Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не глуми загриженост, туку да се извини за здравствени и еколошки катастрофи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
filipce

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати остри критики на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, обвинувајќи го за, како што велат, лажна загриженост за здравјето на граѓаните и барајќи тој да се извини за, според нив, сериозните пропусти направени во неговиот мандат.

„Филипче, наместо да глуми лажна загриженост за здравјето на луѓето, треба да им се извини на граѓаните за тоа што во негово време здравствениот систем беше во хаос, за жртвите во корона кризата, за недостатокот на медицинска опрема и за пожарот во модуларната болница“, се наведува во реакцијата на партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека токму Филипче, како министер, не обезбедил кислород во болниците и, според нив, ги оставил граѓаните без заштита во најтешките моменти од пандемијата.

„Филипче да им се извини на граѓаните за сите катастрофи и за сето сторено во неговото време – за сите здравствени, еколошки и национални порази“, истакнуваат од партијата.

— реклама —

Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Филипче дека не презел одговорност ниту за трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, прашувајќи „каде беше и зошто не одговараше“.

Од партијата велат дека, за разлика од минатото, денес институциите реагираат одговорно и истрагата за неодамнешниот пожар во Трубарево е во тек.

„Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче досега нема дадено изјава по повод обвинувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vlada-2024-mickoski

СДСМ со закон: Двојно државјанство да не можат да имаат ниту министри, ниту вицепремиери – од моментов!

Македонија | пред 57 минути

— реклама —
media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

СДСМ: Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане

Македонија | пред 1 час

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 19 часа

media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања