Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) За нив раководењето на државата е само приватен бизнис, вели Филипче за Владата на Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Настани
media-libraryh1a0pvf66pfuaUCkkFs

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека во земјата има драматичен пад на странските директни инвестиции од 61 отсто, повикувајќи се на извештај на Народна банка на Република Северна Македонија.

— реклама —

Според него, во 2024 година, како резултат на економските политики спроведувани во изминатите седум години, биле реализирани рекордни 1 милијарда и 196 милиони евра странски инвестиции, додека во 2025 година таа бројка изнесува 467 милиони евра. „Тоа е резултатот на економската политика – дебакл“, рече Филипче.

— реклама —

Тој нагласи дека бројките не се само статистика, туку претставуваат конкретни работни места и квалитет на живот за илјадници семејства. Посочи дека за време на мандатите на СДСМ биле отворени 16 фабрики и биле создадени над 10.000 работни места во технолошко-индустриските развојни зони.

— реклама —

„Сега има губење на работни места. Голема германска компанија најави повлекување и околу 500 лица остануваат без работа. Разликата е јасна – ние отворававме фабрики и работни места со добри и високи плати, а сега работниците се оставени во неизвесност“, изјави Филипче, додавајќи дека според него „има средства само за тендери што водат до високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ“.

Филипче оцени дека состојбата во буџетот е загрижувачка и дека „дупката во буџетот е огромна“. Тој потсети дека СДСМ предложил зголемување на минималната плата, но, како што рече, тој предлог бил одбиен од актуелното парламентарно мнозинство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 4 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 8 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања