Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВЛЕН: По зголемувањето на пензиите и платите на наставниците, продолжуваме со зголемување на минималната плата!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

„Социо-економската состојба на граѓаните е наш главен приоритет. Одкога станавме дел од власта, почнавме да преземаме конкретни чекори за подобрување на економската благосостојба на граѓаните, докажувајќи дека промената е повеќе од ветување, тоа е реалност заснована на дела“, велат од ВЛЕН и додаваат:

— реклама —

Ветувањата се свети за нас кога граѓаните ви даваат одговорност да ги застапувате во извршната власт. Затоа, откако коалицијата ВЛЕН стана дел од извршната власт, нејзин приоритет е економската благосостојба на граѓаните, како и обврските дадени за истата. Како резултат на тоа, со задоволство ги известуваме граѓаните дека во буџетот за наредната година се предлага минималната плата да се зголеми за 2000 денари, односно 24.500 денари. Ова уште еднаш докажува дека за коалицијата ВЛЕН општото добро е на пиедесталот на владеењето.

— реклама —

Промената не е само ветување, туку реалност заснована на конкретни дела. Со ВЛЕН работниците во Северна Македонија ќе можат да имаат подостоинствени плати за да не гледаат на можноста за заминување како во времето на претходната влада. Напорот за подобрување на условите на работниците се забележува, но не е доволен. ВЛЕН уверува дека за време на целосниот владејачки мандат платите постепено ќе се зголемуваат, а со тоа ќе се зголемува и квалитетот на животот на работниците.

— реклама —

Албанците и сите граѓани заслужуваат подостоинствен живот, заслужуваат повеќе и подобро. Уверуваме дека ќе соработуваме со сите синдикати за да ги слушнеме нивните барања и да ги спроведеме.

ВЛЕН е гаранција за благосостојбата на граѓаните и за поинаков живот. Како што ги зголемивме пензиите и платите на наставниците, така ќе ги зголемиме и минималните плати, така како дел од Владата ќе продолжиме со определбата за спроведување на економските мерки за квалитетен живот и заштита на семејниот буџет на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1t2tav14gou61RFfcQU

Алтернатива се приклучи кон ВЛЕН: Процесот на обединување не запира

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Македонија | пред 2 седмици

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Македонија | пред 2 седмици

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања