Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски оддаде почит на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
02082022_Ilinden_Makedonium_1

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење - Крушево.

— реклама —

Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот „Нашата сила за иднината“.

— реклама —

Претседателот на Владата, Ковачевски ја предводи владината делегација во состав од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

— реклама —

Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе оддаде почит и ќе положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево, на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а ќе присуствуваат и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.

Потоа, следи централната манифестација и обраќањето на премиерот Ковачевски на Мечкин Камен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6geic3vapo0p39JSchW

Општина Илинден започна поставување на прв асфалтен слој на улица „11“ во н.м Кадино

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryb9didoljao633mkM6cm

Општина Илинден продолжува со чистење на речните корита

Скопје | пред 1 месец

media-libraryde7nt7q98su10k7lNCZ

(Видео) Украдени летниковци во Илинден, еден пронајден на трактор среде нива

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryr8lvdurha4uj2oZF2Rh

Општина Илинден воведува финансиска поддршка за првачиња

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања