Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) „Знаењето е моќ“: Студентите на протест во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library62l39bde1j5qdLgCLfS

Студентите во блокада на Електротехничкиот факултет во Белград, во име на сите студенти, денеска повикаа на протест под мотото „Знаењето е моќ“, се одржа вечерва од 18 часот пред Ректоратот на Универзитетот во Белград.

Студентите порачаа дека државата треба да почива на образованието, нагласувајќи дека не е случајно што протестот се одржува токму на денот на Свети Сава. Според нив, симболиката на датумот дополнително ја засилува пораката за значењето на знаењето, автономијата и достоинството на образовниот систем.

— реклама —

На протестот се обратија наставници, професори и директори на училишта, кои, како што наведуваат студентите, трпат последици поради јавно дадената поддршка на студентските барања. По говорите, тргнаа на протестна прошетка до Храмот ,,Свети Сава”.

— реклама —

Во меѓувреме, студенти од неколку факултети во Србија денеска ја бојкотираа наставата во знак на солидарност со професорката Јелена Клеут и со нивните колеги од Универзитетот во Нови Сад.

Студентите најавија и следен голем собир, кој ќе се одржи на 15 февруари – Сретење, во Шумадија, продолжувајќи го протестното движење кое во изминатиот период добива поддршка во академската и пошироката јавност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2ro9vqk25vo01oQmliL

Вучиќ и фон дер Лајен разговараа за европскиот пат на Србија

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library4pds9h0ctsn8cPwbI1B

(Видео) Опозициски критики кон претседателот Вучиќ за односот со Русија

Свет | пред 15 часа

media-libraryomve0170hsuh7Rurym6

Уапсен 20-годишник, осомничен за учество во војната во Украина

Балкан | пред 16 часа

media-libraryo3atpber2kltbOhFQP9

Малолетник фрлил бомба во Крагуевац за 1.000 евра

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања