(Видео) Антисемитски напад во Лондон: запалени возила на еврејска итна помош

Свет | пред 1 седмица

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Бебе фрлено од прозор во Лондон, мајката обвинета за убиство

Свет | пред 1 седмица

media-library7r6q7n2npk5086o6TVB

Оштетен споменикот на Черчил во Лондон, одговорност презеде холандска пропалестинска група

Свет | пред 1 месец

media-libraryn7r84urjc2tqeNCIeT9

Преку Grindr намамувале жртви и ги ограбувале во нивните домови: двајца мажи осудени на затвор во Лондон

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања