Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и Јавното обвинителство да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува, а како пратеник годинава го пријавил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
120190420_222336

— реклама —

— реклама —

,,Манипулациите се карактеристика за СДС.

— реклама —

Кога ќе се види што Венко Филипче пријавувал како министер, а што како пратеник може да се види дека тој манипулира со голем имот. Или Филипче пријавил поголем имот како пратеник, отколку кога бил министер.

Последниот анкетен лист доставен до Антикорупциска откако стана пратеник покажуваат дека тој поседува имот во вредност од 850 илјади евра.

Филипче како министер за здравство пријавил прво, куќа од 464 метри квадратни изградена во 2017 година во вредност од 27,8 милиони денари, второ, стан од 130 метри квадратни метри во вредност од 7,8 милиони денари добиен како подарок во 2016 година и како трето, уште еден стан во Скопје од 50 метри квадратни кој е резултат на купопродажба во 2010 година.

Филипче како пратеник во 2024 година го пријавува следниот имот.

Прво, стан во Скопје од 12 милиони денари стекнат со наследство во 2016 година. Станот не го пријавил кога бил министер, а го имал. 

Второ, стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година вреден 3 милиони денари. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а го имал. 

Трето, два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година. И овие станови ги нема пријавено додека бил министер, а ги поседувал. 

Четврто, стан во Центар од 3 милиони денари стекнат во 2008 година со договор за купопродажба. И овој стан не е пријавен кога бил министер, а бил во негова сопственост.

Нејасно е како имот што го поседувал  кога станал министер или пет стана не ги пријавил во Анкетниот лист до Антикорупциска комисија, а ги пријавил како пратеник. 

Оттука се поставуваат низа на дилеми и прашања. 

Криел ли Филипче имот, ако имал навика да крие можеби се уште го прави тоа. 

Апелираме Државната комисија за спречување на корупција веднаш да ги лоцира податоците за да утврди што се криел Филипче. Апелираме и до јавното обвинителство да испита зошто Флипче не пријавувал имот во анкетниот лист како министер и зошто во анкетниот лист како пратеник се појавува имот кој го имал пред да стане министер, а не го пријавил.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 2 часа

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 5 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања