Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ: „Филипче без кредибилитет, СДС во терминален стадиум“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
filipce-ck-sdsm

Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа по завршувањето на локалните избори, оценувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз доживеал историски изборен пораз под водство на Венко Филипче.

— реклама —

„Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДС. Дебаклот што се случи на овие избори е доказ дека партијата тоне во ароганција, аздисаност и води политики спротивни на интересите на народот“, велат од опозициската партија.

— реклама —

Според податоците што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ освоила околу 126.000 гласови на советничките листи, што е убедливо најслаб резултат во нејзината историја. Партијата добила само 230 советнички места, што е 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Во споредба со локалните избори во 2021 година, СДСМ изгубила околу 110.000 гласа и приближно 170 советнички мандати.

„Да биде трагедијата уште поголема, СДС е трета, четврта, па дури и петта партија во повеќе општини – Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Могила, Куманово, Шуто Оризари и во самиот град Скопје“, се наведува во соопштението.

Од партијата потсетуваат дека СДСМ го изгубила и својот бастион – Струмица, уште во првиот изборен круг, и додаваат дека тенденциите се дека ќе ги изгуби речиси сите општини во вториот круг.

„Потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДС. Овие резултати се срамни за некогаш големата партија. На Македонија ѝ треба опозиција што ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfqq873h494sv0GNLK6o

Манасиевски: Филипче со 3,6% рејтинг, СДС на раб на статистичка грешка

Македонија | пред 44 минути

15102021_PVRSM_Zaev_poseta_TEC_Oslomej-3

СДСМ: „Лудилото нема крај – Заев работи за ВМРО?“

Македонија | пред 2 часа

media-libraryg9188ctes36g6QyiB6H

ВМРО-ДПМНЕ: Послушноста на Филипче кон Заев и фалименто соопштенијата на ПР-от на Башановиќ, го донесоа СДС до историски најслабиот рејтинг

Македонија | пред 4 часа

ck-dpmne

Политичка ескалација: ВМРО-ДПМНЕ го обвини Филипче за предавство

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања